C
CoolIris
Гостин
Ти си тој што се повикуваш на персоналот. Персоналот не е крив што работи во мизерни услови за мизерни плати. Од друга страна, знаеме сите какви се условите во Германија. И сега веројатно (претпоставувам) дека си на почеток од твојата специјализација или млад лекар дојден во Германија и си најден во чудо. Маѓепсан си од здравствениот систем на Германија. Знаеме сите и јасно ни е какви се условите таму, ама ете не сите сме успеале да стигнеме таму.Коментарот е на место. Затоа што персоналот е тој кој што треба да ги заштити пациентите од тие услови во кои се. Лебарките, тоалетните се работи кои можат да се решат ако се има волја и грижа. Но се е потонато во апатија која дури и ти ја оправдуваш. Затоа и го имаме овој резултат. Ако ова е банално тогаш не знам што да кажам.
Сепак, дрзок ти беше коментарот кон твоите колеги во Македонија. Ја немам ништо против тебе, би сакала дури да читам и да се едуцирам повеќе за начинот на кој што се третираат пациентите во Германија. Убаво е да се разменуваат мислења и ставови од различни делови на светот.
Баш денес читав дека Африка прилично добро се справила со кризата со коронавирусот. А замисли, тоа беше најмалку очекувано од Африка. Се проценуваше смртност од околу 10 милиони. Повели, еве ќе споделам и линк.
https://www.fakulteti.mk/mobile/new...-na-pandemijata-podobro-od-drugite-kontinenti
Банални се причините за кои што се дебатира, додека некој чека совет (кој умее да го разбере).