Другар, цисти има секој 5 маж, ама секој 100 ти слушнал за рак на тестиси, а секој 200 се самопрегледал. Среќа па има мала инциденца, ама се јавува кај млади луѓе, ти си за пофалба што ти се обратил одма на лекар.
Убаво ти кажал урологот, цистиве треба да се следат, они можат да бидат исполнети со воздух или течност, сеедно, безопасни се. Ама ако раснат можат да блокираат некои структури и да ја намалат плодноста.
Незнам дали ти кажа урологот, ама треба да носиш тесни гаќи. Незнам дали некад ти проверувале дали имаш проширен и ослабнат препонски канал, кога ќе идеш на контрола напомени му на урологот да те прегледа.
Ова важи за сите млади момци, треба да прават самопреглед, треба да се запознаат како изгледа нормално кога е без промени и кога ќе настане некоја промена да се обратат на доктор, не секогаш секое чворче е рак, туку многу често се цисти, субакутни воспаленија, проширени вени и што е најбитно нормални анатомски структури што не ги пишува на интернет, а можат да извадат некој од памет, како што е апендиксот на тестисот, епидидимусот.
Си бил на доктор, заборави дека си имал проблем, иди на контрола за месец дена и тоа е тоа, нема ништо лошо, ултразвукот е стандардна техника за дијагностика на скротум и тестиси.