Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

  • Креатор на темата Креатор на темата bibika
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
еве јас имам некоја алергија цела сум исфрлана, по нозете најмногу и многу ме чеша, па само што бев на доктор и ми ставија инекција синопен али дупла, и сега сум некако малаксана....али ептен сум паничарка и сеа страв ми е да не ми е нешто од инекцијата или слично, па од паника вајда многу брзо ми чука срцево цело време и не знам дали да си легнам или да чекам да се подсмирам

Па не биди толку паничарка, делувај малку психички, не мисли на инекцијата, знаеш некогаш негативното мислење во мозокот лошо се одразува врз организмот, мој совет ако можеш заспи или работи нешто кое ќе го одвлече мислењето од инекцијата.
 
Она белото што се појавува под ноктите како недостаток на што се јавува?
Злобнице каде сии !?
 
Она белото што се појавува под ноктите како недостаток на што се јавува?
Злобнице каде сии !?

se javuva koga fali zelezo ili cink.Ima tema kaj sto e objasneto koi produkti gi sodrzat ovie elementi.
p.s. Zlobnica e na rabota,zatoa potrpelivo!
 
Имав црвенило на окото,околу 2 недели. Значи само на едното. И при крај кога почна да се смирува отидов на лекар. Таа докторката ме прегледа на апарат еден и ми вика ова е (нз како се викаше...)коњуктивитис ама чудно како само на едно око. И ми даде едни капки и маст. Кога почнав да ги ставам мама ми се еба на окото партал црвено. Престанав да ги земам. Сеа она ме подјебала или тоа е очекувана реакција?
 
Имав црвенило на окото,околу 2 недели. Значи само на едното. И при крај кога почна да се смирува отидов на лекар. Таа докторката ме прегледа на апарат еден и ми вика ова е (нз како се викаше...)коњуктивитис ама чудно како само на едно око. И ми даде едни капки и маст. Кога почнав да ги ставам мама ми се еба на окото партал црвено. Престанав да ги земам. Сеа она ме подјебала или тоа е очекувана реакција?

Коњунктивитисот е инфекција на коњунктивата и може да биде предизвикано од многу причини: алергија, вируси, бактерии, иритација поради механичко надразнување итн. Терапијта зависи од причината,кај алергиски коњунктивитис се препишуваат антиалергиски капки за очи или масти, виралните зависи од вирусот, најчесто се дава ацикловир, а при бактериска инфекција се препишиваат капки и масти на база на антибиотик. Сеа твојава лекарка може помешала за која форма се работи и утнала терапијата, затоа иди на друг лекар да те прегледа бидејќи само од себе тешко да помине а и трае, плус нејќеш да ти се јават некои од можните компликации, а и непријатно е, чеша, осетливост на светло, чувство дека имаш нешто во окото итн.
 
Па сега без лекарства ми е 10 пати боље :)

Иначе ако имаш време може да ми кажеш последици од не-лечење на коњунктивитис?


Фала за одговорот. :smir:
 
Па сега без лекарства ми е 10 пати боље :)

Иначе ако имаш време може да ми кажеш последици од не-лечење на коњунктивитис?


Фала за одговорот. :smir:

Можни компликации на коњунктивитис се: развивање на супер инфекција,на пример ако имаш бактериелен коњунктивитис доаѓа до дополнителна инфекција со некој вирус пример, или со друг тип на бактерии итн. Најлоша компликација е ако дојде до инфекција на корнеата (предниот проѕирен,испакнат дел над зеницата), која е најодговорна за гледањето со рефракција од +43 dpt, и со тоа може да дојде до гребење и искривување на истата, и намалување на видот.
 
Чисто информативно,ми успеа терапијата со ж'та.Денес уште еден колега отиде у аут од стомачниов вирус.Вчера имав некој почетни тегоби али огненава вода ги протера:helou:
 
нешто против изгореници? ептен е црвено и ептен пржи...
и кисело млеко не помага
 
нешто против изгореници? ептен е црвено и ептен пржи...
и кисело млеко не помага


Кантарион со маслиново масло(мене многу ми помага во такви ситуации)
Пробај:smir:
 
Ej drustvo imam 1 prasanje

Pocnaa da mi ZUE levovo use.... edno 2 nedeli aj vikam ke prestane, ama aber nema, bev na lekar, nesto cistenje na usite mi pravea, i mi vika ke bides podobar, ama eve pominaa 2-3 dena i pak imam ZUENJE u usite

IMAL LI NEKOJ VAKOV PROBLEM OD VAS ????
 
имам вртоглавици, стомак ме боли и ми се лоши во моментот кога ќе излезам на сонце, најчесто во најжешкото, па и после. До сега не ми било вака, дури и кога било и пожешко...
Ова дека може да имам недостаток на железо или...?
 
Можда претходно е објаснето,ама неможам да барам,па ако може некој да ми ги објасни првичните симптоми на заушки.
 
Можда претходно е објаснето,ама неможам да барам,па ако може некој да ми ги објасни првичните симптоми на заушки.

Периодот на инкубација варира од 10-25 дена, но најчесто изнесува околу 18 дена. Болеста започнува наеднаш, со појава на општи симптоми: малаксаност, губење на апетит, главоболка, покачена температура. Отокот што се појавува во задвиличниот предел (најпрво еднострано, а потоа и на другата страна) дава чувство на затегнатост, болки во пределот на увото, болка при зборување и џвакање, како и намалено лачење на плунка и сува уста.
Честото зафаќање на машките полови жлезди (тестисите) во вид на орхитис и мозочните обвивки (менингитис) се смета за локализација на процесот во други органи, а не компликација на болеста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom