Gregor
Оbserver
- Член од
- 6 февруари 2013
- Мислења
- 1.021
- Поени од реакции
- 1.935
Мало оф-топик прашање, има ли тема за дебелеење и зголемување килажа?![]()
Има, јади храна богата со шеќери: ориз, компири, леб, тестенини. Тестениниве се врв за качување на килограми, ова од искуство, 3 пати неделно ги јадев и за 2 месеци качив бајаги.
Не се лишувај од месо и млеко, само јади квалитетни и полномасни млечни производи, оти оние што се со помалку масти се катастрофа, имаат растителни масти кои се заситени и немаш никаква корист од нив во организмот.
Важно е да јадеш почесто, пример на секои 4 часа, некои упорно сакаат да качат некое кило ама немаат апетит, па тука можеш да се послужиш со храна која е богата со витамините од Б групата оти они качуваат апетит. Б витамини имаш во јаткасти плодови (ореви, индиски, фстаци), во џигерот, јајца, гравот, леќата, грашокот, пуканки, пченка, пченица, кафеав ориз, сите зеленчуци што се зелено обоени, цвеклото, уште кога би правел салати од нив и би ги комбинирал со леб, полн погодок.
Не заборавај на омега 3 масните киселини ги имаш во рибата, лененото семе.
Лененото семе можеш да го комбинираш со што сакаш, можеш да правиш шејк со овошје, со зеленчук, со што ти душа сака, само да е убаво сомелено, за да се екстрахираат мастите полесно.