Неколку работи кои една домашна мачка треба да ги запамети:
    * Моите газди никогаш нема да ми дозволат да го изедам папагалот – се помирив со тоа.
    * Нема да се накострешувам без потреба, особено не откако моите газди гледале хорор филм – тоа ги плаши.
    * Нема повеќе да скокам на градите на моите газди среде ноќ, додека тие спијат, гледајќи ги право во очи додека не се разбудат (и се извадат од памет - нормално)
    * Нема да мјаукам за да влезам внатре, една минута откако после долго мјаукање ме пуштиле да излезам надвор.
    * Ако мјаукам пред конзервата со храна, таа нема да се отвори сама.
    * Кога си ја бркам опашката, ако по грешка си ја фатам задната нога и ја гризнам, нема да мјаукнам силно – тоа ги вади од памет газдите
    * Кога врне, врне на сите страни од куќата. Нема потреба да ги проверувам сите врати.
    * Кога моите газди седат пред компјутер, и пишуваат на тастатурата, не ме предизвикуваат мене.
    * Нема да ги откачувам магнетите од фрижидерот (и хартиите кои ги држат), за потоа да си играм со нив и да ги напикам под фрижидер.
    * Масата не е место за спиење.
    * Нема повеќе да влегувам со секој гостин во тоалет. Ионака не правам ништо, само седам тамо и ги гледам.
    * Иако ноќните игри се најдобри, ќе се обидам почесто да играм преку ден. Ноќите се за спиење, а не за скокање по завеси.
    * Водата во моето чинивче е иста со водата во чашите на моите газди. Нема смисла да им ја пијам.
    * Нема повеќе да ги оштрам ноктите насекаде. Само од моето ќебенце.
    * Нема повеќе да го напаѓам кучето. Пред нервен слом е.
		
		
	
	
И да….конечно научив, кога ќе пораснам нема да станам лав.
:pos2: