@AlternativeF @maja-maja и сите останати кои можат да ми помогнат и одговорат на прашањево....
Вчера доживеав огромен стрес кој трае и денес (може да се каже еден од најголемите или најголемиот во мојот живот), премногу плачев, имав висок притисок. Се осеќав напнато посебно во вратот, па дури и денес на вратот се приметува како има отскокнување/треперење во пределот на вените на вратот каде се мери пулс. Се напив два пати во денот по еден диазепам од 2 милиграми.
Утрово кога станав осетив некоја чудна болка во пределот на срцето. Подоцна приметив како срцето ептен силно и брзо чука и од тогаш до сега постојано е така, а така никогаш до сега не ми било. Само кога ќе полежам се смирува малку. Но денеска исто така почна и да имам чести болки во пределот под градата, лево од неа што значи под пазувата и во моменти во грбот. Дишењето ми е отежнато, како да ми недостасува кислород и ми се гади/повраќа.
Пред некој месец ми правеа ехо на срце и ми рекоа дека имам и некој залисток на срцето што не функционира правилно и таков бил од раѓање.
Можно ли е тој да прави проблем и да имам некој проблем со срцето? Да одам на лекар или ќе помине ова зошто сум под стрес?