До кај отиде младинава? :(

  • Креатор на темата Креатор на темата Marjan-MiKi
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто полош?
Дека е нов,сеуште непознат начин на дружење?
Ова ме потсети на ова
http://forum.kajgana.com/showthread.php?52997-Децата-се-испотепаа&highlight=
Гејмингот е дружба,електронски камај камај,не којзнае што.
Besides
http://www.helium.com/items/1133308-video-games-and-brain-function-does-it-exercise-our-minds
Затоа што не е реален, во виртуелен свет ли ќе живееме?
 
Затоа што не е реален, во виртуелен свет ли ќе живееме?

Хм,а ти мислиш дека гејмингот е 24/7?
За-ба-ва,ништо повеќе,дружбата е byproduct.
Дали тоа дружење е нереално,неколку часови минати во играчница се илузија?
Ти кога беше мал цел ден на улица беше?
Ако беше уличар те викаа,а беше стварно уличар?
Или беше одредено време од денот?
Истото тоа време,денес деца го проаѓаат во гејминг.
 
A зошто таа забава да не биде жмурка,футбал,кошарка итн. итн. него виртуелно управување со измислени херои?
Не бев уличар, забавата ми беше на улицата...
 
A зошто таа забава да не биде жмурка,футбал,кошарка итн. итн. него виртуелно управување со измислени херои?
Не бев уличар, забавата ми беше на улицата...

А зашто таа забава да биде жмурка, фудбал, кошарка итн. итн. наместо виртуелно управување со измислени херои?
 
Хм,а ти мислиш дека гејмингот е 24/7?
За-ба-ва,ништо повеќе,дружбата е byproduct.
Дали тоа дружење е нереално,неколку часови минати во играчница се илузија?
Ти кога беше мал цел ден на улица беше?
Ако беше уличар те викаа,а беше стварно уличар?
Или беше одредено време од денот?
Истото тоа време,денес деца го проаѓаат во гејминг.

Абе види, не викам дека не треба да се игра и ја знам да изиграм една дота по некогаш ама не тоа да ми одзема 6-7 саати до денот. Имам запознаено многу другари што се имам и во живо видено преку дота тоа е се супер, но начинот на живот со седење пред компјутер цел ден е нездрав. Иначе интернет дружбата никогаш неможе да ја заемни вистинката дружба.
 
Ех бе баце..со гејмингот колку другари имам запознаено...еве баш на qWCG 4 години по ред ни се прошируе другарството..башка на рандом турнири по други градчиња...си спиеме еден кај друг....утре и онака безвезе да отидам во тој град..ќе се јавиш на кафе ќе отидеш..за арно за лошо имаш некој во друг град..сваќаш?
 
Баце прочитај го пак мојот пост да не се повторувам. И сум бил и на турнири и тој живот сум го живеел знам како е ама интернет другарот никогаш нема да биде подобар од вистнскиот со кој се занaeш повеќе години. Вака ми е поубаво. И никој нема да ме убеди дека интернет дружбата е подобра ;)
 
Никој не ни те убедуе во тоа...никој нема пишано дека интернет другарот ќе биде подобар од вистинскиот....сакам да кажам..шириш познанства и секаде имаш твој човек..
 
Јас ќе ја проширам темата на оние нешта што мислам дека се важни кога ќе се рече - млад човек.

Според мене, младите забегаа во води на досада, апатија, рутина, немање ентузијазам за креативност. Се претворија во незрели, неволни за учење, за надградување. Станаа утепани од нешта што мислат дека се вистински вредности. Се удавија во декаденција.
 
А чаре? Се изгубија тие вредности веќе нема кој да ги пренесе на младите.Се зависи од домашното воспитание ама како иде времето новите родители гледаат да им удоволат на своите деца се и да ги научат "како да живеат " т.е како да уживаат, наместо како да постигнат нешто во животот.Ги учат на забава на сите модерни нешта на безгрижно детство ама забораваат да ги изнесат од светот на децата и да ги направат луѓе.Потоа тие луѓе ке станат родители и можеш да замислиш како ке бидат воспитани тие деца.Модерниот начин на живот е преокупиран од многу небитни работи и нема повеќе место за семејството и за вистинските вредности.Сите се жалат од работа, мала плата само нешто фали, интернетот дава можност да видиш многу работи, љубопитност, желба, сакаш секаде да отидеш, се да видиш, се да пробаш а неможеш се да си дозволиш.Кој ја утнал професијата, на кого родителите му наметнале нешто, се жалат од тоа, сакаат да сменат а незнаат како, неспособни да решат проблем и од сите тие работи на крај како решение ако не за нив барем за нивните деца гледаат во тоа да им дадат на децата колку можат да се изнаживеат зашто било после невозможно.А забораваат дека со тоа им прават полошо и дека ги прават дебили и морнони и идиоти и дека тие деца нема да се изгградат како нормални личности и дека кога тогаш тоа ке си го отплатат скапо.Не ги учат на реалноста и преку нивните грешки да пробат да ги научат нешто и да видат за што ги бива да се посветат на нив и да гледаат тоа што го можат да го работат да го учат и да не направат грешка како нивните родители, тие ги откажуваат уште од мали и еве го резултатот 5-6 одделение дете да ти вика ништо од школо нема леб таму , битно е да си среќен и да живееш.Не дека не е во право ама дете на тие години треба да мисли на обраование, на надградување на себе си, да сонува што ке биде кога ке порасне и да го мотивира некој и да учи, да покажува интерес и да се вклопува во светот нов.Така ке има и успех на другите полиња.Така да младите не забегале никаде по нивна грешка туку лошото воспитание од родителите и заборавајки на вистиснките вредности им ги пренесоа нивните фрустрации од неусптешниот живот или некоја грешка во животот и наместо на поуката им ја покажаа нивната депресија и очајот кој следува по неуспехот.Не ги научија да се борат туку своето искуство им го покажаа преку "сине не вреди остај не се замарај"...:jaj:Пропратено со модерната технологија и сите тие ствари кои новото модерно време ги нуди како замена за реалноста станаа вакви личности какви што се денес.Не сум некој оптимист дека во иднина ова ке се смени многу, можеби голема војна, и рушење на се ова од што избегавме од реалноста.Гладот, немаштијата немањето друг излез туку здружување на луѓето и нова заедница со слога, и кога ке останат децата на улица само да се забавуваат ке се вратат игрите кои како мали ние ги игравме на улица.Треба да се вратиме 10-20 години наназад со времето и од таму да продолжиме кај што застана светов и така сигурно ке се вратат вистинските вредности.А ако продолжи вака ништо нема да направиме.Се оди во погрешна насока и децата тоа го гледааат и кон тоа се стремат и тие.Нивните нови идоли и херои веќе не се спасувачи на светот туку се повеќе се злобни и со голема моќ на уништување или манипулатори.Веќе ги нема тие цртани филмови што ги имаше кога ние бевме мали, или пак не им се интересни веќе.Сега нешто друго нудат телевизиите и тоа нешто ги трга децата од реалноста и ги носи во некои замислени светови.А за реалноста само знаат дека е сурова и дека не вреди...а тоа како што кажав е од фрустрациите кои им ги пренесоа родителите нивни.
 
Уф, сигурна сум дека не секој од нас ја имал волшебната комбинација на родители, но сепак сме морале некако да израснеме.

Јас ги гледам со очи ширум отворени пропастите и успесите на моите родители, гледам кој дел од нив скапал и станал мизерен, а кој процветал. Ги знам и причините за тоа. Но, сепак се обидувам да не ги правам нивните грешки.

Според дефинициите во психологијата, младите се хедонисти. Го сакаат животот и сакаат да го докрајчат. Да пробаат се` од сешто и на крај остануваат со ништо. Ама главниот проблем е тоа што ретко кој учи од сопствените грешки. Се доживуваме премногу сериозно, а во реалноста манифестираме - несериозност. Тоа е спрега на притисоци.

Чаре - биди во близина на стабилни луѓе, што никогаш нема да ја потценуваат креативноста и различноста, отворени умови и сонувај. Да се има сон и да се оди по патот на неговото остварување е дефинитивно она што ќе ја извлече македонската младина од казанот на просечноста.
 
Не може да сонуваме,не ни е дозволено.Мораме да сврзуваме крај со крај,да преживуваме,да се бориме за корка кеб,ние сме гости-печалбари во сопствената земја,овде не се чувствуваме како дома.
Сништата се негде далеку,нема време за тоа,мора да се работи и да се прибере колку што се може за да се купи мало станче за да можеш со партнер/ка да имаш покрив на главата.
Оти децата го следат примерот кој родителите го покажуваат а не оној кој го кажуваат.
А нашите родители преживуваат,едвај.
Ептен е мал бројот на оние кои успеваат да го работат токму она што го сакаат.

Поради ова,се јавува она што ти погоре го нарече проблем.
 
Во право си господе се што кажа ама работата е како да се извлечеме од тоа.Ние го знаеме проблемот и сме свесни за тоа што го напиша ти.Ама еве да направиме анализа што довело до тоа и зошто е таква ситуацијата.Не од политичка и економска гледна точка туку како луѓе каде згрешивме и зошто допуштивме вака да се случи.Каде беше грешката и што треба да поправме за да младинава т.е ние искочиме на прав пат и се тргнеме од мизеријава.Да се вратат во реалноста тие што забегале во своите светови бидејки овде на им се допаѓа и да почнат да живеат.Каде ние како општество згрешивме? Што ја доведе младината денес до тоа?И зошто да се ограничуваме и да не пробаме да го смениме тоа?Можеме да успееме да се тргнеме од оваа лоша состојба и ако не за нас тогаш за нашите поколенија да оставиме поголеми можности и шанси и да ги научиме како да се борат а не да им оставиме проблеми и наметнати мислења и да им ги упропастиме животите и на нив.

Чаре - биди во близина на стабилни луѓе, што никогаш нема да ја потценуваат креативноста и различноста, отворени умови и сонувај. Да се има сон и да се оди по патот на неговото остварување е дефинитивно она што ќе ја извлече македонската младина од казанот на просечноста.
Еве совет како млад човек кој е свесен за состојбата денес треба да се справи со тоа и да продолжи кон вистинскиот пат.Треба да сонуваме ама треба и да се бориме за тоа.Ама оној кој не сонува и кој не сака да смени ништо туку само се прилагодува на ова што го имаме сега ке остане засекогаш во тој казан од просечноста како што вика новинарка и ке го продолжи тоа што се случува сега.Ке стане дел од машинеријата која води кон пропаст и ке привлекуваат со тоа се повеќе млади луѓе.Очајно:toe: ама додека има свесни и стабилни луѓе што никогаш не ја потценуваат креативноста и различноста и луѓе кои имаат отворени умови и сонуваат и се борат за своите соништа има лек за ова општество.Само тие соништа да не бидат погрешни.
 
Цел живот го слушам ова. „Немој да одиш на новинарство, ќе умреш. Нема да имаш пари за ништо, ќе трчаш по битанги за да пренесуваш што ќе кажат“. Ама не. Вашиот леб и мојот, не се исти. Твојот леб, и мојот - не мора да се во недвижнина од 140 квадрати. Ама едностанвно различните соништа - мора да не одведат на различни патишта, за да се одвоиме од ова колективно лудило, сивило и живеење за ништо.
 
Дефинирајте млади. Ако се тинејџери глупоста е по дифолт дозволена, со чест на исклучоци.
Ако се над 20 години, јас спаѓам во категорија млади, а познавам 25 годишни недоквакани кои не верувам да ќе се оправат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom