Дисперзирани студии низ републиката?

  • Креатор на темата Креатор на темата davorcooo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 август 2012
Мислења
4
Поени од реакции
4
Возраст
39
Очигледно е дека причините за формирање на дисперзирани студии не се од интерес за подобрување на квалитетот на образованието и за потребите за соодветен кадар. Станува збор за проблематична одлука како и проблематично инсистирање по секоја цена да се оди на тој проект. Погорливо прашање е ШТО ги чека дипломираните кадри, посебно ако останат во помалите средини? Бројките покажуваат дека Македонија е лидер во Европа по невработеност на младите луѓе, според податоците на Меѓународната организација за работа во Женева.

ЗАКЛУЧОК: Ние, како држава, се доведовме до ситуација кога една навистина добра идеја да ја доведеме до апсурд, од која сите ние како граѓани, како интелектуалци ќе се срамиме.
Клучното прашање е Дали вредеше да се реализира оваа идеја по секоја цена?
 
Мене ми е убо Битола :) Дисперизирани правен, професорите идат редовно. Предавања имаме редовно. Вежби имаме редовно. Интеракција исто. Начин на полагање различен во зависност од материјата која се изучува. Дома сум за еден час со автобусот.
Го избегнав хаосот во тоа Скопјето намерно. И да, од цела генерација која броеше 170, останавме 80, од кои само 10 имаме се исчистено засега.
Од друга страна имаме убиство на занаетите. Нема повеќе нови занаетчии што е голема празнина но тоа е тоа. Ова го гледам како некоја недефинирана еволуција која си го знај крајчето но се надева на подобар завршеток....се надевам барем
 
аман бе има овакви теми, цело моф и сдс тролавте и по фејсбук и по твитер и на форуми, и по факултети и секаде дека не чинеле, и убедливо народов ви кажува дека дисперзираните студии се одлични, дека функционираат, дека професорите идат секогаш, дека не се плаќа ни смештај нити превоз до скопје, нити се трупаат сите у скопје.

и само поздрав до пошироката јавност, колку да се види чив полтрон е дечково, еве од кај му е копиран текстот.
http://www.makdenes.org/content/article/24737860.html
И уште кога ќе го видам оној тролон забрчанец што се наполни тешка пара од невладиниве на сдс, само да плука, како ви го пере мозокот, ми се повраќа... Па и уште од слободен индекс ги ставиле, еве студентските протести, на чело со викторче... невладини пандан на оние изгор приватизација и еден куп болесници што протестираат за нивото на прдежи у воздухот де пред влада де пред штабови на партии.......
 
аман бе има овакви теми, цело моф и сдс тролавте и по фејсбук и по твитер и на форуми, и по факултети и секаде дека не чинеле, и убедливо народов ви кажува дека дисперзираните студии се одлични, дека функционираат, дека професорите идат секогаш, дека не се плаќа ни смештај нити превоз до скопје, нити се трупаат сите у скопје.

и само поздрав до пошироката јавност, колку да се види чив полтрон е дечково, еве од кај му е копиран текстот.
http://www.makdenes.org/content/article/24737860.html

Кој народ кажува дека дисперзираните студии се „одлични“?
Тие што студираат на дисперзираните?
 
Кој народ кажува дека дисперзираните студии се „одлични“?
Тие што студираат на дисперзираните?
Ваљда не тие кои сакале студентски живот да избегаат од дома како на екскурзија :)
Јас со гла ти гарантирам дека минатиот систем на оценување ,правен во Скопје (бидејќи дома имам магистер тазе излезен пред неполна година) со овој во Битола немаат допирна точка. Имаше таму 35 прашања со заокружување, моја поранешна соученичка спремаше и полагаше со својата посебна меморија за 2 дена, онака го чита учебникот со внимание и оди полага. Прашањата со заокружување и го даваат одговорот според меморијата, но од друга страна ваму ти бувнуваат 5 прашања со раскажување, па сега ела нека те вади меморијата ако не си прочитал салам како што треба :) Сега е сменето, за нивно подобро. И да за дисперзиранитее дали се одлични треба да кажи народ кој студира на нив, бидејќи тој вкусува, не некој трет.
Не можеш ти да кажеш дали милка со бисквита пример е убаво кога не си пробал. Ако јас сум каснал имам право да изнесам мислење. Од друга страна твоето мислење би било само нагаѓање.
 
Кој народ кажува дека дисперзираните студии се „одлични“?
Тие што студираат на дисперзираните?
Мене ми е убо Битола :) Дисперизирани правен, професорите идат редовно. Предавања имаме редовно. Вежби имаме редовно. Интеракција исто. Начин на полагање различен во зависност од материјата која се изучува. Дома сум за еден час со автобусот.
Го избегнав хаосот во тоа Скопјето намерно. И да, од цела генерација која броеше 170, останавме 80, од кои само 10 имаме се исчистено засега.
Од друга страна имаме убиство на занаетите. Нема повеќе нови занаетчии што е голема празнина но тоа е тоа. Ова го гледам како некоја недефинирана еволуција која си го знај крајчето но се надева на подобар завршеток....се надевам барем
Еве ти го мислењето, прочитај го, или направи се слеп и прерипај го. Оди во Велес на ТТФ прашај колку студенти има, на туризам, колку има на право во Велес.
Абе деца, умре времето кога сред село еден читаше весник стар 20 дена па од него да се најдат сите информации за општеството, чичко гугл сеа се ќе ти каже, и колку студенти има на дисперзирани, и колку од нив завршиле и се и дали народот е задоволен од дисперзирани студии или не. А чисто ме интересира, колку од овие моф полтрониве, се запишани на дисперзирани.
 
Фактот што средното е задолжително и секој еден може денес да заврши факултет (со пари, лигавење и слични постапки ) не е за фалење!

Потребно е квалитет, а не квантитет!
Одлични биле студиите...... додека вие „добивате“ квалитетни студии, прашајте колку од професорите на вас добиваат парички.....
 
Според тебе кој можи да научи повеќе, поквалитетно, 1000 студенти со еден професор или 30 студенти со еден професор, на обично предавање, каде треба да им се мавни рецка и внимание ? :)
 
Според тебе кој можи да научи повеќе, поквалитетно, 1000 студенти со еден професор или 30 студенти со еден професор, на обично предавање, каде треба да им се мавни рецка и внимание ? :)

Второто! Ама на на други места, не во Македонија!
Сега секој се запишува на факултет, па со пари и лигавење ќе дојде до диплпма и ќе ти го земе работното место!
Од такви трутови, си ја имаме ние маката....

Порано се знаеше, тој што има афинитети, талент, најаките одеа на факултет, сега се сите дипломирани и магистри....затоа и изумре занаетот!
Сите правници и економисти, и сите очекуваат работни места со 500 евра плата... е каде бате....нема...
U know what i mean....
 
Не финтата само да се заврши факултет и да се закачи дипломата дома на ѕид.

Баш ме интересира да пише некој вработен што завршил на дисперзираниве, лесно ли нашол работа, платата каква е во споредба со другите колеги, колку му помогнало знаењето од факултет на работното место.
 
Па пола од повеќе судии во Прилеп имаат завршено правен Битола дисперзии во нивно време :) Ова го знам од праксата која ја обавуваме во лето и разговорот со истите.
Веројатно уба им е платата, а си имаат и знаење.
Иначе развојот е индивидуален кај секого. Колку ќе вложиш толку ќе добиеш. Секој учи за себе, вложува за себе. Од мојот клас се запишаа 4 души на правен во Скопје, а беа одлични ученици, не многу јаки. Јас се запишав Битола, па низ дискусија кога ќе се најдеме, комотно ги јадам во секое поле, не знаат кај тераат, а имаат исчистено речиси се. Така да пак велам индивидуален си е секој влог. Ако тој учи на дисперзии не значи дека е утка, како што има утки и на недисперзии кои ги пратиле од дома да завршат факултет, ако завршат. Се билда поголема конкуренција, каде подоцна се применуваат методи на селекција, методи на партиско вработување, тука иди она -Секој со среќата.
И да, кај нас јас убеден сум дека со 30 ученици работата е поефикасна, каде секој прашува што сака ако не му е јасно без пречки да се следи од останатите, каде на 1000 души вакво функционирање е невозможно.
 
Па пола од повеќе судии во Прилеп имаат завршено правен Битола дисперзии во нивно време :)
Само една додавка дека порано Правен Факултет во Битола бил недисперзиран, туку баш во Битола како посебен факултет под УКЛО.Во меѓувреме прекинал со работа едно 20 и кусур години, а моменталниов е основан 2008 година.И едно прашање, дали си запознаен со дисперзираните студии на ПФК во Струга и наставата таму?
 
Проблемот е што и ќоро и сакато се има испозапишано, и 70% од тие што се запишани ќе го завршат факултетот онака на ку* ташак, и после тоа ќе бидат на исто рамниште со тебе. А ти си учел тродупло повеќе од нив, си се трудел многу повеќе, а не си се запишал на пример во Скопје само затоа што немаш услови. Позитивната работа на овие студии е тоа што се поволни и евтини за оние кои немаат можност да студираат на некое подобро место, негативната работа е што се добива на квантитет а не на квалитет.
 
Само една додавка дека порано Правен Факултет во Битола бил недисперзиран, туку баш во Битола како посебен факултет под УКЛО.Во меѓувреме прекинал со работа едно 20 и кусур години, а моменталниов е основан 2008 година.И едно прашање, дали си запознаен со дисперзираните студии на ПФК во Струга и наставата таму?
Конкретно зборувам за мојот факултет во Битола. Горе долу додека разговаравме со судиите, сегашните професори се мајчини докажани во своја област уште од нивно време. Истите тие доаѓаат да ни предаваат нас. Јас знам по сестра ми, Скопје имаа предавање кај некој (нека биди рандом професор кој истовремено е и политички функционер) па не бил тука баткава, ајде асистентот прати го. Таму беа далеку понесериозни. Кај нас мене ми е таман. Да би бирал како што ме прашаа пред да одлучам дали Битола или Скопје, без размислување би направил ист избор. Да се надоврзам дека дел од децава одат со констатација, абе то вашето не е студентски живот, вака малку да се излуфтирам од дома, да се ,,осамостојам" демек. Муабето ми е тој шо не учи не учи, тој шо сака да се истакни и да вложува во себе че се истакни. Јас имам 9.5 просек, кој комотно можеше да оди нагоре, но си има специфични професори како секаде кои ете со 3 осумки ме туркаат надолу, но си читам, интересно ми е, сакам да знам работи од тоа што го учам, не ми е муабетот само седни положи да се мавни од глата. За струга врска немам како е, нека си пиши некој од таму. :)

И да се надоврзам, јас ИМАВ услови, татко ми зема солидна плата во МВР како инспектор, но изборот го направив самоволно, од проста причина што ми смета хаосот во Скопје и таа динамика на живот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom