Уф, сигурна сум дека не секој од нас ја имал волшебната комбинација на родители, но сепак сме морале некако да израснеме.
Јас ги гледам со очи ширум отворени пропастите и успесите на моите родители, гледам кој дел од нив скапал и станал мизерен, а кој процветал. Ги знам и причините за тоа. Но, сепак се обидувам да не ги правам нивните грешки.
Според дефинициите во психологијата, младите се хедонисти. Го сакаат животот и сакаат да го докрајчат. Да пробаат се` од сешто и на крај остануваат со ништо. Ама главниот проблем е тоа што ретко кој учи од сопствените грешки. Се доживуваме премногу сериозно, а во реалноста манифестираме - несериозност. Тоа е спрега на притисоци.
Чаре - биди во близина на стабилни луѓе, што никогаш нема да ја потценуваат креативноста и различноста, отворени умови и сонувај. Да се има сон и да се оди по патот на неговото остварување е дефинитивно она што ќе ја извлече македонската младина од казанот на просечноста.