Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Јас за 1 година скинав 20 кг...бев 93 сега сум 72..... бев многу "голем", Летото трчав секој ден значи 4 месеци секој ден трчав и гледав што повеќе да се движам и не одев со автобус нити со кола, туку пешки и намалив на јадење, сега Ручекот го спојувам со вечера и последно јадам кај 4-5 часот и толку....Моите мислеа почнав да се дрогирам и се имав карано за тоа, исто и моите другари го мислеа ова, еден не сакаше да да иди со мене на кафе, мислејќи сум наркоман и да не му направам нешто, туку само здраво ми правеше ко ке се видевме, сега сите знаат дека во животот таква раб неам пробано и сега е се во ред..... И уште се чудат како успеав..........
 
Мене пак некои мислеа дека пушам цигари :D... Кај се видело 13 годишен да пуши цигари :D... И сите се чудат како успеав ова лето да намалам 20+ килограми.
 
Мене пак некои мислеа дека пушам цигари :D... Кај се видело 13 годишен да пуши цигари :D... И сите се чудат како успеав ова лето да намалам 20+ килограми.

13 годишен пушач?? Риби во езеро?? Птици на небото?? Навистина, кај се видело то?
 
Да видиш да неповеруваш.

--- надополнето ---

он топиќ -
исфрлете леб и благо од исхрана и ќе видите ефекти...
 
Кој ти вика дека лажам? Секој ден 500 правам и над тоа, а ти ако неможеш 50 да направиш твој проблем.
P.S. А во врска со што се штетни?

Правиш 500 затоа што не ги правиш правилно.... а правилно ако направиш 30 радувај се.... ама има време дур да научиш како се прават правилно....
 
А за тебе како е правилно? Мене во теретана ми покажаа како правилно и сега така правам :).
 
Како да го забрзам метаболизмот а всушност и шо е тоа метаболизам? :?
 
Кајганџии има ли некој кој има диета за болести на панкреас? Ако некој има нека ми ја испрати на приватна порака. Благодарам.
 
Слабеењето не е до толку ШТО јадеме него КАКО јадеме...

Денешнава храна (посебно благото) се полни со оние состојки што го активираат "делот за награда" на мозокот што не тера да ги конзумираме уште повеќе. Така што 2 супер начини без многу труд да ослабеме е

а) Јадење бавно (колку побрзо јадеме толку побрзо се ослободуваат оние хемикалиите за награда и неможеме да видиме на време дали сме најадени, плус некое време му треба на стомакот да му каже на мозокот дека е full)

б) Повремено стопирање и проверување во СТОМАКОТ дали сме полни...кога јадев како луд приметував дека тоа што го проверував додека јадев е дали мозокот ми е целосно задоволен од задоволството од храната, а стомакот...само ако сум прејаден и ако ништо повеќе не ми се јаде тогаш ми се активираше. Сега не ми е до толку дали мозокот ми е целосно "задоволен" него дали стомакот е full. А првово е малце тешко да се одвикнеме од него, мислам видете колку многу луѓе јадат од задоволство а не само заради тоа што се гладни.

--- надополнето ---

Момчето што прави 500 стомачни на ден не знае што е тоа метаболизам?:jaj:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Метаболизам

Не го сваќам луѓено што прават стомачни, стомачните мускули се генетски детерминирани и не се мењаат, финтата е да ослабнеш доволно за да ти се видат а не да ги смениш http://www.askmen.com/sports/bodybuilding/22_fitness_tip.html
 
Еве едно мноооооооооооогу инспирационо видео за сите што сакаат да ја намалат телесната тежина :

 
Јас од фебруар минатата година почнав на диета. Ја држев околу 3 месеци и ослабев 50 кила. Имав 120 а сега имам 70-72! Многу луѓе ми велат дека тревит да имам околу 80, а висок сум 182... Исто се придржувам на коментарот погоре дека треба да се јаде бавно... од ко ослабев секогаш ко ке јадам.. јадам по 30-40 минути... :)
 
Другарка ми ми рече дека од денеска ќе почне да вежба во некое финтес студио во Кисела Вода и таму инструкторот им давал и диета. Има денови во месецот кога треба да спиеш само 6 часа. Се оди на вежбање секој ден. И секој ден се губи по пола килограм. Е сега јас идам на фитнес во Тетово и губам одприлика 2 кг на месец, па некако ова ми се виде многу попривлечно. Ама некако сумливо ми е, многу е по пола кило секој ден. А другарка ми вика дека она има тетка што била крупна и ослабела 15 кила за еден месец. Е сега мене ми треба да ослабам некои 7-8 кг па појше ќе ми се исплати да одам две недели во фитнес во Скопје отколку во мојов.
Знае некој нешто повеќе околу ова? Можно е?
 
Кајганџии има ли некој кој има диета за болести на панкреас? Ако некој има нека ми ја испрати на приватна порака. Благодарам.
Диета при панкреатит се препорачува само за 4 дена во неделата ,јадеш помали порции и тоа 5-6 пати во денот. Во тоа време се препорачуваат неколку вида месо ,риби, свежа не масна урда, или сирење. Содржината на мастите се ограничува во 1 оброк на 60 г .Се ограничува особено сладкото(благото) . пијалоците се употребуваат ИСКЛУЧИВО во топол вид. Со примена на оваа диета -постепено се возобновува поджелудочната жлезда после панкреатитот.
(превземено од руски сајт)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom