Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.856
Како една од малкуте изреволтирани и непристрасни луѓе на форумов, сакам наместо по партиите да поплукам по сите вас кои сте занесени по нив, но бидејќи не најдов соодветна тема, решив да отворам нова. Можеби ќе ме прочитате, може и не, можеби ќе ми реплицирате, може и не, но јас цела собрана негативна енергија од овој подфорум морам да си ја исфрлам.
Значи главното прашање ми е: до кога планирате вака да забегувате и со толку ниски навреди да се напаѓате меѓусебно поради оваа наша никаква политика? Кога ве читам колку се мразите и колку не се поднесувате само затоа што едните сте за ВМРО, а другите за СДСМ ми доаѓа да си повратам. Толку сте опседнати бре луѓе со партииве, што дозволувате да ве разделуваат вака?
Зарем не сте сите со исти приоритети во животот? Зарем не ви е на сите важно да имате пристојна работа, што да јадете, пари да си купите најопходни работи и покрив над глава? Зошто тогаш сте стигнати до тој степен да би се убиле едни со други?
Толку ви се поматени главите со лајната на политичарите?
Од друга страна па, нели ви е срам што сите овие ваши препукувања ги читаат нашите "комшии", барем тие што ве разбираат, и истите на тоа се ситат и ви тераат сеир? Сте помислиле на тоа?
Нели ви е срам што потекнувате од една толку мала земја, а сепак сте најразделен народ? Каде ви е љубовта, каде ви е единството, каде ви е паметот да размислите дека сите сте во иста каша и дека ако се делите вака уште полошо си правите?
Кога ве читам и слушам по тв колку сте опседнати со некои политичари се гнасам. Па помалку го величите Господ од еден Никола и една Радмила. Што направиле тие за вас за така да ги гледате?
Не дека не е во ред да се поштова некој што прави добро за нашата држава, ама ова што се случува личи на лудост. Па тие се платени за да го прават тоа што го прават и не треба споменици да им градиме ако нешто навистина сработаат. За разлика од нив, вас кој ви плаќа бе така да се потресувате? Страшно.
Друга работа ... зошто никој не помислил дека е подобро кога сите ние би биле сложни, повредни, кога повеќе би се замарале со тоа што повеќе да сработиме за повеќе да имаме? Зошто не помислите дека кога народот би бил поведар и повреден дека повеќе ќе има и ќе е подобар, попозитивно расположен и се` ќе е подобро?
Вака од кукање, што очекувате? Дека ќе ви чукне некој на врата и ќе ви плати за секој гаден збор упатен кон тој од другата партија?
Да не почнам да си кукам посебно и за емисиите во кои има вклучувања на гледачи ... тоа е врвот на хаосов во кој живееме! Абе најкултурна емисија гледам сабајле, со дадена тема што нема допирна точка со политика, а се` живо што се јави се уби со таа политика! Бранко е ваков, Никола е ѓубре, Радмила за на бесилка и сл. Во 8 сабајле а? Хаос!
Едно мислам дека е во ред да се сфати. Секој политичар се бори за едно ... за свое удобно столче од кое може повеќе да си пикне во сопствениот џеб. Покрај тоа, некој ќе направи повеќе за нас, некој помалку, но сите се исто лајно (се извинувам за зборов). Сите кога ќе излезат на бина ветуваат што им текне во таа еуфорија, па после забораваат на повеќето работи. Не се први избори, за да не верувам повеќе во тоа отколку во спротивното.
И што од тие митинзи? Зошто некој мисли дека се потребни, кога народот додека биле на власт, знае што направиле? Трошење пари кои може да ги дадат на луѓето кои бараат парче леб по контењери?
А и преку глава ми е од сите тие платени политички програми. Блокираат се`, досадни се, напорни се, не се поднесуваат! Во еден месец ќе потрошат цело богатство и за што? За перење мозоци и уште посиромашна каса.
И ќе ве молам, немојте ни да се трудите да ми воздигнувате некој политичар посебно ... ако беше некој добар и ја направеше нашата држава добра, немаше тука сите да се замарате со тоа, а посебно несозреаните деца. Ако имавме добра држава која некој добро ја води, немаше ни да не интересира кој е тој, немаше ни да ги знаеме сите нивни имиња. Ќе можевме да пиеме кафе на раат без да слушаме на масата до нас политички расправии, ќе можевме да доаѓаме на форум за забава, ќе можевме повеќе мирно време да поминуваме со друштвото и семејството, ќе шетавме повеќе и ќе бркавме дечковци и девојки и сл.
А да ... се скршив од смеење, прееска пред да излезам од дома, кога ги видов италијаните на митинг ... леле смешка!!! Си везат тие нешто, а народов се радува, аплаудира и вика Македонија. О боже ... уште да разбираа и се` ќе беше во ред. Абе кај смее таква глупост да направи некој? Прво незнам што мајка бараат тие да се мешаат во предизборни кампањи, второ незнам за која сума се согласиле да ја направат таа глупост, а трето незнам зошто барем преведувач не им обезбедиле, кога веќе толку забегале да остават некој на туѓ јазик да се обраќа на Македонски народ. Срамота!!!
Да не испадне дека ја мразам поставата која тука е најобожавана, да си кажам дека незнам што да искоментирам за другите, дека воопшто ги немам видено на тв. Нели сме сега оставени на ВМРО-вски телевизии, што да правам ...
Многу пишав, знам ... се извинувам, ама како што кажав - морав.
Се надевам дека барем некој два пати ќе размисли во врска со ова. Ако се потресувавте толку за името и глумевте единствен народ, држете се до тоа и во вакви ситуации. Бидете Македонци и прекинете еднаш да дозволувате политиката да ви го диригира животот и да ве донесе до тој степен меѓусебно по улици да се колете!