По што е подобар од Мајли Сајрс?

Не го можам детево воопшто, не дека ми смета, нека си го фура филмот, секој го има право, ама не можам да кажам еј браво за детево кога имам одбивност само што ќе го видам... и според мене е префорсиран и преценет, а не е баш нешто толку вундеркид.... Тоа што Џони Деп му бил на концерт, не е ама баш никаков показател, можеби децата негови го сакаат, па затоа отишол. Ако Џони Деп отишол на концерт негов, не значи дека треба сега да речам Браво мали...
Не се правам музички експерт, затоа што слушам се. И кога мала ги слушав и Спајс Грлс и Бекстрит бојс и Рики Мартин и слушам што ми се слуша...
Викаш дека е подобра опција од Мајли Сајрс. Зошто? Не дека Мајли Сајрс е опција, ама што толку го прави подобар? Бебешката фаца и гласчето?
Префорсиран е, му излага биографски филм/документарец кој замисли ќе го следел ЦЕЛИОТ негов живот од најраните почетоци. Кои почетоци?? 16 години има, треба уште многу леб да јаде за да заслужи да има свој филм. Има легенди кои не дочекале уште филм за нив да има.
Ќе кажам пак, нека си пее, нека си го тера филмот, јас сигурно нема да кажам ко некои на темава, дај Боже да било вистина, пошто не му посакувам ништо лошо на малиот нека си го тера животот, нека му е се најубаво, ама јас не можам да му речам Бравос топ си, кога ми е одбивен и ќе си правам шали на негова сметка од типот на The awkward moment when Justin Bieber inhales helium and nothing happens...
Го сакаат тинејџерки? Нека го сакаат слободно, ама тоа не значи дека не смеам да имам мислење за него.