Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
@AlternativeF @maja-maja и сите останати кои можат да ми помогнат и одговорат на прашањево....

Вчера доживеав огромен стрес кој трае и денес (може да се каже еден од најголемите или најголемиот во мојот живот), премногу плачев, имав висок притисок. Се осеќав напнато посебно во вратот, па дури и денес на вратот се приметува како има отскокнување/треперење во пределот на вените на вратот каде се мери пулс. Се напив два пати во денот по еден диазепам од 2 милиграми.

Утрово кога станав осетив некоја чудна болка во пределот на срцето. Подоцна приметив како срцето ептен силно и брзо чука и од тогаш до сега постојано е така, а така никогаш до сега не ми било. Само кога ќе полежам се смирува малку. Но денеска исто така почна и да имам чести болки во пределот под градата, лево од неа што значи под пазувата и во моменти во грбот. Дишењето ми е отежнато, како да ми недостасува кислород и ми се гади/повраќа.

Пред некој месец ми правеа ехо на срце и ми рекоа дека имам и некој залисток на срцето што не функционира правилно и таков бил од раѓање.

Можно ли е тој да прави проблем и да имам некој проблем со срцето? Да одам на лекар или ќе помине ова зошто сум под стрес?
Појди на лекар кај кардиолог и не чекај само од себе да се смири.Сето ова објасни го , може треба плус испитувања да направиш. Твојата матична да ти даде приоритетен упат до кардиологија во Скопје.Твојот проблем не се решава со дијазепами ...
 
Некоја приватна амбуланта што прави ехо на абдомен со сини картони да работи?
 
Хепатит Б и Ц каде испитуваат ? И колку е ? На блиска личност и треба за операција , ме интересира и за колку време ги даваат резултатите ?
 
Во резултати од систематски преглед како хронична болест пишува Oпструктивен тип нa вентилaтoрнa инсуфициенцијa oд лесен тип. Лицето нема астма и кога се правел прегледот немало никаква болест?
 
Дијагнозата е без веза :D[DOUBLEPOST=1429303438][/DOUBLEPOST]
дали е можно ова ?? оперирана поголема бемка,добиени резултати од патологија позитивни,а ниту хирургот кој оперираше ниту матичниот лекар не го упатиле пациентот на онкологија за понатамошно следење на состојбата на пациентот ??

хирургот рекол ова не е добро нема лек за ова,човекот кој е опериран не е пуштен на онкологија
Ете се случило, мада не е правилно, во најмала рука матичниот требало да го прати пациентот на компјутерна томографија или на онкологија директно да се види дали има метастази па потоа да се одлучи што ќе се прави.
 
Последно уредено:
Хепатит Б и Ц каде испитуваат ? И колку е ? На блиска личност и треба за операција , ме интересира и за колку време ги даваат резултатите ?

Во Државна Болница со упат од матичен, на микробиологија...
 
Дијагнозата е без веза :D[DOUBLEPOST=1429303438][/DOUBLEPOST]
Ете се случило, мада не е правилно, во најмала рука матичниот требало да го прати пациентот на компјутерна томографија или на онкологија директно да се види дали има метастази па потоа да се одлучи што ќе се прави.
чуда доктори има,му рекле нема спас за тебе а потврда од снимки никакви :facepalm:

го оболеа психички човекот и цела фамилија
 
@AlternativeF @maja-maja и сите останати кои можат да ми помогнат и одговорат на прашањево....

Вчера доживеав огромен стрес кој трае и денес (може да се каже еден од најголемите или најголемиот во мојот живот), премногу плачев, имав висок притисок. Се осеќав напнато посебно во вратот, па дури и денес на вратот се приметува како има отскокнување/треперење во пределот на вените на вратот каде се мери пулс. Се напив два пати во денот по еден диазепам од 2 милиграми.

Утрово кога станав осетив некоја чудна болка во пределот на срцето. Подоцна приметив како срцето ептен силно и брзо чука и од тогаш до сега постојано е така, а така никогаш до сега не ми било. Само кога ќе полежам се смирува малку. Но денеска исто така почна и да имам чести болки во пределот под градата, лево од неа што значи под пазувата и во моменти во грбот. Дишењето ми е отежнато, како да ми недостасува кислород и ми се гади/повраќа.

Пред некој месец ми правеа ехо на срце и ми рекоа дека имам и некој залисток на срцето што не функционира правилно и таков бил од раѓање.

Можно ли е тој да прави проблем и да имам некој проблем со срцето? Да одам на лекар или ќе помине ова зошто сум под стрес?
Колку што можам да те проценам ти недостасува физичка активност
 
veke eden mesec osekam kochenje vo desna noga,sega mi se proshiri i pod rebra.sto moze da bide.mislam deka i noktite ne mi rastat na desna noga.
 
Здраво. Пред 3 дена под стомакот накај препоните, ми излезе чирче. Од тогаш до сега порасна и е големко, и при допир ме боли. Јас го премивав со камилица и го мачкам со павловичева маст, а сега купив и хлорамфеникол маст. Уште е незрело чирчето, полно е со некаква течност црвено-виолетова. Исто така почнав да пијам и амоксиклав антибиотик. Но, по многу коментари по странски форуми, се уплашив од исксутвата дека чирчињата се множат и остануваат за цел живот. Јас ова го чекам да пукне секој момент, а откако ќе пукне ќе го истискам убаво, ќе намачкам со јод и ќе ја премивам раничката со жалфија. Дали некој имал до сега искуство со чирче ?
 
Со оглед дека имам доста широки нозе, при одењето ми се допираат од внатрешна страна, па посебно летно време имам ваков момент.
Лошо е само што се доста болни, па знае да биде и доста непријатна и најмалата активност.

Јас го употребувам Хидроциклинот и навистина ми помага.

А дека ,,остануваат за цел живот,, - не сум сигурна дека баш за овие ,,чирчиња,, станува збор :) Овие се предизвикани од внатрешни влакна или неможност на кожата да диши и се акутни настани, затоа е убаво да појдеш до дерматовенерологија да ти дадат права дијагноза, зошто вака само споделуваме искуства, но реално, иако е голема можноста, не значи и дека станува збор за истиот проблем.
 
Ме погледна лекар, онака дома му бев као на маало, зошто не сум си дома, и ми рече да си купам ЦРНА МАСТ и да мачкам, и да ставам да лепнувам ЛОКУМ ( и мене ми падна чудно , да o_O ). И земав и црна маст и локумче, ете сега сум ставил на чирчето ( инаку во големина на лешник ) локумче, и седам, после тоа ќе премијам со камилица па пред да си легнам ќе се намачкам црна маст. Е, ми рече дека кога пукне - ако пукне де, да го премивам со борна вода 3 % / хидроген 3 % или било кој антисептик и со чапкалка за уво убаво внатрешно да го исчистам. Секако, откако премијам, да оставам да се исуши и да ставам пудра бебешка за побрже да се исуши чирчето. Ми рече да пијам доксициклин антибиотик 1 на 12 саати или амоксициклин или амоксиклав изгледа сите се на иста база, но, да не пијам повеќе од 6 дена бидејќи тоа не е сериозна инфекција, но, би го уништила целосно чирчето. Ми рече дека чирчето настанува од прочистување т.е некако реобновување на крвта, поради исфрлање на токсини од телото и што ти знам таму друго. Но, гледам дека некои викаат дека се реобновуваат, па ми е многу страв.
 
Иам покачена температура веќе 2-3 дена, беше чера на доктор дадеа ми риностоп.Нема ефект, моментално иам 38.5. Шо да направам да се симне?
 
Ako e virus ke ti spadni skroz duri po 2,3 dena vo meguvreme stavaj oblogi so voda i ocet, fervex obavezno i vitamin c (ovosje)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom