a1
``16-годишна девојка од Прилеп една година се обидува да се самоубие, скокајќи под автобусот од „Институтот за тутун“ од Прилеп.Според возачот, неколку пати ќе се превртеле обидувајќи се да ја избегнат девојката. Никој не знае кој е мотивот зошто таа сака да биде прегазена токму од возачот Диме Китанов. Тој вели дека секој ден му е кошмар, затоа што во секој момент вози очекува девојката да излезе од некаде и да се фрли под автобусот.
„Задолжително претрчува пред автобус и вика „сакам да ме изгазиш“. Јас стравувам и сега кога ја давам изјавава се тресам некако и не ми е пријатно, нозе ми се тресат, раце ми се тресат и едвај го терам автобусот по постојки“, рече Диме Китанов, возач на автобусот.
Девојката ја знае маршрутата на автобусот кој ги превезува на вработените и го пречекува на повеќе локации во градот.
Вработените велат дека оваа тортура што им се случува секој ден е како некој хорор филм од „Холивуд“.
„Нон стоп излегува пред автобусот, ненадејно, на секое место“, изјави Вангелица Манческа, вработена во Институтот.
„Тоа е нагло кочење на автобусот, има опасност, шоферот постојано е под стрес“, вели Стевка Печијареска, вработена во Институтот.
„Кога ќе закочи ние сите дури и еден со друг се удираме од страв“, изјави Оливера Здравеска, вработена во Институтот.
Малолетничката потекнува од семејство со разведени родители, а неа ја чува нејзината баба. Досега ниту полицијата, ниту Центарот за социјална работа под чија надлежност е девојката, не презеле ништо.
„Надлежните велат дека преземале некои мерки, а никаков резултат нема еве една година“, вели возачот.
Од Центарот за социјална работа велат дека постојано работеле со неа и семејството, но ништо не помогнало. денес таа била хоспитализирана во Психијатриското одделение.
„Доколку не сака доброволно да остане на лекување, ќе бараме конзилијарно мислење од болницата во Прилеп, дека ќе треба со придружба да се носи во Клиника за психијатрија во Скопје“, рече Снеже Јованоска, директор на Центар за социјална работа.
Доколку не се преземе нешто, вработените во Институтот велат дека ќе се жалат до повисоките инстанци.``
i aj sega bidi vo kozaata na soferot?