Диети за зголемување килажа

Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.
Абе даде, дојди и биди ми цимер има буцко да те направам. Ама ќе јадеш се што ќе ти зготвам. :)
 
Јади пржени јајца, пржено месо... се што може да се испржи нека биде пржено. Исто, пиј газирани сокови, јади многу леб и благо. Дури и кога чувствуваш ситост, јади со сила, се додека не ти дојде нагон на повраќање, и така цело време. Со ова темпо за 2 недели ќе бараш начин за слабеење.
 
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.
Исто сме високи,толку бев и јас - 61 кг пред да почнам на теретана одам во Ноември сеа сум 72.
Прва работа после станување: oatmeal (како се викаат на македонски не знам)
на школо сум 6 саата (таму не јадам пошо штедам пари), после школо некој средно голем оброк (само не нешто нездраво, и секако црн леб :D )
саат-два после тоа одам на теретана
после теретана огромен оброк + ориз + стек ако има нешто + салата (марула/зелка/брокула, пообилно така)
околу 7-8 туна или такво нешто (со 5-6 парчиња леб)
пред легнување 3 цели јајца

----
не велам дека е совршено но мене ми врши работа :)
 
11 кила за ломалу од 3 месеци :eek:
 
Ах добро може да биде онаа диетата ко:
10 кекси и 1 секс
20 кекси и 2 секса
30 кекси и 3 секса
:P
абре Стефче ништо не ти е јасно.
Кај мене е обратно
10 секса и 1 кекс
20 секса и 2 кекса
30 секса и клинички центар
 
Водно, пешачење, велосипед, и теретана. Со друго не се замарам. Зар и ова е превише?
Па,ако не внесуваш доволно калории,итекако е премногу.Калорискиот внес треба секогаш да биде повисок од потрошувачката на енергија(тука спаѓа базален метаболизам,кој во твојот случај е брз и физичка активност).Мислам дека дневно,суфицит од 500 калории би требало да бидат доволни за да почнеш да качуваш килажа.
Мој предлог ти е,доколку си во можност,двапати дневно,покрај редовната исхрана,да пробаш од шејков:300 мл млеко,три јајца,банана,шака јаткасти плодови и какао по желба,заради вкус.Мене ми е вкусен,не би требало да имаш проблем во тој поглед:)
Ако почнеш да се замараш со броење калории,мислам дека брзо ќе ти здосади,иако е најефективно.Имаш милиони страници на нетов со калориска вредност на продукти,па среќно.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 16:58 ---
Јади пржени јајца, пржено месо... се што може да се испржи нека биде пржено. Исто, пиј газирани сокови, јади многу леб и благо. Дури и кога чувствуваш ситост, јади со сила, се додека не ти дојде нагон на повраќање, и така цело време. Со ова темпо за 2 недели ќе бараш начин за слабеење.
Мислам дека дечкото го интересира здрав начин за да се поправи,а не да стане каца со сало.Прженото и воопшто брзата храна,не спаѓаат во здрав начин на качување килажа.Уште повеќе што неповолно делуваат на лачењето на тестостеронот,најважниот хормон за раст и развој кај мажот.
 
Ништо од многу леб и газирани сокови, можда ќе пуштиш стомак и многу грдо стои стомак на слаб човек. Јас имав така во 4та средно само надујан стомак и не е вкусно за гледање надујан како трудна жена 3 месец. Млеко е многу битно и тоа од сабајле и да не се скока појадокот, ако неможеш чисто млеко стави несквик или какао, здраво е и јогурт ама уште побрзо ќе одиш во wc. И пржено не, од пржено не се дебели туку се крева само лош холестерол, гледај да јадиш варен стек и ориз почесто ради протеини и јаглехидрати и варени јајца само белки колку што можеш повеќе. Продолжи да одиш во теретана и не се килави многу со тегови зошто кај послабите ако не креваат правилно балансирано лева и десна може да дојде до искривување па дупли проблеми. Терај си на орбитрек и такви работи, гледај пред теретана да измешаш млеко, банана, белка жива, мед и тан со блендер како милк шејк и грицкај нон стоп грицкај суво овошје грозје, смокви или урми за енергија и обавезно купи чист протеин за да фрлиш мускулна маса на раце и нозе а не стомак.
 
Обратно од другата тема :)

Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).

Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.

Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?

24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.

Најди некој што чува крави и секој ден да те снабдува со 2-3 литри млеко што ќе ги пиеш и безболно и неприметно ќе качиш килажа ;)
 
Јади пржени јајца, пржено месо... се што може да се испржи нека биде пржено. Исто, пиј газирани сокови, јади многу леб и благо. Дури и кога чувствуваш ситост, јади со сила, се додека не ти дојде нагон на повраќање, и така цело време. Со ова темпо за 2 недели ќе бараш начин за слабеење.
Одличен совет, ако целта му беше да развие дијабет, хипертензија и ред други состојби. Основна грешка што ја прават луѓе што немаат проблем со прекумерна тежина е негрижа за начинот на исхрана, а во реалноста голем број лица со нормална или "сучка" градба имаат холестерол над горниот плафон и висок ризик за акутно срцево страдање.
 
Шкорпион Еве едно мени за добивање на тежина:
1 оброк
150гр овесни снегулки
2 парчиња интегрален тост
1 банана
4 белки и 1 жолчка
мултивитамин

2 оброк
1 портокал
протеински шејк

3 оброк
150гр пилешки гради без кожа
200гр печени компири или 100гр ориз(по можност интегрален)
100гр мешан зеленчук
500гр витамин Ц

4 оброк
whey протеински шејк

5 оброк
200гр посно говедско
300гр печени компири
100гр мешан зеленчук

6 оброк
150гр овесни снегулки
4 белки и 1 жолчка
 
Месо, гејнер и теретана. Значи минимум 100 евра месечно да имаш само за тоа и ќе се здебелиш.
 
Немам толку пари за фрлање на месечно. Да ја пензионирам сега желбата или што? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom