Појди на лекар кај кардиолог и не чекај само од себе да се смири.Сето ова објасни го , може треба плус испитувања да направиш. Твојата матична да ти даде приоритетен упат до кардиологија во Скопје.Твојот проблем не се решава со дијазепами ...@AlternativeF @maja-maja и сите останати кои можат да ми помогнат и одговорат на прашањево....
Вчера доживеав огромен стрес кој трае и денес (може да се каже еден од најголемите или најголемиот во мојот живот), премногу плачев, имав висок притисок. Се осеќав напнато посебно во вратот, па дури и денес на вратот се приметува како има отскокнување/треперење во пределот на вените на вратот каде се мери пулс. Се напив два пати во денот по еден диазепам од 2 милиграми.
Утрово кога станав осетив некоја чудна болка во пределот на срцето. Подоцна приметив како срцето ептен силно и брзо чука и од тогаш до сега постојано е така, а така никогаш до сега не ми било. Само кога ќе полежам се смирува малку. Но денеска исто така почна и да имам чести болки во пределот под градата, лево од неа што значи под пазувата и во моменти во грбот. Дишењето ми е отежнато, како да ми недостасува кислород и ми се гади/повраќа.
Пред некој месец ми правеа ехо на срце и ми рекоа дека имам и некој залисток на срцето што не функционира правилно и таков бил од раѓање.
Можно ли е тој да прави проблем и да имам некој проблем со срцето? Да одам на лекар или ќе помине ова зошто сум под стрес?
[DOUBLEPOST=1429303438][/DOUBLEPOST]

Овие се предизвикани од внатрешни влакна или неможност на кожата да диши и се акутни настани, затоа е убаво да појдеш до дерматовенерологија да ти дадат права дијагноза, зошто вака само споделуваме искуства, но реално, иако е голема можноста, не значи и дека станува збор за истиот проблем.
). И земав и црна маст и локумче, ете сега сум ставил на чирчето ( инаку во големина на лешник ) локумче, и седам, после тоа ќе премијам со камилица па пред да си легнам ќе се намачкам црна маст. Е, ми рече дека кога пукне - ако пукне де, да го премивам со борна вода 3 % / хидроген 3 % или било кој антисептик и со чапкалка за уво убаво внатрешно да го исчистам. Секако, откако премијам, да оставам да се исуши и да ставам пудра бебешка за побрже да се исуши чирчето. Ми рече да пијам доксициклин антибиотик 1 на 12 саати или амоксициклин или амоксиклав изгледа сите се на иста база, но, да не пијам повеќе од 6 дена бидејќи тоа не е сериозна инфекција, но, би го уништила целосно чирчето. Ми рече дека чирчето настанува од прочистување т.е некако реобновување на крвта, поради исфрлање на токсини од телото и што ти знам таму друго. Но, гледам дека некои викаат дека се реобновуваат, па ми е многу страв.