Џон Мекејн ја наоружувал УЧК

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.870
Поени од реакции
5.761
Aмериканците со албанско потекло заедно собрале повеќе од милион долари за претседателската кампања на републиканскиот сенатор Џон Мекејн, соопшти завчера Албанско-американската граѓанска лига, лобистичка група предводена од поранешниот конгресмен Џозеф Диогарди. Српска "Политика" објави дека приемот за Мекејн се одржал на 22 јануари во хотелот Сент Риџис на Менхетен, а сенаторот кој моментално води во трката за кандидат на Републиканската партија на ноемвриските избори ја прекинал кампањата на Флорида на еден ден за да биде во можност да присуствува на собирот. - Уште од 1998 година кога имавме проблеми со Милошевиќ, Мекејн работеше се што баравме од него во корист на албанскиот народ, вклучително и вооружување на ОВК. Ние сме американски Албанци и нас ни треба водач кој ќе ја зацврсти оваа земја... Ние мораме да го поддржиме Џон Мекејн, бидејќи тој направи се што побаравме од него за Косово, од поддршка на Ослободителната војска на Косово до поддршка на независноста на Косово. Тој пред две години во говор во Брисел рече дека независноста е единствено решение - изјавил Диогарди, кој повеќе од 20 години се бори за независноста на Косово.
Тој објаснил дека прво што Мекејн му рекол на 22 јануари кога влегол во хотелот било: "Џо, ги видов твоите луѓе (Албанци) во Мичиген, и во Јужна Каролина и во Њу Хемшир", од што овој лобист извлекол заклучок дека сите Американци со албанско потекло ќе гласаат за сенаторот од Аризона.
Диогарди и неговата сопруга Ширли Клојс-Диогарди веќе со години се пријатели со Мекејн, а тој досега неколку пати во Сенатот интевенирал во корист на Албанците. Поради тие заслуги Албанско-американската граѓанска лига пред неколку години му ја додели и својата "Балканска награда за мир", а повод беше предлог-сенатската резолуција која ја напишал Мекејн, во која Албанците се пофалени за "спасување на сите Евреи кои живееле во Албанија или таму побарале засолниште за време на холокаустот".
Меѓутоа, иако води во трката за претседателска номинација, Џон Мекејн се уште не успеа да го убеди главното крило на Републиканската партија - конзервативците, дека тој е правиот кандидат. Една од причините е и што тој често говорел спротивно на повеќето републиканци, како во 1999 година, кога барал пожестоки воздушни напади на Србија.
Во април таа година, три недели после почетокот на бомбардирањето, изјави дека САД се во опасност да ја изгубат војната од српската војска, која има "застарена опрема" и "воопшто нема воено воздухопловство", ако не се покренат "масовни, стратешки и концентрирани" воздушни напади. "Не смее да биде забрането да се нападне било која инфраструктурна мета... Сите жалиме за цивилните жртви, но тие се неизбежни", рекол Мекејн.

vecer
 
Ахам.
Сепак,пак ќе речам од двете зла,подобро е ова.Конзервативците.
Не дај Боже да победи оној Барак или Хилари.Не дај Боже.
 
Абе работава: Од две лоши кое е помалце лошо.
 
Sve e super ke go vikneme na otvaranjeto na uck muzejot i ke bide golema slava, uste sega kosova koga ke dobie nezavisnost.
Ke ima skandiranje njato i alji, ke bide LUDO.
 
Абе работава: Од две лоши кое е помалце лошо.

За жал така е.
Републиканците т.е конзервативците во оваа ситуација се помалото зло.:toe:
 
Мислам дека не е во прашање пријателство , се работи најверојатно за бизнис посредништво околу продажба на оружје , или пак нешто друго .Не е тајна дека колумбија е ништо во бизнисот со дрога , откако во косово се изградија еден куп лабаратории за производство , со американски амин .Колкави се апсурдите кога се во прашање парите ке би кажам дека со мои очи видов во 2001 ва на самата граница МК со косово , поред другото запленивме и еден куп униформи од УЧК кои се изработени од ЈУМКО . Кој нормален ке си помисли дека некој го сака тоа племе , само неписмените шипци таму и овде .Париииииииииииииииииии .
 
Во политика нема пријатели,има само заеднички интереси.:helou:
 
Не ме изненадува ова.На еден друг форум имам видено слика од Мекејн како носи шал на кој имаше двоглав орел и пишеше Косова.
 
Кој знае?
Таму во политиката се мотаат типови, родени под темни ѕвезди.
А од Косово доаѓаат родени од под уште по темни.
Се слагам дека е подобро да добие Џон а не демократите.

Инаку, дегенерикот Диогарди сеги карши капитол хил повеќе од 20 години, таму беше уште кога Тито беше жив.

Се работи за исклучително гнасна, криминална и фанатизирана личност, на која може да му се спореди само некој од калибарот на Бин Ладен и слични.
 
За македонците се е лошо/evil/зло,се прашувате зошто така испадна?:)
 
Републиканците се во секој случај помало зло за нас. За тоа пишував еднаш. Мислам, сигурно е дека им фали нешто и дека кога-тогаш ќе предизвикаат војна од пошироки размери, ама барем се акаат по блискиот исток и не ни мрчат многу. Демокративе од којзнае какви причини запнале за црни дупки како Балканов. Едвај се трпеше нивното и минатиот пат кога беа на власт така да не ни се пишува ништо добро со нив. Во последно време се прашувам: ќе добие ли таа држава нормален претседател во догледно време..?
 
Чим Албанциве собирале пари ондак избориве се завршена работа :pos:
Бар за тоа ги бива.
 
Републиканците се во секој случај помало зло за нас. За тоа пишував еднаш. Мислам, сигурно е дека им фали нешто и дека кога-тогаш ќе предизвикаат војна од пошироки размери, ама барем се акаат по блискиот исток и не ни мрчат многу. Демокративе од којзнае какви причини запнале за црни дупки како Балканов. Едвај се трпеше нивното и минатиот пат кога беа на власт така да не ни се пишува ништо добро со нив. Во последно време се прашувам: ќе добие ли таа држава нормален претседател во догледно време..?
Колку е таа нормална држава за да добие нормален председател , имаш прилика да гледаш секој ден на ТВ какви дегени се , најголемо зло во светот што се случило во целата историја на планетава.
 
Колку е таа нормална држава за да добие нормален председател , имаш прилика да гледаш секој ден на ТВ какви дегени се , најголемо зло во светот што се случило во целата историја на планетава.

Не знам дали се најголемо... секогаш имало некоја империја која ги тероризирала послабите и тоа траело со векови. Овие нема да потраат уште многу. Далеку се од нормална држава во секој случај ама па не може секогаш вакви шутраци да избираат. Поголем од сегашниов сигурно не може да најдат... :vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom