Очигледно е дека причините за формирање на дисперзирани студии не се од интерес за подобрување на квалитетот на образованието и за потребите за соодветен кадар. Станува збор за проблематична одлука како и проблематично инсистирање по секоја цена да се оди на тој проект. Погорливо прашање е ШТО ги чека дипломираните кадри, посебно ако останат во помалите средини? Бројките покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по невработеност на младите луѓе, според податоците на Меѓународната организација за работа во Женева.
ЗАКЛУЧОК: Ние, како држава, се доведовме до ситуација кога една навистина добра идеја да ја доведеме до апсурд, од која сите ние како граѓани, како интелектуалци ќе се срамиме.
ЗАКЛУЧОК: Ние, како држава, се доведовме до ситуација кога една навистина добра идеја да ја доведеме до апсурд, од која сите ние како граѓани, како интелектуалци ќе се срамиме.
Клучното прашање е Дали вредеше да се реализира оваа идеја по секоја цена?