Длабоко во себе...

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да поентата на темава ми е да погледнеме малце подлабоко во себе, да видиме каков човек се крие во нас.

Да видиме дали тој „човек„ кој потајно во постои во секој од нас во голема мерка се разликува од она што ние реално сме.

Секој човек има нешто свое длабоко во себе што го носи, што го чува, некое свое второ скриено јас.

Што имате вие длабоко во себе?
 
Длабоко во себе...хм...длабоко во себе кријам работи и чувства кои никој или речиси никој не ги знае.
Длабоко во себе сум само едно мало девојче кое сака да сака.Длабоко во себе чувам скриени едни рани кои ме печат и ме болат.


Личноста која што сум во реалниот живот,односно личноста која што сите ја знаат,надополнето со тоа што сум длабоко во себе,ја прави вистинската Марија.Само што тоа е длабоко во мене не го покажувам и делам со сите,затоа што уште тој дел ми остана незатруен и неизгребан од човековата злоба.Во тој дел од себе сеуште се надевам и сеуште ја има детската наивност и едноставност.И нема да дозволам никој да го повреди или да ми го одземе тој дел од себе.
 
Е како ми се погоди темава со вечерва...прекрасно.

Пошто не верувам многу многу во второ јас,си го интерпретирам тоа како резервно јас,ама нема веза,тоа по моја логика на некој начин.

Значи,вака површински сум колку толку поразлична од “вистинското,длабокото јас“.
На прв поглед сум ладна,шмизла,а на прв муабет сум фина.Понатамошниот однос кон другите зависи од тоа дали мене ќе ми се допадне личноста како личност,за да продолжам да бидам фина.

Длабоко не можам да се претставам точно каква сум,зошто ни самата не знам а и не сакам да се претставам целосно.
Е сега,ова резервно јас,длабоко јас,го употребувам ретко,и само со некои личности кои знам дека ќе ме разберат (не дека другите не),имам некоја доверба во нив,знам дека нема да се каам,и со нив сум секогаш таква,ги осеќам како дел од мене.

Може треба да бидам почесто таква,ама ете,животот и околината во која живеам ме навеле на нешто сосем друго,или сум ненормална :pos:.
 
Голема е разликата помеѓу она лице што го покажувам во контактот со луѓето и моето вистинско јас. Секогаш се прашував која е причината која не ми дозволува да ја разголам душата и после маратонски размислувања успеав да дојдам до заклучокот.

Не станува збор за тоа дека правам лице, глумам лудило и сл. во секојдневието. Се обидувам да се поставам како цврста личност, тешко ранлива, која уво не ја боли за тоа што рекле или сториле другите.
Наспроти тоа, длабоко во себе сум голем емотивец, лесно може да ме повредат и најмали ситници, нешто сосема спротивно.
Оние кои се запознале со моето второ ЈАС се личности пред кои сум ја отворила душата, кои имаат посебно место во мојот живот и за кои верувам дека нема да дозволат да страдам, а ги има многу малку.

Пред сите други, се заштитувам себе си.
Најголем дел од луѓето тежнеат да ја дознаат слабата страна, па удираат кај што највеќе боли.
 
Длабоко во себе ..... чувам работи надвор од реалноста,како да постои некоја чудна врска мегу мене и светот која е несфатлива за другите
Тоа не значи дека моите најблиски не знаат се за мене,едноставно дијалогот во мојата глава,ситните нешта кои само јас ги забележувам,коментарите кои никогаш не сум ги изустила остануваат таму каде што се ...
длабоко во мене
 
Мислам дека длабоко во себе имам многу бес, лутина и бунтовност.И некои чувства кои не се за сите да ги знаат.
 
Длабоко во себе сакам да се осетам понижено, да молам за љубов за на крај да научам да ја ценам истата. Ама најсериозно! Сакам да научам да го ценам тоа што го имам, да научам да верувам во оние на кои што вистински им значам и да престанам да си играм со луѓето. Да научам да бидам поискрена, пофер и повеќе пријателски настороена. Сакам да знам да го живеам животот со цел да бидам среќна, а не со цел да ги поразам и да ги направам несреќни сите околу мене. Не свесно ама длабоко во себе сама судејќи си на своите постапки ама баш тоа го праам! А тоа не ми се свиѓа.. ИЧ!!!
 
Мислам дека длабоко во себе имам многу бес, лутина и бунтовност.И некои чувства кои не се за сите да ги знаат.

Слично и јас како тебе.

Длабоко во себе имам чувства кои неможам ни јас самиот да ги дефинирам, лутина, омраза бес кои еден ден ќе ги пуштам на површината само незнам кога ќе биде тоа.

Во спротива на тоа длабоко во себе имам и преголема љубов кој една личност што секој ден станува се поголема. Но за жал сепак ќе остане како што гласи насловот на темата, длабоко во мене.

Длабоко во мене знам дека ми треба промена на средината и тоа што е можно побргу додека не ми се прееба животот, ми треба нова животна средина и што е можно побргу да се ослободам од тој ебен притисок.
 
Длабоко во себе....
Што не ќе најдеш, се што сакам да не излезе надвор од мене го чувам длабоко во себе, нешто од тоа боли, нешто ми дава елан ме држи будна и силна секое време, тоа длабоко во себе некогаш го вадам кога ги бакнувам дечињата додека спијат, и тогаш ја изрекувам длабочината на мојата љубов кон нив, само тогаш таа не би била штетна, а чиста како солза, ех колку работи знам да си насадам длабоко во мене, и ги растам и чувам, и да знаете ги вадам не остануваат многу долго, штом ќе созреат и пораснат излегуваат на површината тесно е таму долу.
 
Длабоко во себе..
Е па има свашта да си кажам искрено. Има чувства иако не им се верува на многумина. Потиснати ама чекаат да излезат на површина во секој момент.

Има многу работи кои ме повредиле, многу навреди, многу лоши работи кои засекогаш ќе останат таму. Нема причина да се покажат сега, одамна завршило и поминало нивното време.

Таму некаде има и убави спомени. Стари друштва, мисли, како беше добро некогаш. Има мигови кои никогаш нема да се заборават, добри и лоши. Таму долу има се што ја чини комплетна мојата личност.
 
Длабоко во себе, палаво детиште кое сака сите желби секундарно да му се остварат:pipi:
 
страв од следното утро.
страв од следен неуспех.
страв од тоа да се остане сам.
сето тоа помешано со горчина и песимизам.
 
Е како ми се погоди темава со вечерва...прекрасно.

Пошто не верувам многу многу во второ јас,си го интерпретирам тоа како резервно јас,ама нема веза,тоа по моја логика на некој начин.

Значи,вака површински сум колку толку поразлична од “вистинското,длабокото јас“.
На прв поглед сум ладна,шмизла,а на прв муабет сум фина.Понатамошниот однос кон другите зависи од тоа дали мене ќе ми се допадне личноста како личност,за да продолжам да бидам фина.

Длабоко не можам да се претставам точно каква сум,зошто ни самата не знам а и не сакам да се претставам целосно.
Е сега,ова резервно јас,длабоко јас,го употребувам ретко,и само со некои личности кои знам дека ќе ме разберат (не дека другите не),имам некоја доверба во нив,знам дека нема да се каам,и со нив сум секогаш таква,ги осеќам како дел од мене.

Може треба да бидам почесто таква,ама ете,животот и околината во која живеам ме навеле на нешто сосем друго,или сум ненормална :pos:.

Е сакав да кажам нешто слично на ова.. Тоа што го имам длабоко во себе се разликува скроз од тоа што излегува на површина..

Уствари длабоко во себе сум нежна, кршлива, со некои поинакви сфаќања и имам потреба од љубов.. Не го покажувам ова никогаш, затоа што како што кажа Дизајр, тоа што е длабоко во мене го покажувам само пред тие што мислам дека ќе ме разберат.. Ама и ова не е некој опис, затоа што не можам да го опишам тоа што го имам длабоко во себе, како "второ " јас..

:toe:
 
Дубоко у себи веќе имам заборавено која сум дури вака како лаик психолог ке речам дека не постои повеќе она “длабоко во мене“ или би излегло на површина само со некоја хипноза од полесен ранг (лупам) или така гратис некоја психотерапија беше? (мислам на она кога си легнуваш на удобно фотељче) и си кажваш од А до Ш на рандом стручна или не_до_толку_стручна персона.
Дури во даден момент да ме фати носталгија за она милото, романтичното јас го санирам во истиот момент со добра доза на рационални аргументи.:(
Don`t we all?
Ако пак се “романтизирам“ како старата јас или таа длабоко во мене ке станам неподобна за “светот околу мене. “ Тоа ти како некој суров бизнис во рамките на кој или си ин или си аут. :)
 
Длабоко во себе иам работи кои не мора и НЕ треба да излезат на површина...органи и слично..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom