Крејзи не знам на кој попрост начин да ви доловам поента од тоа дека музиката е за тинејџери? Ти тинејџер ли си па да ја коментираш неговата музика? Сериозно не ве разбирам, на 22-23 години да спорите квалитет на музика која не ја ни слушате и да го коментирате перформансот итн, ми делува како да се фатил слеп за стап. Освен се разбира ако сте му преслушале некој албум, па да ме разоружате со некој пост кој држи вода, а не се состои во тоа дека бил антипатичен. Јас не можам да го коментирам како музичка појава малиов, затоа што просто и едноставно неговата музика не оди со она што јас го слушам, а богами и со годините. Ако го слушате ондак пеки, коментирајте го. Ама јас не видов ниту еден пост во кој се вели, абе песнава не е во ред, гласовните можности му се ограничени итн итн. Колку песни знаеш од него за да го коментираш? Јас знам една единствена со наслов Baby само зашто е Јутјуб рекордер по гледаност.
Како е подобар за тинејџерите од малата Мајли? Па да речеме не конзумира дрога јавно, не се бутка по ќошеви на диско клубови со сомнителни личности и не продава евтин морал. А тоа со младина каква што е американската која оди на копи пејст и тоа како се цени. Читнете малку реакции на родители на деца чии кои растат со МТВ (зборам за западни медиуми) ќе видите каква е реакцијата кон секој од нив и ќе ви стане јасно за што зборам.
И пак ќе кажам, соодветно на возраста и она што слуша човек може да коментира.