Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво

Имам едно прашање.
Над устата имам една бемка ама е светло кафеава што речиси и да не се познава, но бидејќи сега почнав да се бричам ми создава проблеми т.е ми е страв да не ја поткачам и да ја раскрварам.
Ќе можете ли да ми дадете некој совет што да правам ?
Дали да ја отстранам ?
Како би идел процесот, колку би траел, колку би чинел и дали може да има некои последици од отстранувањето на бемката ?

Во благодарам однапред.
 
Едит: Малце ја поткачив вчера со брич, но ептен ептен малце и крвта се засуши, може да има некаков проблем ?
 
Ме боли главава од 17 часот, испив две кила вода за дехидрација и два аналгини ама сеуште не ми поминува.
Чаре некое да не се траштам по брза помош за глупости..
 
Ме боли главава од 17 часот, испив две кила вода за дехидрација и два аналгини ама сеуште не ми поминува.
Чаре некое да не се траштам по брза помош за глупости..
Измери притисок ако можеш и легни си ако немаш висок или низок, ќе ти помине.
Ако имаш клима веројатно е од тоа.
 
На маjка ми и имаат диjагостицирано сатурациjа во крвта, 17% (нешто во врска со кислородот). Знаете ли нешто повеќе за ова и дали е опасно, и како се лечи?
 
Од што може да биде тоа што најповеќе се потам на главата? вистина наовие горештини се потам насекаде ама најповеќе на главата
 
Здраво

Имам едно прашање.
Над устата имам една бемка ама е светло кафеава што речиси и да не се познава, но бидејќи сега почнав да се бричам ми создава проблеми т.е ми е страв да не ја поткачам и да ја раскрварам.
Ќе можете ли да ми дадете некој совет што да правам ?
Дали да ја отстранам ?
Како би идел процесот, колку би траел, колку би чинел и дали може да има некои последици од отстранувањето на бемката ?

Во благодарам однапред.

Ако е на незгодно место, најпаметно е да ја отстраниш. Прво ќе идеш на кожен доктор, ќе ја погледне со дерматоскоп и ако он мисли дека има потреба да се тргне ќе те упати на пластичен хирург. Процесот трае цели 15тина минути и е со локална анестезија. После отстранување секогаш се врши патохистолошка анализа на ткивото, за да се види природата на бемката, не се замарај многу само 10% од бемките имаат тенденција некогаш да прераснат во нешто поопасно. :) Твојата како што велиш едвај се приметува, така да нема да има ни потреба да се оперира.
 
Здраво!
Сакам да прашам за еден проблем.Еве денеска имам болка под левото ребро.Не знам што можи да биди малку ми е страв.Сакам и да напоменам дека спортувам секој ден па можеби е некој истегнат мускул.Но сепак сакам одговор!
Благодарам однапред!
 
Дишењето како?
 
Кое лево ребро? Има ли промена на бојата на кожата?
И наверојатно си се истегнал па имаш мало воспаление на местото.
 
Нема никаква промена на бојата на кожата
--- надополнето: 14 јули 2012 во 16:37 ---
иначе одма под ребрата, кај стомакот
 
Од пред една недела ми се појавиа болки во нозете.Се јавуваат при кога има малку поголем напор на листовите:при ставање,при скокање,при трчање.Три пати неделно имам тренинг на отворено и трчаме по околу 3-4 километри на патека.Не ми претставуваше проблем но од никаде се појавија болки.Се појавиа наеднаш и секој ден болките се зголемуваат.На почетокот беа благи како болки од замор, но по 2-3 веќе станаа загрижувачки.Се јавуваат на двете нозе околу 7 цм над глуждовите.Некој предлог за маст или вежби за намалување или отстранување на болките?
xlcjz8.jpg
 
Од што мо можело да ме боли под левото ребро?Сакам дак кажам дека во последниов месец спортувам секој ден.Дали е можно да ми се има истегнато мускул или што може да биде?
 
Од што мо можело да ме боли под левото ребро?Сакам дак кажам дека во последниов месец спортувам секој ден.Дали е можно да ми се има истегнато мускул или што може да биде?
Може да ти е слезенката. http://www.webmd.com/digestive-disorders/enlarged-spleen-causes-symptoms-and-treatments
Оди на лекар.
 
Од пред една недела ми се појавиа болки во нозете.Се јавуваат при кога има малку поголем напор на листовите:при ставање,при скокање,при трчање.Три пати неделно имам тренинг на отворено и трчаме по околу 3-4 километри на патека.Не ми претставуваше проблем но од никаде се појавија болки.Се појавиа наеднаш и секој ден болките се зголемуваат.На почетокот беа благи како болки од замор, но по 2-3 веќе станаа загрижувачки.Се јавуваат на двете нозе околу 7 цм над глуждовите.Некој предлог за маст или вежби за намалување или отстранување на болките?
xlcjz8.jpg
За маст можеш да се мачкаш со Фиталп,се купува од било која аптека,50-60 денара е,и е на природна база :)
bilkov-gel-fitalp.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom