Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
е јебига може е глупаво прашањево ама што мислите: може ли да се добие ГАДНА дијареа од премногу стрес и напнатост?
значи, исто како да мочаш, само низ гз.
толку гадна.
 
е јебига може е глупаво прашањево ама што мислите: може ли да се добие ГАДНА дијареа од премногу стрес и напнатост?
значи, исто како да мочаш, само низ гз.
толку гадна.
Може! Пиј вода или уште подобро во аптека побарај хуман електролит т.е. инфузија на растворање да ги надополниш електролитиве. Би требало да се среди за 1 ден, ако не можеби е вирус, па отиди на лекар да ти даде некој стручен совет, таблетки, пробиотик and stuff.
 
Абе вчера ми падна притисокот на 95/70 имав вртоглавица и денес ми помина ама нормално ли е да ми е мутна главата и некако како да ме стега од напред
 
Ај едно прашање, изгубив осет за вкус, т.е. ми се намали, не е толку интезивен како што беше, и тоа не на целиот јазик туку само од горе. Било што да јадам, ми нема вкус, како што имало, ја чувствувам текстурата, ама вкусот послабо.
 
дечки сакам да дарувам крв, е сега незнам дали треба да бидам гладен кога ќе дарувам или не ??
 
Hello :) Веќе 3 недели жилата позади на вратот од десно ми трепери/рипа и тоа за неколку секунди само и се смирува по неколку пати во денот секој ден. Прво мислев дека ми е од лошо спиење или сл. ама периодот е прилично долг за такво нешто, а во последно време состојбата како да се влошува, почна да ме некако како стега кон главата и кон вилицата за време на треперењето, потоа почна да ме боли целата рака и некако како да ми трпне на моменти( тоа се случуваше некои 3-4 дена имав некои чудни болки сега прекинаа) а и четвртина од грбот исто, сега почна така нешто и во горниот дел од раката да ми трепери, а жилата на вратот исто така си продолжува да трепери. Веќе 4 недела почна како е случува сето ова и почнува на живци да ми оди, прв пат ми се случува вакво нешто и не знам дали би можело да биде нешто сериозно или пак не е ништо страшно. Да паничам или ... ??? Tnx :) :confused:
--- надополнето: 18 април 2013 во 22:55 ---
Ај едно прашање, изгубив осет за вкус, т.е. ми се намали, не е толку интезивен како што беше, и тоа не на целиот јазик туку само од горе. Било што да јадам, ми нема вкус, како што имало, ја чувствувам текстурата, ама вкусот послабо.
Јас така изгубив осет за вкус кога ми раснеше умник, потоа се ми се врати во нормала. Провери да не е нешто слично, умник, расипан заб, крајници ... ;)
 
Да прашам нешто. Ми правеа денес тест Prisca. Ми зедоа крв од вена. Арно ама јас имав јадено чипс и смоки и пиено кафе пред тоа. И сега?
 
Да прашам нешто. Ми правеа денес тест Prisca. Ми зедоа крв од вена. Арно ама јас имав јадено чипс и смоки и пиено кафе пред тоа. И сега?
Без гајле, тоа што се испитува биохемиски во тестот се бета HCG i PAAPA протеинот со многу сензитивни и специфични методи исклучиво само за тие супстанци. Конзумирање на храна не влијае на тие параметри. :)
 
Леле фала ти најмногу, ептен се секирав. Затоа тие мене не ме прашаа дали имам јаднео. Супер, фала.
 
Да Ве прашам... На опашната коска имам како топче, и од долго седење, почнува да ме боли. Докторот ми рече дека е од мн. седење, на школо + дома на PC...Сакам да ве прашам дали некој има вакво искуство и ве молам за одговор, како да исчезни топчето (или насобраниот гној, доколку е гној)

фала многу :)
 
Со истиот проблем за жал, има еден народен лек. Саќе изџвакано да се истолчи со потпечен кромид и да се нанесе на местото. Ќе извлече се, кога ќе се појави пак-пак истото итн итн. Од искуство на близок дека и на лекар да идеш пак може да се појави.
 
Имам проблем и не го рачунам како проблм не ми ни смета.Телото ми е преку денот многу малку се потам да речеме нормално.Но додека спијам тоа се зголемува значи не многу маицата и пижамата да ми се утоп.и што е најчудно никогаш потта не ми мириса а од спиење кога ќе станам спалната и постелата мириса.
Нормално редовно одржувам хигиена,депилирање туширање користам различни парфеми за тело итн.јадам овошје.што може да значи некој ми велат дека од што пијам газирани пијалаци.да не има некој слично искуство.
 
Се чувствувавш ли некогаш уморен навечер (кога ти се случува ова), или да стануваш 2-3 пати за мала нужда?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom