До кога со старите методи?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Секогаш кога ќе им згусти на комуњарите одма ќе почнат да се маваат со „бугариштата“ од ВМРО.

. Тамам нешто ќе му се згусне на „државникот“ и државотворната му СДСМ одма ќе се најде некоја „бугарска жичка“ и после нормално на сцена стапува свети СДСМ за да ја „спаси“ Македонија од тоа бугарофилските вмровчишта кои со Џафери и Тачи сакале да ја делат Македонија. Ама ете свети СДСМ не ја дава Македонија, нели, најдобро плива во спасителни води.

Владо Бучковски во интервјуто за Утрински:

„Мора да признаеме дека кога успеавме да се вратиме по поразот во 1998 година, за кој многумина сметаа дека е крах и за Црвенковски и за СДСМ, искористивме слична приказна за да го подигнеме опозиционото расположение. Тоа беше наводниот дил меѓу Георгиевски и Џафери за поделба на Македонија.”

Со оваа “финта“ СДСМ во голем дел освои од гласовите 2002.

Па од кого постојано не спасува СДСМ?

Се сеќаваме на смешната конструкција по УДБашки рецепт насловена „Нашите разузнавачи отчукани во Бугарија“ каде наводно внукот на Доста изрежал флопи замислете, нормално објавена од “независните“ новинари за потоа откако финтата не запали :

“ Токму затоа, „Дневник“ има морална и професионална потреба да изрази жалење за текстот „Нашите разузнавачи отчукани во Бугарија“, објавен на 31 август, кој како груба дезинформација фрли дамка врз професионалните перформанси на МВР и на негови раководни лица. “

Во Велес преку ноќ никна биста на големиот македонски револуционер, Тодор Александров.

Бугарофил гради споменик на македонски револуционер.Со цел истиот да го прикаже както бугарско ориентиран.
Па сега не приморува ние да ја буткаме со цел истото тоа да го зацементира кобајаги ето ние сме го бутнале тоа бидејќи Александров бил Бугарин од Македонија.

Ова беше класична удбашка конструкција во која се вклучени и македонски и бугарски структури. Самото гостување на Красимир Каракачанов, човек кој јавно призна дека соработувал со тајните служби доволно кажува дека ништо не е случајно.
Општина Велес, каде што на власт се СДСМ и ЛДП, не презеде мерки за да се стопира обидот за незаконско поставување на овој споменик.

Да не заборавиме да ја спомнеме и редовната хистерија со Мара Бунева!

За време на втората светска војна Македонските патриоти поттикнати од идеите на ВМРО, без разлика на политичката убеденост заземаат учество во НОБ и ја извојуваат победата над окупаторите.
По 1945 е суспендирана секаква останата активност вон комунистичката партија. Страдаат Македонски родољуби, без разлика дали се лево или десно профилирани. Комунистичкиот режим на чело со Јосип Броз-Тито и Лазар Колишевски како одговорен за Македонија, вршат историски фалсификати на Македонската историја, посебно во делот на самата ВМРО.
Од 1945 до 1990 се откриени над 185 групи, со преку 1200 члена кои работат на отцепување на Македонија од Југославија.

Сите до еден се осудени, откои некои на смрт без судење. Најголем дел од овие луѓе беа десничари. Овој период е проследен со „надувувње“ на „бугарштината“ кај ВМРО, особено кај нејзиното десно крило. Последиците од овие фалсификати ссе чувствуваат и денес.

СДСМ, наследник на СКМ (Сојуз на комунисти на Македонија), тоталитарна структура која владееше како „диктатура на пролетаријатот“ 1945-1991, полека низ времето ја менуваше својата суштина за денес конечно да се претвори во криминогена матрица која ја води веќе 3 генерација на компартијците. Истите компартијци кои ја узурпираа власта со крв во годините после војната, тргајќи ги настрана вистинските борци во НОБ и инсталирајќи поданици и шпиони. Денес нивните внуци го водат СДСМ.

-Беа против самостојност на Република Македонија во 1991

-Извршија криминална приватизација на општествениот капитал приграбувајќи огромен капитал во свои раце, останатото го разградија. Ова предизвика сакатење на многу семејства и уништување на живототе на илјадници луѓе!

-Вршеа шверц на нафта и го потпомагаа режимот на Слободан Милошевиќ (човекот што за децении ја уназади Србија и регионот) и индиректно влијаеја на разгорување на војните на тлото на бивша СФРЈ и со овие постапки издејствуваа заладување на односите со западот и изолација на државата

-Го сменија името на државата од Република Македонија во ФИРОМ

-Го сменија знамето, милениумско обележје на македонскиот народ

-За заташкување на народното незадоволство (на пример ТАТ) ги поттикнуваа радикалните структури на Албанците да прават немири (потем се извршија неколку убиства недолжни Албанци)

-Сите изборни циклуси организирани од нив се преполни со наводи за злоупотреби и фалсификати

-Во 2001 во договорено сценарио извршија велепредавство и направија режиран судир со нивните партнери од ДУИ

-После 15 септември на секаков можен начин ги понижуваа и малтретираа бранителите (отпуштања од работа, прекоманда во, за нив, ризични подрачја, апсења, оцрнување..)

-Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски

Сведоштвото на еден Хрват, Раденко Радојчиќ на времето соработник на тајните служби на СФРЈ.
Еден дел од операцијата „Опера“ каде учесник бил и самиот Радојчиќ има еден дел кој се однесува за Македонија. Се однесува на извлекувањето на ЈНА од Македонија, а познат е како Ориентационен план за психичко-пропагандна активност.
Овој табеларен план предвидел и можност од македонско-албански судир, македонско-српски судир, како и македонско-грчки и македонско-бугарски судир.

На религиска основа судирот би бил помеѓу православното и муслиманското население, како и помеѓу муслиманското и католичкото.
За овие потреби и предизвикување судири, планирано е пласирање на најразлични дезинформации, пишување и растурање на летоци со големомакедонски пораки кои 'случајно', како забуна би требало да паднат на грчка територија, или на пример во името на некаков српски одбор, здружение или слично, да се прогласи САО (Српска Автономна Област) Македонија, со офанзивно планирани пропагандни клишеа, или проалбански кои би звучеле како отцепување на северните и западните делови на Македонија, каде албанското население е мнозинство, или повреда на воздушниот простор со влез од бугарска на македонска територија во правец на Скопје и фрлање на бугарски знаменца од авион после тоа, или запирање на грчки камиони од луѓе кои би носеле униформи на македонската полиција и притоа грубо би постапувале со возачите...

Во главно планот е отфрлен. Но еден дел е задржан. Претпоставувате-'бугарското сценарио.
Се сеќавате добро на 'бугарските летоци' кои тие години требаше да ја оцрнат младата ВМРО-ДПМНЕ и да ја претстават како бугарофилска структура. Со помали или поголеми прилагодувања така е и денес. Ете од каде е 'бугарштината' во ВМРО.

Еве го тој дел од извештајот. Да бидете упатени чие масло е 'бугарштината' на ВМРО.

Opera-93-1.jpg

Opera-93-2.jpg
 
Па Брату,народов напатен македонски два пати се прелажа. Ќе има ли трет пат?
 
Па Брату,народов напатен македонски два пати се прелажа. Ќе има ли трет пат?

Се е во игра.. очекуваме методиве погоре да зачестат во скоро време!
 
I vmro i sdsm go prenesuvat ropskiot mentalitet na makedonskiot narod sto e tuka duri od vremeto na krale marko, samo sto gi smenija turci, srbi i bugari so albanci, amerikanci i evropjani.
 
бУШКОвски стварно одлепил бе.... ќе го летнат некаде неговите.... ќе биде она филмското аксидентс ар хапен.
 
Секогаш кога ќе им згусти на комуњарите одма ќе почнат да се маваат со „бугариштата“ од ВМРО.

Sekogas koga kje mu zgusne na Dpmne odma kje pocne da mava so srbomanstvo kaj politickite neistomislenici.
Da ne bese eden od onie koi sto gi narekuvas komunjari site koi razmisluvaat poinaku od tebe nemase temava voopsto da bide cudna, mnogu cudna..:)
Nekolkumina ovde koi ste duplo pomladi od ABC se drznuvate da go narecete komunjar, bugarofil, sdsmovec, srboman, abe se spored potrebite vo zavisnost na koja tema kako nacekuva nekoj so spusteni gaki.
Pojdi od sebe, pa kritikuvaj.
Ps. Za Bucko, se nadevam deka sdsm kje se osvesti deka najgolemata stetocina za partijata poslednive 4 god. e tokmu toj.
 
Интел остави го ти АБЦ, бидејќи ако се проследат постовите на АБЦ тој покажува силни индикации на партиска неопределеност и општ скептицизам во однос на многу политички потези на кој и да било на власт.
Искрено иако некако делуваже малку поинветивен груевски очигледно потпаѓа под дејство на синдромот политичка непрагматичност или јас како што би кажал отупување, синдром од кој одамна страдаат моментално сите повисоко поставени функционери во соперничките редови.
Сум повторил и ќе повторам уште еднаш, мора СДСМ да добие малку свежа крв, малку да се размрда, бидејќи дури и во опозиција очигледно сеуште ја тера старата пракса, и токму поради која многу луѓе нема да гласаат за СДСМ бидејќи повеќепати се докажала како непродуктивна.
А ДПМНЕ сега со „затупувањето“ на груевски ризикува државна криза бидејќи ги обесхрабрува граѓаните да гласаат за нив, бидејќи СДСМ уште не покажува ништо ново сигурно нема да гласаат за нив, па епилогот да биде неуспешни избори, односно премала излезеност.
 
А ДПМНЕ сега со „затупувањето“ на груевски ризикува државна криза бидејќи ги обесхрабрува граѓаните да гласаат за нив,

па епилогот да биде неуспешни избори, односно премала излезеност.

Tokmu taka.

Оsobeno што груевски покажува бескрвност и не знаење, основни непоимања, а полн е со инсталирани ликови кои ништо арно не и мислат на државата.

Од друга страна, СДСМ биле и ќе останат кретени кои за кур не ги бива.

Се надевам, оптимист сум, дека сепак ќе се најде начин да се излезе од ова мртвило, од оваа бескрвност, од овие премрежија кои сами си ги наклапушивме.

Како, не знам, ама знам дека вака како досега, НЕ!
 
Се додека се бескрвно се толерираат СДСовските “критериуми“ на политичка одговорност сите политичари ќе се возат гага по истиот тој праг на бескрвна толеранција и ќе не газат.

Неможе едните постојано да се амнестираат со еден флегматично наивен став и сета тежина се префрла врз другата страна без да се предочат реалните последици од тој став.

Резултатот може да биде враќање на СДС на мала врата.

До кога вистината за СДС ќе претставува ТАБУ тема?
 
Интел остави го ти АБЦ, бидејќи ако се проследат постовите на АБЦ тој покажува силни индикации на партиска неопределеност и општ скептицизам во однос на многу политички потези на кој и да било на власт.
Искрено иако некако делуваже малку поинветивен груевски очигледно потпаѓа под дејство на синдромот политичка непрагматичност или јас како што би кажал отупување, синдром од кој одамна страдаат моментално сите повисоко поставени функционери во соперничките редови.
Сум повторил и ќе повторам уште еднаш, мора СДСМ да добие малку свежа крв, малку да се размрда, бидејќи дури и во опозиција очигледно сеуште ја тера старата пракса, и токму поради која многу луѓе нема да гласаат за СДСМ бидејќи повеќепати се докажала како непродуктивна.
А ДПМНЕ сега со „затупувањето“ на груевски ризикува државна криза бидејќи ги обесхрабрува граѓаните да гласаат за нив, бидејќи СДСМ уште не покажува ништо ново сигурно нема да гласаат за нив, па епилогот да биде неуспешни избори, односно премала излезеност.

Гледам дека се повеќе станува присутен “АБЦ-синдромот“ кај некои слепи држалници во било која власт,без разлика дали е раководена од СДС или ДПМНЕ.:vozbud:

Се додека се бескрвно се толерираат СДСовските “критериуми“ на политичка одговорност сите политичари ќе се возат гага по истиот тој праг на бескрвна толеранција и ќе не газат.
Неможе едните постојано да се амнестираат со еден флегматично наивен став и сета тежина се префрла врз другата страна без да се предочат реалните последици од тој став.
Резултатот може да биде враќање на СДС на мала врата.
До кога вистината за СДС ќе претставува ТАБУ тема?

Зар и ти брату?некако како да ми омлитави во слепата поддршка на власта?:)
 
Зар и ти брату?некако како да ми омлитави во слепата поддршка на власта?:)

Мојата поддршка не е вопшто слепа другар АБЦ, се обидувам реално да проценам и не заоѓам во демагогии и трачеви, сакам само баланс на аргументи.

“Професионална“ деформација :toe:

А не манипулирање со пристрасност ...
 
Под ова “професионална“деформација мислеше избалансирана поддршка на власта,или нешто сосем трето?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom