Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе една недела чувсвувам потешкотија при дишењето, ме тера да земам длабоко воздух за да се издишам убаво. Пред тоа чувствував 2-3 дена болка во градите.

П.С не пушам.
Идто и јас сабајле неможе да спиам и се разбуди рано иначе кај мене почна од чера а имал сум и порано проблеми со дишење.
П.С И Јас не пушам.
 
Луѓе непцава од левава страна ми отекоа и ме болат премногу, не можам ни да јадам. Нервозен, им ебав матер со чечкалици и така ми отекоа. Да ми препорачате некоја крема или раствор за гаргара кој ќе ми помогне да се вратат во нормала? Немој паста за непца затоа што не можам ни да ги мијам забите од таа страна од што ме боли.
 
Масирање со "Прополис" или "Галапро" забен гел за возрасни, ако не си алергичен на медни производи. За гаргара, Стоматидин раствор. Поретко јади и пиј денес за да има време да се исушат раничките.
 
Минатата недела некаде во вторник ме заболе грбот од лева страна мислам онака беше мала болка. Кога станав утредента не можев да се мрднам лево или десно пошто мислам дека лошо спиев. Се мачкав и масирав со една маст што мириса на ментол(нз како се вика). Болката постепено се пренесуваше од еден предел на грбот до друг. Најпрво започна на средина од грбот од лева страна сега е стасана скоро до делот каде што е вратот.Дали знаете некое чаре како може да се намали болката. Заборавив да напоменам на почеток не можев убаво да се завртам али оваа болка е различна ко не знам да ме пече нешто внатре. Фала унапред
 
Треба да снимаш вратна кичма...јас имам спондилоза на 4 и 5 пршлен.
Лек нема,освен физикална терапија која малку од малку помага...тогаш за тогаш...сега написе ремоксикам и малку ќе ти ублажи,или ставај топло ако имаш електрично перниче,мене ми помага!
 
Имавме систематски преглед на работа, крвната слика ми беше супер ( железо, седиментација, леукоцити...) како и да е се запрепастив кога видов дека нивото на холестерол ми е 8 а 5,5 е максимално нормално ниво.. да е уште позафркнато имам само 24 години ( немам вишок килограми,здраво се хранам). Неможам да сфатам од каде дојде оваа работа... Освен ако не е наследно, бидејќи мајками има огромен проблем со холестерол ( за малце заради запушување на вени ќе и ја ампутираа левата нога). Некое чаре?.

И немам некои симптоми, ниту глава ме боли ниту висок притисок, ни раце ми трнеаат...
 
Имавме систематски преглед на работа, крвната слика ми беше супер ( железо, седиментација, леукоцити...) како и да е се запрепастив кога видов дека нивото на холестерол ми е 8 а 5,5 е максимално нормално ниво.. да е уште позафркнато имам само 24 години ( немам вишок килограми,здраво се хранам). Неможам да сфатам од каде дојде оваа работа... Освен ако не е наследно, бидејќи мајками има огромен проблем со холестерол ( за малце заради запушување на вени ќе и ја ампутираа левата нога). Некое чаре?.

И немам некои симптоми, ниту глава ме боли ниту висок притисок, ни раце ми трнеаат...
генетика е тоа, не се замарај многу многу. Глеј триглицеридите да се океј :)
 
Здраво на сите, целава моја ситуација започна пред од прилика 5-6 години, и се влошуваше од ден за ден, имено се работи за еден доста незгоден проблем, често пати во денот јас морам да одам во тоалет по голема нужда, не бира ни време ни место, едноставно морам да одам, се случува во стресни ситуации најчесто, или доколку премногу се изнервирам, а се нервирам многу често, од причина што проблемов не ми дава мир, ми го нарушува нормалниот начин на живот, не можам веќе да функционирам нормално и ме фрла во некоја глупава депресија, се си мислам дека ќе ме следи цел живот. Направив скоро секаков вид на анализи, да се исклучи можноста дека е нешто органско, вклучувајќи крвни анализи, анализи на изметот, на урината, и имам направено колоноскопија, со која да напоменам дека не можев да издржам да ја направат до крај, почнаа солзи да ми течат од болка, значи ете толку ми се згрчени и преплетени цревата. Излезе дека органски е прилично се во ред, иако не верувам многу многу на резултатите, не можам повторно да минувам низ сето тоа, поготово со колоноскопијата. Дојдоа лекариве до дијагноза дека имам нервозно дебело црево IBS синдром, ми препишаа некои два лека, не се сеќавам точно кои беа, но знам дека воопшто не ми помогнаа. Читајќи по интернет, малку се разочарав кога видов дека за оваа ситуација нема некој конкретен лек, останува само психичко лекување и некоја поддршка од блиските. По моја желба и препорака на матичната, почнав да посетувам психијатар, кој од прв ден ми препиша хелекс од 0,25, на втората контрола по неполн месец, хелекс од 0.5 и некои си антидепресиви коишто брзо престанав да ги пијам, па останав само на хелекс од 0.5 некои си 3 месеци од прилика, Меѓутоа, јас не осетив никакво подобрување од тие лекарства, освен што драматично ми се влоши ситуацијата, почна да ми се врти, да губам рамнотежа, да не можам на ништо да се фокусирам, па ги баталив хелексот. Повторно отидов кај психијатарот, кажав што е како е, па ми препиша Ансилан од од 5мг, трипати на ден. Ок, ајде почнав да ги пијам и тие, па може да се рече дека имаше некое мало подобрување, но навистина занемарливо, исто како да го нема, па решив да ги баталам полека и нив, намалував по малку и ги оставив целосно на некои две недели. Откако ги оставив тие и почнав само со Б6, почнав да се тресам како џанки некој кога не примил доза, а во меѓувреме додека не ги пиев, проблемот со цревата си остана, всушност, тој си е цело време присутен. Пак почнав малку по малку да ги пијам, по едно две на ден, да се повратам во некоја си нормала, и сега не знам како да ги откачам, ајде што ме притиска еден проблем со цревата, па уште и ми треба да се навлечам на некои лекови безвезе. Веќе две недели не одам на работа, наутро не можам да се стабилизирам, по саат време сум во тоалет и после немам воља ни за живот што се вика, а камоли за работа, очекувам секој момент да ми кажат не доаѓај веќе. Искрено ве молам, дали некој некогаш се соочил или имал непосредно сознание за овој проблем, да ми понуди било каков совет, се е добредојдено. Благодарам однапред и се извинувам за реферативе.
 
Спортиста сум затоа :))))
Ух во тој случај и повеќе од нормалното
твоите оптеретувања не се како кај останатите
иако имаш појака конструкција и мускулна маса, сепак ........... 2 недели најмалку би паузирал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom