Дежурна Ординација! #2

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
За колку време се опоравува системот Мој термин? Веќе неколку денови, отпрвин немаше термин, после веќе најмалку 2-3 дена системот не им работи. И дали може на друг начин да се закаже за специјалист или мора преку МТ?
Јас пред година имав потреба од приоритетен упут, а системот и беше катастрофа, па и снема струја ... Тогаш матичната се јави во Министерство или ФЗО ( во тој хаос не можам да се сетам точно) на некој број ( веројатно го имаат сите матични) и со мој матичен број, дијагноза и останати податоци директно од таму ми направија упат затоа што имаат увид на се, матичната само го испечати. Што значи опција постои, е сега зависи од вашиот доктор.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Мој термин,е КАТАСТРОФА....
Јас се влечам веќе повеќе од 4 месеци...:(
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Фала @CafeDelMar Не се работи за некој итен преглед или интервенција, но сакавме да ги средиме работите пред зимски распуст за да не се губи од наставата и од екстерното.
Мој термин,е КАТАСТРОФА....
Јас се влечам веќе повеќе од 4 месеци...:(
Анаја, ме подзамисли. Ако е вака, малце без врска ќе испадне пошто и да не е итно, сепак 4 месеци...се што човек планира, му се пореметува. Инаку не ми се допаѓа што чекаш ама таков е лајкот за помош -ми се допаѓа-
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Lurtz,искрено незнам од кого зависи...мојот доктор вика дека е немоќен,неможе да ми помогне,наводно ''врзани му се рацете'':(
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Lurtz,искрено незнам од кого зависи...мојот доктор вика дека е немоќен,неможе да ми помогне,наводно ''врзани му се рацете'':(
Не е наводно туку навистина им се врзани рацете на докторите. Тоа е тоа, единствен начин да се стигне до специјалист е Мој термин. И за приоритетните упати исто мора преку Мој термин, не може да се испечати никаков упат до специјалист без системот.
@Lurtz eдинствено што останува е да се оди приватно, ако е итна работата.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Не е наводно туку навистина им се врзани рацете на докторите. Тоа е тоа, единствен начин да се стигне до специјалист е Мој термин. И за приоритетните упати исто мора преку Мој термин, не може да се испечати никаков упат до специјалист без системот.
@Lurtz eдинствено што останува е да се оди приватно, ако е итна работата.
Токму така!:(
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ако си им некој роднина/пријател, можат да те убацат у тие 20тина минути преглед што ги имаат за некој друг закажано преку системот мој термин. Инаку, како мислите дека толку чекате и покрај системот "Мој термин" а прегледот ви траел 5 минути (освен заради пиење кафе и евентуални итни нивни ситуации) ? И после се чудат како толку термини се неиспоштувани, односно граѓаниве не присуствувале. Па не им одговара да чекаат месец дена за 5 минути брзински преглед. Си бркаат врски и пак ќе си го обават така брзински прегледот, ама барем побрзо од закажаното.

Не дека ја сум го праела ова, ама имам доста видено.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
0
Значи јас сум машко иам 13-14години и цицките малце ми се подуени и кога ги претиснам ме болат некои викат од пубертетот некои мои другари биле на доктор и им кажале оти д*кале многу некоја дискусија или нешто друго ??
 
Broda

Ijackhammer.
Член од
6 февруари 2013
Мислења
259
Поени од реакции
141
Значи јас сум машко иам 13-14години и цицките малце ми се подуени и кога ги претиснам ме болат некои викат од пубертетот некои мои другари биле на доктор и им кажале оти д*кале многу некоја дискусија или нешто друго ??
Другар, оди на доктор што побрзо, можеби е ништо а можеби е нешто, не сакам ни јас ниту пак никој друг овде да ти кажува за тоа бидејќи ќе ти се направат филмови и ќе размислуваш на најлоша ситуација, а психата има големо влијание врз здравјето на телото, затоа појди на доктор.
 
Член од
29 октомври 2014
Мислења
39
Поени од реакции
12
Значи јас сум машко иам 13-14години и цицките малце ми се подуени и кога ги претиснам ме болат некои викат од пубертетот некои мои другари биле на доктор и им кажале оти д*кале многу некоја дискусија или нешто друго ??
Имаш вишок килограми? Мислам дека станува збор за пубертетска гинекомастија, не е ништо страшно само ти играат хормоните. Е сеа можда естетски ти смета ама би требало да се повлече после одреден период, освен ако немаш сериозен хормноски дизбаланс у смисол права гинекомастија па да можеш само со операција да го решиш проблемот. Сепак појди на доктор и направи ехо на градите ке ти каже докторот точно што е. Не е опасно по живот важно.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Татко ми пред месец дена заврши на инфективно поради многу јака пневмонија и некоја бактерија што направи штета на сите органи, но фала Богу се среди се тоа. Од кога излезе од болница е навака натака по болнициве, де рендген на бели дробови, па после ај на ТБЦ, па после ај компјутерска томографија на бели дробови и сега после резултатите од компјутерска томографија, поради некаква сенка го праќаат да направи бронхоскопија. Што е тоа? Се сомневаат на нешто полошо или само поради претпазливост? Додека беше во болница му правеа пункција бидејќи имаше и вода во белите дробови и резултатите од неколку места беа негативни. Што може да се открие со оваа бронхоскопија?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

На бронхоскопија земаат делче од "сенката" и се праќа на испитување да се утврди за што точно се работи и да отстранат сомнеж дека е најлошото. Доколку се одлучи за бронхоскопија нека не ги чека резултатите од државна, туку материјалот нека го носи приватно. Од државна резултати се чекаат 3-4 недели, приватно една недела максимум.
Eве детално објаснување http://www.novosti.rs/вести/живот_ .506.html:420541-Шта-је-бронхоскопија

п.с. Колку и да и кажуваат доктори дека е безболно и нема ништо да осети лажат. Луѓе кои правеле бронхоскопија викаат дека се осеќале ко свињи на колење :(
 
Последно уредено:

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
На бронхоскопија земаат делче од "сенката" и се праќа на испитување да се утврди за што точно се работи и да отстранат сомнеж дека е најлошото. Доколку се одлучи за бронхоскопија нека не ги чека резултатите од државна, туку материјалот нека го носи приватно. Од државна резултати се чекаат 3-4 недели, приватно една недела максимум.
Eве детално објаснување http://www.novosti.rs/вести/живот_ .506.html:420541-Шта-је-бронхоскопија

п.с. Колку и да и кажуваат доктори дека е безболно и нема ништо да осети лажат. Луже кои правеле бронхоскопија викаат дека се осеќале ко свињи на колење :(
лелееееее ... па не ставаат анестезија? :confused:
Чудно ми е сеа што бараат бронхоскопија кога од пункцијата резултатите што беа на онкологија пратени негативни беа. И докторите од прв ден не убедуваа дека не е најлошото и далеку било од тоа :(
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
лелееееее ... па не ставаат анестезија? :confused:
Чудно ми е сеа што бараат бронхоскопија кога од пункцијата резултатите што беа на онкологија пратени негативни беа. И докторите од прв ден не убедуваа дека не е најлошото и далеку било од тоа :(
Ставаат анестезија, ама може да прокрвари кога поминува сондата :(
Инаку бронхоскопија требале да му прават пред КТ. Направивте ли споредба со снимките од рентген и КТ? Кај кој доктор е?
 
Последно уредено:

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Веќе една недела чувсвувам потешкотија при дишењето, ме тера да земам длабоко воздух за да се издишам убаво. Пред тоа чувствував 2-3 дена болка во градите.

П.С не пушам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom