Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Најпрво ќе кажеме дека кајсиите ја стимулираат активната работа на нашиот имунитет, кој помага на телото ефикасно да се справи со патогените вируси и бактерии. Освен тоа содржат растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и го стимулираат метаболизмот.
Диетата со кајсии ви ја обезбедува оптималната дневна доза витамин А, кој е задолжен за здравјето и добриот изглед на кожата, косата и ноктите. Кајсиите се исто така богати со калиум, па затоа и се препорачуваат за луѓе кои страдаат од анемија.
Диетата со кајсии истовремено е и тридневна детоксикација, а нутриционистите советуваат тоа да го правиме неколку пати во годината. Еве како треба да изгледа тоа:
Бидејќи пред се намената на оваа диета е темелно чистење на организмот од натрупаните токсини во текот на зимските месеци, менито се сведува само на овошје, чај и зеленчук. Потребно е да изедете од 8-10 кајсии дневно, и да испиете 2 литри зелен чај кој се приготвува наутро, ќе додадете сок од 2-3 лимони во него и неколку лажички мед. Чајот се пие во текот на денот. Кога ќе почуваствувате глад можете да си направите свежа сезонска салата со соја сос и една мала лажичка маслиново или друго растително масло.
apricot7.jpg

 
браво затебе (y)
интересна е диетава но веќе сум на друга АНАНАС диета. едноставна е се јадеш освен ананас :)
 
браво затебе (y)
интересна е диетава но веќе сум на друга АНАНАС диета. едноставна е се јадеш освен ананас :)

Јадеш и мозок од слон со гарнир од очи од јагуар? :pos:
 
Кај бе со кајсии 3 дена..мене уште повише ми се јаде од такви работи кога јадам,кајсии,јаболка,сливи или праски..добивам само поголем апетит:icon_mrgr:
 
Кај бе со кајсии 3 дена..мене уште повише ми се јаде од такви работи кога јадам,кајсии,јаболка,сливи или праски..добивам само поголем апетит:icon_mrgr:

хехе буцко :D
 
Килограми што се симнуваат брзо обично и се добиваат брзо.

Попрво ќе одам на нешто умерено и ќе симнувам 0.5-1кг на ден отколку 3 за три дена што најверојатно не е остварливо за повеќето луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom