Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Огромно ДА. :)
Па реисот во секое интервју што го има дадено во последно време..
Последното интервју за фокус, меѓу останатото на крајот вели:
"Дефинитивно, ИСИС е злосторничка и терористичка организација. Но, и исламофобијата е злостор и тероризам."
http://fokus.mk/i-islamofobijata-e-terorizam/
Зошто после секоја ’’осуда’’ на џихадизмот следува НО?:unsure:
 
Бисмил-лах, ве салату ве селаму ала ресулил-лах.
Есселаму алејкум, мир вам.

Знам дека ти имам одговорено еднаш на твоето прашање за Господ како апсолутен судија. Но сепак ќе се потрудам уште еднаш да ти објаснам на клучните заклучоци, со цел и другите кои се заинтересирани да разберат, иншаАллах.


Прв заклучок: Ставањето на Господ како судија во Исламот не претставува никаква контрадикторност. Тоа е само резултат на начинот на кој ќе ја искористиме нашата слободна волја. Ако ја искористиме истата за правење добри дела, ќе бидеме наградени, а ако правиме лоши дела ќе бидеме казнети. Со овој начин на пресудување се занимаваат и овоземните судии, та затоа е прилично лесно да се разбере. Господ се става во улога на судија во Судниот Ден, кога ќе полагаме сметка за нашите дела. Можеби и во овој свет пресудува, како што е на пример поговорката "што ќе правиш, добро или лошо, истото ќе ти се врати" или како што некои луѓе за ова го користат терминот космичка правда за да веруваат во оваа поговорка. Но за тоа ние не знаеме, можеме само да претпоставуваме. А како кадија (судија), Господ експлицитно тоа го кажува дека ќе биде во Судниот Ден.
Втор заклучок: Јас знам каде ти е поентата, верувај. Како Креаторот да суди на неговата креација, кога Он е тој што го створил? Он е семоќен, сезнаен, познавач на иднината, но сепак Он пресудува? Он е створител на сето видливо и невидливо, но сепак пресудува? Која е смислата? Инаку убаво го имаш сфатено Господ, на исламски начин. Точно е фактот дека се’ од него потекнува, и дека тој е Семоќен и Сезнаен. Се’ што прогласува за добро потекнува од него, и се што прогласува за погрешно исто од него потекнува. Сета добрина и злоба што го гледаш во светот е од Господ. Но бидејќи сме обдарени со слободната волја ние луѓето, кои сме негова најдобра креација, ние имаме избор да се насочиме кон доброто или кон лошото што од Него потекнува. За оваа слободна волја ние одговараме и токму за оваа Господ ќе се постави во улога на судија. Бидејќи во оваа сфера не ни е предодредено што ќе правиме и како ќе поставуваме, а бидејќи ние ќе поставуваме на одреден начин тоа Господ го знае од порано, бидејќи е познавач на иднината. На сликовит начин да ти објаснам, ако се наоѓаме во крстопат (кој во овој случај тоа би бил створен од Господ), ние сме тие кои раководејќи се од слободната волја, ќе избереме по кој пат ќе тргнеме. Овој избор не ни е предодреден од Господ, но бидејќи ти ќе бидеш тој што ќе одредиш, тоа се знае од порано од страна на Севишниот Господ.
Трет заклучок: Од Господ се’ потекнува, но не е се’ допуштено од Него, како што рече ти. Бидејќи се’ потекнува од него, Он би требал да биде тој што кажува што од неговото створение е допуштено или забрането за луѓето. И тоа он го прави, ни објаснува преку неговите посланици и книги. Бидејќи се’ што гледаш во овој свет, растителниот свет, животинскиот свет, водата, земјата, сонцето, месечината, воздухот, сето тоа е створено за да биде во услуга на човекот. Тоа го вели нашата религија. Затоа ние сме Негова најдобра креација. Но некои Негови створенија се забранети за нас, од две причини: затоа што забранетото е лошо за самите нас и за тоа што Господ преку неговите забрани сака да не види кој од нас ќе биде истраен, и кој ќе го помине “тестот„, условно кажано. Алкохолот, свинското месо, половиот однос е створен од Господ, но бидејќи Он е Створителот и од него очекуваме одговор, Он ни кажува дека алкохолот е забранет, свинското месо е забрането. Он не обдарил со способноста за прокреација, но Он ни кажува кој е начинот тоа да го сториме тоа. Он ни дозволува со нашата жена да имаме однос, да се прокреираме, но Он ни забранува да имаме полови односи надвор од бракот, или да го изневеруваме брачниот другар, или да имаме "one night stand" односи, и така натаму.
Значи како заклучок, сето добро и лошо потекнува од Него, но бидејќи од Него потекнува лошото не значи дека ние треба го следиме тоа (нели, според логиката дека тоа сепак е од Господ). Самиот Господ е створител на се, и самиот Он е тој што поставува црвени линија и ги поставува правилата на игра. Како ќе биде односот наш во однос на тие правила, таков ќе биде и нашиот резултат во Судниот Ден.

Весселаму алејкум.
Нема логика ова што си го одговорил, апсурдно е, паѓа пред аргументите, сега ќе ти образложам зошто. Слободната волја не е одговор, не е оправдување не е логичко решение за овој проблем, бидејќи таа е само можност да се одбере а не и што да се одбере. Еве ќе го земам примерот со крстопатот, ако бог е безгрешен и тој што го "изградил" крстопатот, тогаш нелогично е и апсурдно патот да го поделил на три, а само два да ги смета исправни додека третиот погрешен! Ако е погрешен, зошто го допуштил? Нели е безгрешен а погрешното е грешка! Ако ја елиминира можноста за да се направи погрешен исход, слободната волја не е нарушена, само сега наместо можност да избереш милион, ќе имаш можност да избереш 999 илјади! Слободна волја имаш и кога треба да одбереш само две опции, слободна волја имаш и кога треба да одбереш и милион опции.

Еве ти и друг пример дека слободната волја не е аргумент за овие твои три заклучоци, веќе го имам кажано:
Имаш нормален човек и имаш педофил, и двајцата се наоѓаат во идентична ситуација каде им се пружа совршена прилика да злостават дете без да бидат откриени. Педофилот ќе го злостави, тој што не е, нема! И двајцата имаат слободна волја, но само педофилот го злоставува детето! Од овде совршено јасно се гледа дека слободната волја не е таа што била причина за одлуката! Со ова твоите тврдења се побиени.
 
Последно уредено:
Ова мир тебе го разбирам (иако е лицемерно да му порачуваш мир на некој кој сакаш да го истребиш), али ова предходно што значи?


Јас претпоставувам дека сеа ќе ни кажете дека тоа значи нешто много љубав и среќа, мир енд стаф, а у ствари да ти значело: кафири сите ќе ве распнеме, а вашите жени ќе бидат сексуални робинки во калифатот, или нешто слично.
Ние не можеме да ги знаеме вашите арапски шифри од ИСИС и АлКаеда шо се допишувате, така да стварно можете да ни кажете што сакате.
хахахах :D
bismillah - Во името на Аллах
Ve selatu ve selamu ala resulillah - салават(најјубав спомен) и мир и спас за Аллаховиот пратеник. :)
Ништо опасно и никаква тајна шифра на Ал каида :D
Секој говор што го почнуваат муслиманите најчесто почнува со овие зборови.[DOUBLEPOST=1448718365][/DOUBLEPOST]
Зошто после секоја ’’осуда’’ на џихадизмот следува НО?:unsure:
Во овој случај затоа што после тие терористички напади одма почнаа напади на муслимани, џамии и слично, иако тие не се виновни за нешто што не направиле, и тоа е тероризам исто како нападите.
 
Последно уредено:
Бисмил-лах, ве салату ве селаму ала ресулил-лах.
Есселаму алејкум, мир вам.

А зошто не ти паѓа на памет човекот кој е створен по образот Божји и како таков створен соодветно неговата троединост- дух,душа и тело.Или можеби вие мухамеданците сте само тело, само душа или само дух?:unsure:

Еднаш спомнав дека не сакам да цитирам стихови од Библијата бидејќи најискрено, интенцијата да деградирам или да понижам одредена религија не ми е во ниту еден случај. Јас како муслиман ви пишувам тука само за да ве поттикнам да размислувате, нешто за што сепак на крај вие одлучувате. За упатство (хидаја) кон вистинита, не кон Исламот или Христијантвото, туку кон едната вистината истотака ве поттикнувам со искрена молитва да се упатите кон Господ за да ве упати, затоа што Он е единствениот упатувачот, бидејќи Ел-Кехф 18:17 "...Кого Аллах ќе упати кон правиот пат, он кон правиот пат ќе чекори...".
Творбата на човекот по Божјиот образ го имаш изведено од Прво Послание до Коринтјаните 11:7 "И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот." Но во Исламот човекот не е створен по образот Божји, славен Нека е Господ! Да беше така, Господ би требало да има форма на човек што е незамисливо, да е материја како човекот па да можеме да го видиме и допреме, да е од машки пол, што би било дискриминација према жените (чиј образ се жените тогаш?!) итн итн. Ако е точно тоа што Исус е самиот Бог, тогаш он умре за нашите гревови! Значи Господ умрел. Кој управува со светот тогаш? Дали веќе го нема Господ? Сами на себе си се оставивме? Или како атеистите викаат ние сме Господ на себеси? Истотака, Христијанството не го објаснува Светото Тројство преку човекот како тело, дух и душа. Тука треба многу да се внимава бидејќи доаѓа до израз твоето недоволно знаење за сопствената религија. Исламот вели дека Исус е само човек, пророк Божји кој имал задача да го соопшти Инџилот (Евангелието - добрата вест) до народот. Месијата Исус е само човек, а тоа и вашата Библија го вели во Дела на Апостолите 2:22 "Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него" (Македонска Стандардна Библија). Истиот стих и верзијата NIV (New International Version) од Библијата го вели: Acts 2:22 "Fellow Israelites, listen to this: Jesus of Nazareth was a man accredited by God to you by miracles, wonders and signs, which God did among you through him, as you yourselves know." како и другите верзии. Но Библијата со превод од драгиот Д-р/Д-р Душан Христов Константинов тотално го брише зборот "човек" од истиот стих, па он вели вака: Дела на Апостолите 2:22 "Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите" Тука ценетиот преведувачот ич па не ни спомнува што воопшто бил Исус Назареецот. Но тоа е ваша привилегија на додавање и бришење на Божјите зборови. Од вакви работи Куранот е ослободен, Елхамдулил-лах, та затоа книгата од неговата објава до ден денеска е непроменет.

Весселаму алејкум.
 
Последно уредено:
Бисмил-лах, ве салату ве селаму ала ресулил-лах.
Есселаму алејкум, мир вам.



Еднаш спомнав дека не сакам да цитирам стихови од Библијата бидејќи најискрено, интенцијата да деградирам или да понижам одредена религија не ми е во ниту еден случај. Јас како муслиман ви пишувам тука само за да ве поттикнам да размислувате, нешто за што сепак на крај вие одлучувате. За упатство (хидаја) кон вистинита, не кон Исламот или Христијантвото, туку кон едната вистината истотака ве поттикнувам со искрена молитва да се упатите кон Господ за да ве упати, затоа што Он е единствениот упатувачот, бидејќи Ел-Кехф 18:17 "...Кого Аллах ќе упати кон правиот пат, он кон правиот пат ќе чекори...".
Творбата на човекот по Божјиот образ го имаш изведено од Прво Послание до Коринтјаните 11:7 "И така, мажот не треба да ја покрива главата своја, зашто е образ и слава Божја, а жената е слава на мажот." Но во Исламот човекот не е створен по образот Божји, славен Нека е Господ! Да беше така, Господ би требало да има форма на човек што е незамисливо, да е материја како човекот па да можеме да го видиме и допреме, да е од машки пол, што би било дискриминација према жените (чиј образ се жените тогаш?!) итн итн. Ако е точно тоа што Исус е самиот Бог, тогаш он умре за нашите гревови! Значи Господ умрел. Кој управува со светот тогаш? Дали веќе го нема Господ? Сами на себе си се оставивме? Или како атеистите викаат ние сме Господ на себеси? Истотака, Христијанството не го објаснува Светото Тројство преку човекот како тело, дух и душа. Тука треба многу да се внимава бидејќи доаѓа до израз твоето недоволно знаење за сопствената религија. Исламот вели дека Исус е само човек, пророк Божји кој имал задача да го соопшти Инџилот (Евангелието - добрата вест) до народот. Месијата Исус е само човек, а тоа и вашата Библија го вели во Дела на Апостолите 2:22 "Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него" (Македонска Стандардна Библија). Истиот стих и верзијата NIV (New International Version) од Библијата го вели: Acts 2:22 "Fellow Israelites, listen to this: Jesus of Nazareth was a man accredited by God to you by miracles, wonders and signs, which God did among you through him, as you yourselves know." како и другите верзии. Но Библијата со превод од драгиот Д-р/Д-р Душан Христов Константинов тотално го брише зборот "човек" од истиот стих, па он вели вака: Дела на Апостолите 2:22 "Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите" Тука ценетиот преведувачот ич па не ни спомнува што воопшто бил Исус Назареецот. Но тоа е ваша привилегија на додавање и бришење на Божјите зборови. Од вакви работи Куранот е ослободен, Елхамдулил-лах, та затоа книгата од неговата објава до ден денеска е непроменет.

Весселаму алејкум.
Еве ќе ти го поедноставам прашањето дали според вас мухамеданците човекот е троединен- дух, душа и тело?
Во однос на цитатите од библијата ти посочив од кој да прочиташ во однос на сведоштвата за Светата Троица,ама очигледно бараш да неразбереш.
Како е створен човекот Светото Писмо уште на самиот почеток ја објавува вистината Божјата природа, и создавањето на човекот.
1. Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
2. Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.
3. И рече Бог: „Нека биде +светлина!” И би светлина.
26. Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние,
(Битие)
+
1. Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.
2. Тоа во почетокот беше во Бога.
3. Сè стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
4. Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
5. И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
6. Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
7. тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8. Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
9. Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
10. Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
11. Дојде при Своите и Своите не Го примија.
12. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:
13. кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
14. И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.

+
38. а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте,
за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.”
6. Исус му рече: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.
7. Ако Ме бевте познавале, ќе Го познававте и Мојот Отец. А отсега Го познавате, и сте Го виделе.”
8. Филип Му рече: „Господи, покажи ни Го Отецот, и доста ни е!”
9. Му одговори Исус: „Толку време сум со вас, и не си ли Ме познал, Филипе?
Кој Ме видел Мене, Го видел Отецот, и како ти велиш: »Покажи ни Го Отецот?«
10. Не верувате ли дека Јас сум во Отецот, и дека Отецот е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам, од Себе не ги зборувам; а Отецот, Кој е секогаш во Мене, Он ги врши делата.
11.
Верувајте Ми дека Јас сум во Отецот и Отецот е во Мене. Ако ли, пак, не – тогаш верувајте во Мене заради делата.
Одете, научете ги сите народи и крштевајте ги во името од Отецот и Синот и Светиот Дух

Ти требаат ли уште сведоштва од Светото Писмо каде се сведочи за Божјата природа на Иисуса Христа и Светата Троица?
 
Огромно ДА. :)
Па реисот во секое интервју што го има дадено во последно време..
Последното интервју за фокус, меѓу останатото на крајот вели:
"Дефинитивно, ИСИС е злосторничка и терористичка организација. Но, и исламофобијата е злостор и тероризам."
http://fokus.mk/i-islamofobijata-e-terorizam/
(y)Оваа дистинкција меѓу ИЗ и ИСИС направена од страна на ИВЗ, а се надевам и во светски рамки е нужно важна пред се` за самиот Ислам, дека не е сеуште исцрпен и истоштен, но за жал манипулативен исто така како што се злоупторебува и Христијанството и воопшто духовното, а тоа е како резултат на човекот и неговото аутистично отфрлање на Бог од себе.
 
Во Исламот концептот на единство на Господ е и световно, и логички. Куранот не оди против човековата логика.

Ако добро те разбрав, ти сакаш да кажеш дека својствата на Господ се ограничени до таа мера до која е и логичкото разбирање на човековиот огревовен и ограничен ум?
Односно, ако на човекот нешто не му се чини логичко, тука е Куранот да му каже дека Господ не се противи на човековата логика и Куранот не Му „допушта“ ниедно својство на Господ кое би се противело на човековата логика???

Мене лично и Хајзенберговиот принцип на неопределеност воопшто не ми е логичен. Тој вели дека не можеш истовремено да одредиш положба и брзина на некоја честица. Кога тој принцип би го применил на човек, тогаш би значело дека кога тој човек би одел со брзина од пример 5 km/h, јас не би знаел каде истиот човек се наоѓа. Сосем нелогично, нели?

Дали според тебе тогаш електронот или било која друга квантна честица не постојат, бидејќи кога Господ не оди против човековата логика, па таму некојси електрон би се противел на истата?


Господ нема потреба да се прикаже во Христа за да се приближи до народот и нема потреба да се себеказнува за гревовите на луѓето. Ако Он сака да прости некому, едноставно ќе опрости. Јас ако сакам да ти простам тебе, која е смислата да се отепам себеси?

Која е смислата ТИ да бидеш смртен, кога АДАМ згрешил?[DOUBLEPOST=1448726025][/DOUBLEPOST]
Месијата Исус е само човек, а тоа и вашата Библија го вели во Дела на Апостолите 2:22 "Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него" (Македонска Стандардна Библија). Истиот стих и верзијата NIV (New International Version) од Библијата го вели: Acts 2:22 "Fellow Israelites, listen to this: Jesus of Nazareth was a man accredited by God to you by miracles, wonders and signs, which God did among you through him, as you yourselves know." како и другите верзии. Но Библијата со превод од драгиот Д-р/Д-р Душан Христов Константинов тотално го брише зборот "човек" од истиот стих, па он вели вака: Дела на Апостолите 2:22 "Мажи Израелци! Чујте ги овие зборови: Бог во вашата средина Го потврди Исуса Назареецот со сили, чуда и знаци, што Бог ги направи преку Него меѓу вас, како што знаете самите" Тука ценетиот преведувачот ич па не ни спомнува што воопшто бил Исус Назареецот.

Види во оригиналот што вели:

ΤΟ ΑΓΙΟΝ ΕΥΑΓΓΕΛΙΟΝ ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ

13:13 ὑμεῖς φωνεῖτέ με, ὁ Διδάσκαλος καὶ ὁ Κύριος, καὶ καλῶς λέγετε· εἰμὶ γάρ.
13:14 εἰ οὖν ἐγὼ ἔνιψα ὑμῶν τοὺς πόδας, ὁ Κύριος καὶ ὁ Διδάσκαλος, καὶ ὑμεῖς ὀφείλετε ἀλλήλων νίπτειν τοὺς πόδας.

Јован 13:

13. Вие Ме наречувате Учител и Господ; и право велите, бидејќи Јас сум таков.
14. Ако, пак, Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, тогаш и вие сте должни еден на друг да ги миете нозете.


http://biblehub.com/interlinear/john/13-13.htm
http://biblehub.com/interlinear/john/13-14.htm


ΤΟ ΑΓΙΟΝ ΕΥΑΓΓΕΛΙΟΝ ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ

11:27 λέγει αὐτῷ· ναί, Κύριε, ἐγὼ πεπίστευκα ὅτι σὺ εἶ ὁ Χριστὸς ὁ υἱὸς τοῦ Θεοῦ ὁ εἰς τὸν κόσμον ἐρχόμενος.

Joван 11

27. Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светов.”

http://biblehub.com/interlinear/john/11-27.htm

ΤΟ ΑΓΙΟΝ ΕΥΑΓΓΕΛΙΟΝ ΚΑΤΑ ΙΩΑΝΝΗΝ

21:12 λέγει αὐτοῖς ὁ Ἰησοῦς· δεῦτε ἀριστήσατε. οὐδεὶς δὲ ἐτόλμα τῶν μαθητῶν ἐξετάσαι αὐτὸν σὺ τίς εἶ, εἰδότες ὅτι ὁ Κύριός ἐστιν.

Joван 21:

12. Исус им рече: „Дојдете, јадете!” И никој не смееше да Го праша: „Кој си Ти?”, оти гледаа дека е Господ.

http://biblehub.com/interlinear/john/21-12.htm
 
Последно уредено:
Бисмил-лах, ве салату ве селаму ала ресулил-лах.
Есселаму алејкум, мир тебе.

Се сложувам со објаснувањето, и јас на овој начин го имам сфатено Тројството. Но логиката ме спречува кога спомнуваш три личности, а еден по природа и суштина. Бидејќи тогаш прво нешто што ми паѓа на памет е Грчката Митологија. Богот Посејдон, Аполо, Зевс се три личности, но со една суштина и природа, тие се богови. Или ако сакаш уште повеќе да наликува на концептот на Троицата, Зевс би бил Отецот, Аполо Синот (бидејќи е син на Зевс) и Светиот Дух. Сакаш Христијанството да ја прикажеш како политеистичка вера? Бидејќи јас Христијанството не би сакал да ја опишам како политеистичка религија во ниту еден случај, како што ти и другите ја опишувате преку вакви недоветни објаснувања за Троицата. А башка и апсурдноста како еден Христијанин би требал да биде среќен кога би го прифатил Исус како негов спасител кога тој умре поради нашите гревови. Сега од Троицата остана само Двоица! Господ да го чува барем Светиот Дух, да не го казни и него поради нашите гревови!

Весселаму алејкум.
И духови твојему!
Во самиот старт, терминот што го користиш “Тројство“ е контрадикторен на твоето изјавување дека го познаваш учењето за Св. Троица. “Тројство“ е аперсонален поим неупотреблив за именувањето на Христијанскиот Бог.
Митолошката компарација е лошо срочена токму заради непознавање на христијанското учење.
Воопшто нема место за политеизам!
Бог е Еден по Природа Која е олицетворена во Три Лица. Ние христијаните така го познаваме, бидејќи така Лично Бог ни се открива, објавува, а не преку човек, пророк...
Ова „ Три“ е она што ште буни, што ти е контрадикторно бидејќи Бог го гледаш како Самец, Единка, Индивидуалец што е апсурдно, нелогично, бесмислено.
Бог е Една Личносна Целина, Отец, Син и Св. Дух со Една Природа. Ако фали Една од овие Личности, Бог не би постоел или би се Самоуништил, Самоукинал итн.
Во Исламот концептот на единство на Господ е и световно, и логички. Куранот не оди против човековата логика. Господ, (за разлика од три личности, една суштина) е една личност, една суштина, една природа. Господ нема потреба да се објавува во други форми. За таа работа постојат Божјите посланици, кои ја објавуваат Божјата порака до народот. Во Исламот, Исус е пророк, Месија, син на Девицата Марија и еден од најмоќните пророци, а не син Божји или Бог отелотворен во човечка форма. Господ нема потреба да се прикаже во Христа за да се приближи до народот и нема потреба да се себеказнува за гревовите на луѓето. Ако Он сака да прости некому, едноставно ќе опрости. Јас ако сакам да ти простам тебе, која е смислата да се отепам себеси? Едноставно ќе ти простам и толку. Затоа концептот на Троицата неможе никогаш да се објасни бидејќи реално и нема објаснување. Во однос на тоа, Куранот вели: Ен-Ниса 4:171 "...затоа верувајте во Аллах и неговите посланици и не говорете "Три се (Света Троица)" - престанете со тоа, тоа е подобро за вас. Аллах е само еден Господ - Слава Му - зарем Он да има дете?..."
Од кај знаеш дека Алах е Една Личност? За вас Алах е трансцедентен! Ова што го исповедаш е Исламска ерес.
Вие не го познавате Лично, непосредно како релација Бог - човек, туку посредно Бог - човек(пророк) - човек.
Оваа недореченост, недооткриеност, недопознаеност..., на Бог, никако не треба по автоматизам да ве спротиставува, разгневува, осуетува..., кон Св. Троица и Христијаните, НАПРОТИВ!!!, човечки, културно, братски е да се запознаеме иако се разликуваме(а кој знае може и да не се разликуваме;)) - Бог Знае!

Тука доаѓаш во состојба на противречност со сопствениот пост кога велиш дека се три личности, а богами и со Христијанството во целина. Научи ја сопствената религија, па дојди и дебатирај во форумов.
Весселаму алејкум.
Исповедај си ја сопствената вера и не се фрустрирај со моето незнаење, ок?
Бог меѓу нас! АМИН!
 
Последно уредено:
Дали на Христијаните (овде ги исклучувам протестантите) им е дозволено да ја читаат библијата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom