Diabetes Mellitus

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.295
Поени од реакции
10.177
Според бројките си, не според гликемија, ама спрема гликозиран хемоглобин. Според она што ти го објаснував на претходната страна, и тоа што си одлучила да го јадеш, мислам дека џабе би губел време да ти објаснувам понатака.
Потруди се, не е бадијала...едноставно немав салата...морав нешто од дома да спремам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485
Извади просек од 14 мерења во следните 7 дена, мери 2x на ден, секогаш 2h после јадење.
... а што ако биде после 3ч во нормала, гликозата? има разни фактори што е оправдано индивидуата токму повеќе од 2ч да се врати гликозата во нормала, а нема тенденција за дијабет!
... според тебе во било кое време да речеме да измериме глукоза во крв без разлика од оброкот која е максималната граница на гликоза во крвта, а сепак да биде во нормални граници да не биде дијабетичар?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.488
Потруди се, не е бадијала...едноставно немав салата...морав нешто од дома да спремам.
Направи ги овие тестови во Авицена,

C-Peptide
Insulin OGTT

И ќе знаеме со сигурност, имај во предвид дека зголемени нивоа на HbA1C прават огромна штета во телото, сите органи и клетки се опфатени, не е локализиран проблем.
Автоматски споено мислење:

... а што ако биде после 3ч во нормала, гликозата? има разни фактори што е оправдано индивидуата токму повеќе од 2ч да се врати гликозата во нормала, а нема тенденција за дијабет!
... според тебе во било кое време да речеме да измериме глукоза во крв без разлика од оброкот која е максималната граница на гликоза во крвта, а сепак да биде во нормални граници да не биде дијабетичар?
Моето сваќање и толкување на инсулин и глукоза е далеку поинакво, јас не мислам дека е ок и тапкам по рамо, него праќам на детално тестирање.

Постојат дополнителни тестови кои ги спомнав претходно за правилна детекција. Во секој случај ова укажува на далеку од оптимално здравје и ризик за кардиоваскуларни болести.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485
освен што HbA1c е корисен за дијагностицирање на разни болести поврзани со метаболизмот на гликозата, треба да имаме во предвид дека високите вредности можат да бидат поради :

... несоница и апнеја при спиење, состојба која се карактеризира со паузи во дишењето за време на спиењето, доведуваат до неконтролирана гликоза во крвта, колку е потежок проблемот со спиењето, толку е поголем резултатот од HbA1c, така да има студии кои покажуваат дека решавањето на нарушувањата на спиењето кај пациенти со потешкотии во контролирањето на нивото на гликоза во крвта може да доведе до подобри резултати во HbA1c,

... различни лабораториски тестови можат да дијагностицираат присуство на воспалителни состојби, маркер што најчесто се користи е Ц-реактивен протеин (ЦРП), пациентите со покачено ниво на CRP покажуваат поголемо ниво на HbA1c во споредба со лицата кои немаат хронично воспаление со што ефикасен метод за намалување на гликолизиран хемоглобин е со лекување на основната причина за воспаление, прашање за време на болеста КОВИД 19 колку ти беше ЦРП?

... како стоиш со непцата - пародонтопатијата ? едноставно лекување на постоечка болест на непцата може да го намалиме нивото на HbA1c,

...луѓето со прекумерна тежина се соочуваат со нарушена способност правилно да ја метаболизираат глукозата, дебелината може да се мери со поголем индекс на телесна маса, обем на струкот и сооднос на половината на колкот и цел вишок калории се складираат во организмот и се поврзани со повисоки нивоа на HbA1c и ако не држиме малку диета да ослабнеме нивото на HbA1c може да остане покачено и може да го доведе лицето во поголем ризик за дијабетес, а нема дијабетес,

...недостатоците на железо и витамин Б12 се поврзани со повисоки нивоа на HbA1c, со лекување на основната анемија, може да им помогне да се намали и достигнат нормално ниво на HbA1c.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.903
Поени од реакции
8.482
Потруди се, не е бадијала...едноставно немав салата...морав нешто од дома да спремам.
Според резултатов овој покачен HbA1c е доволен за дијагнозата дијабетес.

Потребна е терапија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485
Моето сваќање и толкување на инсулин и глукоза е далеку поинакво, јас не мислам дека е ок и тапкам по рамо, него праќам на детално тестирање.
Постојат дополнителни тестови кои ги спомнав претходно за правилна детекција. Во секој случај ова укажува на далеку од оптимално здравје и ризик за кардиоваскуларни болести.
... детално тестирање со која цел, да добие картичка „дијабетичар“ и биде третирана со два лека метформин 500мг/750мг/1000мг или инсулин? кој ендокринолог кај нас се труди да ја најде причината на покачен HbA1c, а да не биде само чисто етикиран како дијабетичар?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.488
... детално тестирање со која цел, да добие картичка „дијабетичар“ и биде третирана со два лека метформин 500мг/750мг/1000мг или инсулин? кој ендокринолог кај нас се труди да ја најде причината на покачен HbA1c, а да не биде само чисто етикиран како дијабетичар?
Ако ги направи тие 2 додатни теста, нема да има дилема. Погрешно дијагностициран дијабет (кој често е инсулинска резистенција која е скоро истата работа) е ДАЛЕКУ помало зло од нетретиран.

Исто така ако има прекумерна тежина, притисок, и други ризик фактори нема што да се мисли тогаш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485
Ако ги направи тие 2 додатни теста, нема да има дилема. Погрешно дијагностициран дијабет (кој често е инсулинска резистенција која е скоро истата работа) е ДАЛЕКУ помало зло од нетретиран.
Исто така ако има прекумерна тежина, притисок, и други ризик фактори нема што да се мисли тогаш.
... третиран пациент со Витамин Д му се нормализира нивото на гликоза во крв и посочени резултати му беа во нормала, штом ќе му падне нивото на Вит Д се покачува гликозата во крв и посочените анализи се пореметуваат,
прашање, дали треба пациентот да му се дава антидијабетични лекови поради покачената гликоза во крв или Витамин Д кој во нормални вредности ја прави неговата гликоза да спадне во нормални граници?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.488
... третиран пациент со Витамин Д му се нормализира нивото на гликоза во крв и посочени резултати му беа во нормала, штом ќе му падне нивото на Вит Д се покачува гликозата во крв и посочените анализи се пореметуваат,
прашање, дали треба пациентот да му се дава антидијабетични лекови поради покачената гликоза во крв или Витамин Д кој во нормални вредности ја прави неговата гликоза да спадне во нормални граници?
Врати се и прочитај пак.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.903
Поени од реакции
8.482
Предозирање со витамин Д може да убие.


#ТолкуЕПостот
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.903
Поени од реакции
8.482
...исто и хипогликемијата!
Метформин е прв медикамент на избор кај диабет тип 2 и гледам помор на дијабетичари во светот од хипогликемија, абе еден жив не остана и така според бијонс се реши дијабетот. :pos:
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Glikiran hemoglobin od 52 mmol (okolu 7 %) ne e za terapija tuku za dieta (okolu 3 meseci) i povtorna kontrola. Granica za terapija so metformin e Glikiran hemoglobin nad 7,5 % do 9%,nad 9% e dvojna antiglikemicna terapija.
Dozata e isto taka pregolema.
Metforminot ne e bas ednostaven lek (sum doziveal kaj mnogu pacienti so diabet tip 2 laktacidoza kako posledica na samiot metformin, I toa ne e bas retko) taka da ovaa terapija pred da se predpise treba golema pretpazlivost.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.579
Поени од реакции
37.485
Метформин е прв медикамент на избор кај диабет тип 2 и гледам помор на дијабетичари во светот од хипогликемија, абе еден жив не остана и така според бијонс се реши дијабетот. :pos:
...мене воопшто не ми е смешно, метформинот како лек се применувал кога ти уште си студирал, па питање дали и тогаш, се исфрли од употреба еден период поради страшни гастро тегоби и неоправданост како бигванидин повеќе бил како ,,придружен,, антидијабетски медикамент кај гојазни, читај, пациенти со голема телесна маса или тие кои внесувале повеќе храна, знаеме дека бигванидинот не делува на лачењето на инсулинот, но знаеме дека човек кој нема апетит и е слаб и му е пореметен метаболизмот со покачена гликоза во крвта со метформинот (бигванидин) дополнително ќе си има проблем со абдоминални болки,
за да по извесен период повторно влезе метформинот на голема врата како антидијабетски лек на избор за тип 2 дијабет, но проблемот со тебе кон мене е што ти не го читаш, а се смееш, што се прави со тие пациенти низ цел свет само се дозира метформин и тоа е тоа лечење? тоа е само лек за ,,остранување,, на зголемена гликоза во крв но не и причината зошто е зголемена, и затоа статус кво ситуација доживотно метформин? тоа е решавање на дијабетот со метформин и инсулин во 21 век? се додека така се размислува ќе има многу дијабетичари во светот повеќе и повеќе и нормално потрошувачка на една генерика орален лек и неколкуте инсулини, кажи ми дали вооошто некој се излечил од присуство на зголемена гликоза во крв освен што се етикетира ти си дијабетичар и толку, еве јас имам примери со делување на друг присутен фактор во телото со што се нормализира гликозата во крвта без антидијабетски лекови и се изема од ,,дијабетичар,,, само ќе се каже ,,имаш проблем на лачење од ЛХ на панкреас ,, тоа е доживотно ете ти метформин и инсулин...и тоа е лечење во 21 век?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.741
Поени од реакции
18.488
Glikiran hemoglobin od 52 mmol (okolu 7 %) ne e za terapija tuku za dieta (okolu 3 meseci) i povtorna kontrola. Granica za terapija so metformin e Glikiran hemoglobin nad 7,5 % do 9%,nad 9% e dvojna antiglikemicna terapija.
Dozata e isto taka pregolema.
Metforminot ne e bas ednostaven lek (sum doziveal kaj mnogu pacienti so diabet tip 2 laktacidoza kako posledica na samiot metformin, I toa ne e bas retko) taka da ovaa terapija pred da se predpise treba golema pretpazlivost.
Тоа се средува со ко терапија со thiamine.

Бтњ контрола на гликемија не е единствената причина за терапија со метформин, не мора да си дијабетичар за да пиеш метформин, инсулино резистентни пациенти се ставаат на таква терапија.


@bijons Нема абдоминални болки или се само неколку дена, ако е XR верзија.

Метформин е многу ефикасен во намалување на компликации долгорочно независно од диета.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom