Однесувањето на младината (во која спаѓам и ја) се должи најмногу на домашното воспитување. Родителите ако не го упатат детето во животот нема никој друг да го направи тоа. Искрено имав доста активно детство и 2/3 од денот сум го поминувал на улица (и ден денес по 5-6 саати сум надвор) и фала богу што не сум од оние што животот им поминува пред екран. За жал денешниве деца се повеќе на компјутер седат и кога ќе ги видам улиците празни срцето ми се крши. Јас на нивна возраст сум играл фубал, џамија, жмурка и што уште не. Стварно е жалосно кога единствена тема на разговор им е колку убиства направиле на дота/кантер.