Ди-Џеј Славе

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.580
Поени од реакции
8.577
Веб-сајт
www.flickr.com
slave.jpg

фото: Кристијан Теодоров

На форумов има малку теми за македонските диџеи, меѓутоа Славе сосема заслужува тема.

Славе е пред се скречер кој сака да експериментира со музичките правци и стилови. Иако негови омилени за пуштање се drum&bass и рап, секогаш знае среде сет да вметне нешто што ни на крај памет не би очекувал да го чуеш смиксано.
Порано беше член на Mosaique a сега е гостин ди-џеј на Суперхикс. Освен со нив има соработувано со уште еден куп други бендови, бидејќи не се ограничува самиот себе си во еден жанр.

Јас Славе прв пат го слушав на некои дешафки у Парк пред 7-8 години. Со текот на времето станува се подобар и подобар. Неделите во Кастро беа резервирани за Манџата која ја готвеше со Game Over и кои успеаја неделите во Кастро од обична ноќ да ги претворат во Must Attending Event.

На овогодинешниот Пиволенд му беше отстапен терминот на Рони Сајз. Знаев дека ќе изнапушта се и сешто, ама дека толку многу народ ќе остане од 4 часот да го слуша неговиот микс воопшто не претпоставував.

Големиот број пофални зборови и коментари на ФБ и Твитер се доказ дека Славе е Човекот!

За крај неговиот фан пејџ на ФБ.
 
Славе не беше со Пука Козметика едно време или јас сум грешка? Инаку баш прегеска праевме муабет со еден другар за типацов, дека е закон.
 
Јас го слушав годинава на пивофестот пред Суперхикс... пошо нели беше со нив ама нешо закаснаа и излезе да загрее малку... 10тина минути ама цела публика ја крена на нозе со 6-7 траки... супер е!
 
Славе е човекот за добра атмосфера... крева атмосфера ко Суперхикс... oh wait! :D

Можеби не е познат толку по сопствена продукција, ма да има и негови добри траки. Беше скоро непознат за јавноста, се „прослави“ со Суперхикс, и сеа важи за еден од најдобрите мк-диџеи, заслужено.

и како што пиша StormRage, тоа на охридскиот пивофест беше екстра,сите беа полуживи, овој не крена сите у вис со 5-6 песни. :vozbud:
 
Славе за преседател!

Кога он пушташе музика по приватни/андерграунд забави, и дешавки...другиве "јаки" фаци низ градот кои сега вртат музика, незнаеа што е плоча!
 
неговата омилена :)))


За Славе искрено да чујам некој да има да кажи лош збор во билокој сегмент,нема да му верувам ни под разно! ДУША ЧОВЕК,онаква појава не може да не те расположи. На една собиранка во стан имаше свое шоу а.к.а Стенд Ап комеди....Не можев да престанам да се смеам саат време!!!

ЅВЕР ЅВЕР ЅВЕР! :D
 
А бе овај војнички му е на другар ми, Славе дали се сеќаваш :icon_lol:, ај не е за на форум :icon_lol:.
 
Славе! Само еднаш у Струмица дојде и заеба работа... Ваљда така се имал договорено. Али у Кастро Манџата КРАЈ! Какви тракици вади... јао!
 
Славе е човекот за добра атмосфера... крева атмосфера ко Суперхикс... oh wait! :D

Можеби не е познат толку по сопствена продукција, ма да има и негови добри траки. Беше скоро непознат за јавноста, се „прослави“ со Суперхикс, и сеа важи за еден од најдобрите мк-диџеи, заслужено.

и како што пиша StormRage, тоа на охридскиот пивофест беше екстра,сите беа полуживи, овој не крена сите у вис со 5-6 песни. :vozbud:

Значи тој беше крив во Охрид што неможев да се соземам два дена од играње? :)
Незнав дека бил тој, стварно е цар.
 
Може да се најде негде сетот што го рокаше на пиволендов? :)
--- надополнето: Sep 5, 2011 5:36 PM ---
Ја ко шо глеам само една песна е. Olly Murs - Heart skips a beat.
 
Може да се најде негде сетот што го рокаше на пиволендов? :)
--- надополнето: Sep 5, 2011 5:36 PM ---

Ја ко шо глеам само една песна е. Olly Murs - Heart skips a beat.

Има две Records 5 i 6 во линковите,а незнам и зашто ми се линкува и целиот текст што го имам напишано.Инаку фала :))))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom