Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш дека овие два елементи се антагонисти? Никогаш не се комбинираат заедно :( оти се намалува апсорпицијата.

линкче
Мислам дека ова не е точно бидејќи врие таблети каде што овие два елементи се заедно.
 
Сакаш да кажеш дека не треба да пиеме вода?
Значи, калциумот и магнезиумот си влијаат еден на друг, настанува компетитивна апсорпција поради големината на јоните, се намалува апсорпцијата на едниот во присуство на другиот. Затоа е пожелно да се внесуваат одделно.

Друго, нема потреба некој да пие таблетки калциум и магнезиум, оти водата во Македонија е доста тврда, така да со 1L вода ги внесуваш дневните потреби од овие два елементи, со рачуница за губитоците поради апсорпцијата.

Оставете тоа што ги продаваат заедно тоа е бизнис. Плус во природни продукти калциумот и магнезиумот се наоѓаат во соли кои многу лесно можат да дисоцираат за разлика од калциум карбонатот и магнезиум карбонатот (таблеткиве) кои се искористуваат така што прво се раствараат во желудочната киселина, па од нерастворливи поминуваат во слободни јони кои понатаму се искористуваат.
 
Дали после пломбирање е нормално забот да боли првиот ден? Не боли онака ама кога јадам на таа страна чуствувам болка и неможам да јадам на таа страна.
 
Дали после пломбирање е нормално забот да боли првиот ден? Не боли онака ама кога јадам на таа страна чуствувам болка и неможам да јадам на таа страна.
Никогаш до сега не ми се случило тоа, да не не е исчистен убаво тоа каналот ?
 
Никогаш до сега не ми се случило тоа, да не не е исчистен убаво тоа каналот ?

Врска немам, сега пак треба да го отвора оф лелеееее. И боли кога ќе го стиснам со јазик, кога ќе притиснам на едната страна од забот
 
Врска немам, сега пак треба да го отвора оф лелеееее. И боли кога ќе го стиснам со јазик, кога ќе притиснам на едната страна од забот
Не сум експерт друже, ама знам дека ако не го исчисти убаво боли :/
 
Некој да знае некој приватен уролог ?
 
Дали после пломбирање е нормално забот да боли првиот ден? Не боли онака ама кога јадам на таа страна чуствувам болка и неможам да јадам на таа страна.
Издржи една недела максимум ќе ти помине.. можно е да е иритирано непцето ... самата пломба врши притисок и тн... во секој случај може ќе ти предложи да го снимаш .. ако те јаде сугестија ;) Постепено болката ќе исчезне -.-
 
Ме боли стомакот кога ќе се притиснам од желудникот горе, па се до абдоменот

Која може да биде причината ? Прехлада или нешто слично ?
 
Ме боли стомакот кога ќе се притиснам од желудникот горе, па се до абдоменот

Која може да биде причината ? Прехлада или нешто слично ?
Многу работи можат да бидат, потребно е стручно лице да те прегледа.
 
Кој дел од денот е најдобар за пиење на омега3 капсулите? Наутро, навечер, на гладно срце, пред спиење, пред оброк, после оброк, во текот на оброкот?
 
Кој дел од денот е најдобар за пиење на омега3 капсулите? Наутро, навечер, на гладно срце, пред спиење, пред оброк, после оброк, во текот на оброкот?
Гледај да биде после оброк зашто некогаш знае да ти се врати гадниот мирис од рибиното масло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom