92548264957 неуспешни обиди во текот на прошливе 6 - 7 години за пишување дневник, и успеа од... Кој пат и да е таму.

Напорно бе. Мисли го, криј го, пази да не си груб, немој да го заборавиш, немој да го запоставиш, немој вака да му се обраќаш, немој онака да му се обраќаш, грдо е напишано, ружен е ракописот, а смеам ли да пцујам, смеам ли стварно да пишам шо точно за кого мислам, смеам ли да сум безобразна, многу безобразна, ово, оно...
Може комотно да кажам дека ме полудуваше проклетиот, али денес кога си читам си се газам од смеење, прописно.

Чак и сум заборавила по што све машко сум трчала, кој све ме нервирал како и добар дел од глупостите шо сум ги направила. Убаво е бе.
Патем, не познавам машки што пишуваат дневник. Негде прочитав геј било... Па и геј другарот ми не пишува дневник ебаго.

Шознам.
