До кога вака?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Како една од малкуте изреволтирани и непристрасни луѓе на форумов, сакам наместо по партиите да поплукам по сите вас кои сте занесени по нив, но бидејќи не најдов соодветна тема, решив да отворам нова. Можеби ќе ме прочитате, може и не, можеби ќе ми реплицирате, може и не, но јас цела собрана негативна енергија од овој подфорум морам да си ја исфрлам.

Значи главното прашање ми е: до кога планирате вака да забегувате и со толку ниски навреди да се напаѓате меѓусебно поради оваа наша никаква политика? Кога ве читам колку се мразите и колку не се поднесувате само затоа што едните сте за ВМРО, а другите за СДСМ ми доаѓа да си повратам. Толку сте опседнати бре луѓе со партииве, што дозволувате да ве разделуваат вака?
Зарем не сте сите со исти приоритети во животот? Зарем не ви е на сите важно да имате пристојна работа, што да јадете, пари да си купите најопходни работи и покрив над глава? Зошто тогаш сте стигнати до тој степен да би се убиле едни со други?
Толку ви се поматени главите со лајната на политичарите?

Од друга страна па, нели ви е срам што сите овие ваши препукувања ги читаат нашите "комшии", барем тие што ве разбираат, и истите на тоа се ситат и ви тераат сеир? Сте помислиле на тоа?
Нели ви е срам што потекнувате од една толку мала земја, а сепак сте најразделен народ? Каде ви е љубовта, каде ви е единството, каде ви е паметот да размислите дека сите сте во иста каша и дека ако се делите вака уште полошо си правите?
Кога ве читам и слушам по тв колку сте опседнати со некои политичари се гнасам. Па помалку го величите Господ од еден Никола и една Радмила. Што направиле тие за вас за така да ги гледате?
Не дека не е во ред да се поштова некој што прави добро за нашата држава, ама ова што се случува личи на лудост. Па тие се платени за да го прават тоа што го прават и не треба споменици да им градиме ако нешто навистина сработаат. За разлика од нив, вас кој ви плаќа бе така да се потресувате? Страшно.

Друга работа ... зошто никој не помислил дека е подобро кога сите ние би биле сложни, повредни, кога повеќе би се замарале со тоа што повеќе да сработиме за повеќе да имаме? Зошто не помислите дека кога народот би бил поведар и повреден дека повеќе ќе има и ќе е подобар, попозитивно расположен и се` ќе е подобро?
Вака од кукање, што очекувате? Дека ќе ви чукне некој на врата и ќе ви плати за секој гаден збор упатен кон тој од другата партија?

Да не почнам да си кукам посебно и за емисиите во кои има вклучувања на гледачи ... тоа е врвот на хаосов во кој живееме! Абе најкултурна емисија гледам сабајле, со дадена тема што нема допирна точка со политика, а се` живо што се јави се уби со таа политика! Бранко е ваков, Никола е ѓубре, Радмила за на бесилка и сл. Во 8 сабајле а? Хаос!

Едно мислам дека е во ред да се сфати. Секој политичар се бори за едно ... за свое удобно столче од кое може повеќе да си пикне во сопствениот џеб. Покрај тоа, некој ќе направи повеќе за нас, некој помалку, но сите се исто лајно (се извинувам за зборов). Сите кога ќе излезат на бина ветуваат што им текне во таа еуфорија, па после забораваат на повеќето работи. Не се први избори, за да не верувам повеќе во тоа отколку во спротивното.
И што од тие митинзи? Зошто некој мисли дека се потребни, кога народот додека биле на власт, знае што направиле? Трошење пари кои може да ги дадат на луѓето кои бараат парче леб по контењери?
А и преку глава ми е од сите тие платени политички програми. Блокираат се`, досадни се, напорни се, не се поднесуваат! Во еден месец ќе потрошат цело богатство и за што? За перење мозоци и уште посиромашна каса.
И ќе ве молам, немојте ни да се трудите да ми воздигнувате некој политичар посебно ... ако беше некој добар и ја направеше нашата држава добра, немаше тука сите да се замарате со тоа, а посебно несозреаните деца. Ако имавме добра држава која некој добро ја води, немаше ни да не интересира кој е тој, немаше ни да ги знаеме сите нивни имиња. Ќе можевме да пиеме кафе на раат без да слушаме на масата до нас политички расправии, ќе можевме да доаѓаме на форум за забава, ќе можевме повеќе мирно време да поминуваме со друштвото и семејството, ќе шетавме повеќе и ќе бркавме дечковци и девојки и сл.

А да ... се скршив од смеење, прееска пред да излезам од дома, кога ги видов италијаните на митинг ... леле смешка!!! Си везат тие нешто, а народов се радува, аплаудира и вика Македонија. О боже ... уште да разбираа и се` ќе беше во ред. Абе кај смее таква глупост да направи некој? Прво незнам што мајка бараат тие да се мешаат во предизборни кампањи, второ незнам за која сума се согласиле да ја направат таа глупост, а трето незнам зошто барем преведувач не им обезбедиле, кога веќе толку забегале да остават некој на туѓ јазик да се обраќа на Македонски народ. Срамота!!!

Да не испадне дека ја мразам поставата која тука е најобожавана, да си кажам дека незнам што да искоментирам за другите, дека воопшто ги немам видено на тв. Нели сме сега оставени на ВМРО-вски телевизии, што да правам ...:toe:

Многу пишав, знам ... се извинувам, ама како што кажав - морав.
Се надевам дека барем некој два пати ќе размисли во врска со ова. Ако се потресувавте толку за името и глумевте единствен народ, држете се до тоа и во вакви ситуации. Бидете Македонци и прекинете еднаш да дозволувате политиката да ви го диригира животот и да ве донесе до тој степен меѓусебно по улици да се колете!
 
Незнам зошто толку трагично се земат слободното истакнување на политичките ставови.
Многу работи зависат за земјава од тоа на кого ќе му се довери власта.
И тоа ја прави сета оваа дискусија легитимна, сме дошле на форум да дискутираме и спротивставиме мислења,ставови.

Доколку сите мислевме исто немаше да постои нит една дискусија.
 
Разликуваш дискусија од опседнати непрекинати навредувања и препукувања, да?
 
Секој коментар е одвишок.:bravo:
 
Можеби ќе ме прочитате, може и не, можеби ќе ми реплицирате, може и не, но јас цела собрана негативна енергија од овој подфорум морам да си ја исфрлам.
Јас собрав храброст и решив да те прочитам. А воедно на некои делови и да ти реплицирам.
Кога ве читам колку се мразите и колку не се поднесувате само затоа што едните сте за ВМРО, а другите за СДСМ ми доаѓа да си повратам.
Никој не те тера со стап да ги читаш, едноставно не ги читај.
Зарем не сте сите со исти приоритети во животот? Зарем не ви е на сите важно да имате пристојна работа, што да јадете, пари да си купите најопходни работи и покрив над глава? Зошто тогаш сте стигнати до тој степен да би се убиле едни со други?
Толку ви се поматени главите со лајната на политичарите?
Мораш да ги разбереш луѓето, такви се они, демократија е крива за све.
Од друга страна па, нели ви е срам што сите овие ваши препукувања ги читаат нашите "комшии", барем тие што ве разбираат, и истите на тоа се ситат и ви тераат сеир? Сте помислиле на тоа?
Ха, има една стара поговорка поговорка: се смеел шутур на бутур, демек они се подобри од нас? исти гомна и бетер ако не е секаде кога има избори ( само нема пукање )
Да не почнам да си кукам посебно и за емисиите во кои има вклучувања на гледачи ... тоа е врвот на хаосов во кој живееме! Абе најкултурна емисија гледам сабајле, со дадена тема што нема допирна точка со политика, а се` живо што се јави се уби со таа политика! Бранко е ваков, Никола е ѓубре, Радмила за на бесилка и сл. Во 8 сабајле а? Хаос!
Во 8 сабајле народот треба да е на работа а децата в школо, а дали некој се запрашал зашто не се?
А да ... се скршив од смеење, прееска пред да излезам од дома, кога ги видов италијаните на митинг ... леле смешка!!! Си везат тие нешто, а народов се радува, аплаудира и вика Македонија. О боже ... уште да разбираа и се` ќе беше во ред. Абе кај смее таква глупост да направи некој? Прво незнам што мајка бараат тие да се мешаат во предизборни кампањи, второ незнам за која сума се согласиле да ја направат таа глупост, а трето незнам зошто барем преведувач не им обезбедиле, кога веќе толку забегале да остават некој на туѓ јазик да се обраќа на Македонски народ. Срамота!!!
За ова појма неам што се случува. А што било тоа?
Многу пишав, знам ... се извинувам, ама како што кажав - морав.
Не се нервирај, губиш од убавина така, едноставно игнорирај све, земи си добра игрица или филмчиња и уживај во животот, после изборите се ќе биде нормално. Некако изборирите брзо ни дојдоа, ама мораше така да биде.:back: и не се нервирај, секогаш е вака пред избои.
 
Чуму револт, па избори се луѓе, во цел свет тоа е датумот на кој народот може да промени нешто, бар така се мисли.
Читав статии за америчките избори, велат денеска главни ѕвезди се политичарите таму.
Тоа е еуфорија, се организираат собири, народот се бори за одредени идеи итн.

Да и мене ми смета што по цел ден има кампања на ТВ, но имам МТВ Адриа, имам К15, имам Дискавери, Хистори, имам алтернатива и ја користам.Нормално е партиите да се борат за неопределените.
Тоа им е работа, партија друго што би правела за избори.

Јас имам забелешка на сеењето страв.
Опасна карта, слушнавме од еден бивш премиер дека тие ако не дојдат, потоп и распад, а истиот тој, потоп и распад предизвика на сопствената фамилија.
Спокојно, политичарите очи си вадат во кампања а 5мин после тоа на кафе се и разговараат смирено.
 
Разликуваш дискусија од опседнати непрекинати навредувања и препукувања, да?

Се знае која е границата на дозволеното, а сепак сме луѓе нели.
Некој знае да дискутира а друг не или помалце нерви има.

За да се избегне паранојата во врска со предизборието и да се одржи реалното расудување предлагам да практикуваме “медиумска диета“, бидејќи медиумите сносат најголема вина за сета напната клима, после постојано бомбардирање со негативни вести сето тоа се пресликува и на луѓето.
Затоа најчесто и ние стануваме она што го гледаме.

За среќа има трезвени администратори кои знаат да ја оладат атмосферата :)
 
како што слушам веројатно вака ке си тераме до 2012

а за понатаму... што ке даде Господ
 
до први јуни..па после здравје, да ни се посреќат следните 4 бар години.
 
Како една од малкуте изреволтирани и непристрасни луѓе на форумов, сакам наместо по партиите да поплукам по сите вас кои сте занесени по нив, но бидејќи не најдов соодветна тема, решив да отворам нова. Можеби ќе ме прочитате, може и не, можеби ќе ми реплицирате, може и не, но јас цела собрана негативна енергија од овој подфорум морам да си ја исфрлам.

Значи главното прашање ми е: до кога планирате вака да забегувате и со толку ниски навреди да се напаѓате меѓусебно поради оваа наша никаква политика? Кога ве читам колку се мразите и колку не се поднесувате само затоа што едните сте за ВМРО, а другите за СДСМ ми доаѓа да си повратам. Толку сте опседнати бре луѓе со партииве, што дозволувате да ве разделуваат вака?
Зарем не сте сите со исти приоритети во животот? Зарем не ви е на сите важно да имате пристојна работа, што да јадете, пари да си купите најопходни работи и покрив над глава? Зошто тогаш сте стигнати до тој степен да би се убиле едни со други?
Толку ви се поматени главите со лајната на политичарите?

Од друга страна па, нели ви е срам што сите овие ваши препукувања ги читаат нашите "комшии", барем тие што ве разбираат, и истите на тоа се ситат и ви тераат сеир? Сте помислиле на тоа?
Нели ви е срам што потекнувате од една толку мала земја, а сепак сте најразделен народ? Каде ви е љубовта, каде ви е единството, каде ви е паметот да размислите дека сите сте во иста каша и дека ако се делите вака уште полошо си правите?
Кога ве читам и слушам по тв колку сте опседнати со некои политичари се гнасам. Па помалку го величите Господ од еден Никола и една Радмила. Што направиле тие за вас за така да ги гледате?
Не дека не е во ред да се поштова некој што прави добро за нашата држава, ама ова што се случува личи на лудост. Па тие се платени за да го прават тоа што го прават и не треба споменици да им градиме ако нешто навистина сработаат. За разлика од нив, вас кој ви плаќа бе така да се потресувате? Страшно.

Друга работа ... зошто никој не помислил дека е подобро кога сите ние би биле сложни, повредни, кога повеќе би се замарале со тоа што повеќе да сработиме за повеќе да имаме? Зошто не помислите дека кога народот би бил поведар и повреден дека повеќе ќе има и ќе е подобар, попозитивно расположен и се` ќе е подобро?
Вака од кукање, што очекувате? Дека ќе ви чукне некој на врата и ќе ви плати за секој гаден збор упатен кон тој од другата партија?

Да не почнам да си кукам посебно и за емисиите во кои има вклучувања на гледачи ... тоа е врвот на хаосов во кој живееме! Абе најкултурна емисија гледам сабајле, со дадена тема што нема допирна точка со политика, а се` живо што се јави се уби со таа политика! Бранко е ваков, Никола е ѓубре, Радмила за на бесилка и сл. Во 8 сабајле а? Хаос!

Едно мислам дека е во ред да се сфати. Секој политичар се бори за едно ... за свое удобно столче од кое може повеќе да си пикне во сопствениот џеб. Покрај тоа, некој ќе направи повеќе за нас, некој помалку, но сите се исто лајно (се извинувам за зборов). Сите кога ќе излезат на бина ветуваат што им текне во таа еуфорија, па после забораваат на повеќето работи. Не се први избори, за да не верувам повеќе во тоа отколку во спротивното.
И што од тие митинзи? Зошто некој мисли дека се потребни, кога народот додека биле на власт, знае што направиле? Трошење пари кои може да ги дадат на луѓето кои бараат парче леб по контењери?
А и преку глава ми е од сите тие платени политички програми. Блокираат се`, досадни се, напорни се, не се поднесуваат! Во еден месец ќе потрошат цело богатство и за што? За перење мозоци и уште посиромашна каса.
И ќе ве молам, немојте ни да се трудите да ми воздигнувате некој политичар посебно ... ако беше некој добар и ја направеше нашата држава добра, немаше тука сите да се замарате со тоа, а посебно несозреаните деца. Ако имавме добра држава која некој добро ја води, немаше ни да не интересира кој е тој, немаше ни да ги знаеме сите нивни имиња. Ќе можевме да пиеме кафе на раат без да слушаме на масата до нас политички расправии, ќе можевме да доаѓаме на форум за забава, ќе можевме повеќе мирно време да поминуваме со друштвото и семејството, ќе шетавме повеќе и ќе бркавме дечковци и девојки и сл.

А да ... се скршив од смеење, прееска пред да излезам од дома, кога ги видов италијаните на митинг ... леле смешка!!! Си везат тие нешто, а народов се радува, аплаудира и вика Македонија. О боже ... уште да разбираа и се` ќе беше во ред. Абе кај смее таква глупост да направи некој? Прво незнам што мајка бараат тие да се мешаат во предизборни кампањи, второ незнам за која сума се согласиле да ја направат таа глупост, а трето незнам зошто барем преведувач не им обезбедиле, кога веќе толку забегале да остават некој на туѓ јазик да се обраќа на Македонски народ. Срамота!!!

Да не испадне дека ја мразам поставата која тука е најобожавана, да си кажам дека незнам што да искоментирам за другите, дека воопшто ги немам видено на тв. Нели сме сега оставени на ВМРО-вски телевизии, што да правам ...:toe:

Многу пишав, знам ... се извинувам, ама како што кажав - морав.
Се надевам дека барем некој два пати ќе размисли во врска со ова. Ако се потресувавте толку за името и глумевте единствен народ, држете се до тоа и во вакви ситуации. Бидете Македонци и прекинете еднаш да дозволувате политиката да ви го диригира животот и да ве донесе до тој степен меѓусебно по улици да се колете!

ја почитувам твојата изјава и верувај ми те свакам!
но сега ти свати ме:
како ке се чувствуваш да имаш 40 години, а да немаш еден ден работен стаж?
како ке се чувствуваш да си 22 години а да немаш дома компјутер?
како ке се чувствуваш во 2006та година да немаш вода за пиење а лугето пред 50 години се качиле на месечина?
епа ке бидеш изреволтиран!
и уште повеке револт ке се створи кога ке видеш како тие што досега ти го бушеле умот, послем успесите што ги постигнале други, сакаат повторно да седнат на владеачка позиција!
кажи ми само толку:
што мислиш дека ке следува???
 
Zatoa Bitlcanecu demokratski i vrmovski, ima kaj nas pukanja vo predizborie, ona sto go nema veke ni na Kosovo, a ostana samo kaj Robert Mugabe vo Rodezija, pardon Zimbabve i nekolku drugi africki zemji.

Ima Divne pravo,. site ste keleshaana kleta poradi podelenosta na partiski poslusnici ta od drvjata ne ja gledate sumata.
 
размисли за тоа што ти го напишав!
и пак ке ти речам 100% сум сигурен дека си засегнат од некаков проблем што го има сдс донесено, само незнам зошто несакаш да си признаеш!
не те терам партиски да се определиш, не ти наметнувам мислења ти велам само размисли!
 
Majmun, jas koga bev vo VMRO ti kureto ne znaese deka sluzi za mockanje, kamoli za nesto drugo. Koga bev maltretiran od SDS i apsen ti uste kakase vo gaki.
Skini se skurca, OK.

Vidov kolku e saat i kaj ednite (SDSM) vednas, a kaj drugite mi trebase malku vreme, deka ne bea na vlast, ama i kaj niv vidov, koga ja ebaa celata rabota so B.C i go namestija pretsedatel i ja ebaa decentralizacijata.

Zatoa mene ne mi droci gluposti.
 
Се додека има различни ставови и луѓе кои не ги прифаќаат истита како такви,ќе има препукување...не се работи за задоволство и незадоволство од една или друга влада,џабе активистиве се правдаат со тоа,форумов дефинитивно не е место за вадење очи,ама немаат каде да се испукаат и ајде тука
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom