Дино Дворник

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.873
Поени од реакции
5.767
Познатиот хрватски пејач и глумец Дино Дворник само десет дена откако го прослави својот 44-ти роденден, почина денеска претпладне во Загреб под се уште неразјаснети околности, јавија хрватските медиуми.

Веста за хрватските медиуми ја потврди неговиот брат Дејан.
„Пред неколку месеци го загубив татко ми, а сега и братот, не знам што да ви кажам“, изјави Дејан.


Дино Дворник, кој многумина го сметаат за татко на хрватскиот фанк, почина ненадејно во неговиот стан во Загреб.
Тој како дете посетувал музичко училиште, но се откажал од наставата и на 17 години заедно со брат му Дејан го формираше бендот „Кинески ѕид“.


Во 1988 година дебитираше на „Загреб фест“ со песната „Теби припадам“ и ја освои наградата за најдобар дебитант. Во 1996 година ја освои наградата „Порина“ за песната „Африка“. Во текот на животот се обидел и во актерските води.


Во август 1989 година се ожени со Данијела Куљиш, со која ја има ќерката Ела.


RIP
 
бог да го прости кралот на фанкот на ови простори беше добар човек!
 
Познатиот хрватски пејач Дино Дворник почина денеска претпладне во Загреб во 45-та година од животот под се уште неразјаснети околности, јавија хрватските медиуми.

Повеќе.
 
R.I.P Dino.Prv covek na ovie prostori sto pokazal nov pravec vo toa vreme.BTW mislam deka znam od shto pocinal no ne sum jas toj shto treba da kaze.Inace prviot covek vo EX YU shto kazal javno deka e narkoman.
 
R.I.P беше многу добар во својата работа, професионален, остави добри траги кај нашите ексју народи. Бог да го прости!
 
Да, беше наркоман и алкохоличар... тоа е факт што го знаат сите. Но не знам зошто сите кога ќе им го спомнеш Дино Дворник ги асоцира на тоа. Човекот ја создаде ТИ СИ МИ У МИСЛИМА, алооооооооооооо.... песната на 20 век на овие простори. Спремаше нов албум, но за жал не го дочека неговот излагање. Живееше 300 на саат, но не издржа...
R.I.P.
 
Човекот што не умееше да порасне. Бог нека му ги прости гревовите. Дино, биди мирен таму некаде...
 
R.I.P
Eден од револуционерите на EX-YU музиката.....Ти си ми у мислима ми е една меќу најомилените од YU песните...
 
Се умирало ли бе на овие горештини...
 
RIP Дино. Ех, дрога, дрога....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom