Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
За маст можеш да се мачкаш со Фиталп,се купува од било која аптека,50-60 денара е,и е на природна база :)
bilkov-gel-fitalp.jpg
А што може да претставува проблемот?Наместо да се намалува болката, секојдневно се зголемува.
 
А што може да претставува проблемот?Наместо да се намалува болката, секојдневно се зголемува.
Искрено да ти кажам незнам.Може ти е истегнат мускулот,може до тетивите.Таа маст е за опуштање на мускулите,ништо нема да изгубиш,зарем не? :)
 
Ко бев помал се гушев,односно не можев да земам длабоко воздух,после еве да речам 6-7 години,пак почнав така да се гушам одвреме навреме :confused:.
Се изнервирав премногу,срцето почна да ми лупа многу и после 30тина мин. веќе осеќав ко потешко да дишам....
Совет?
 
Од пред една недела ми се појавиа болки во нозете.Се јавуваат при кога има малку поголем напор на листовите:при ставање,при скокање,при трчање.Три пати неделно имам тренинг на отворено и трчаме по околу 3-4 километри на патека.Не ми претставуваше проблем но од никаде се појавија болки.Се појавиа наеднаш и секој ден болките се зголемуваат.На почетокот беа благи како болки од замор, но по 2-3 веќе станаа загрижувачки.Се јавуваат на двете нозе околу 7 цм над глуждовите.Некој предлог за маст или вежби за намалување или отстранување на болките?
xlcjz8.jpg
Магнезиум/калиум зимаш дополнително?Креатин?Дехидрација? Нешто од овие трите?
 
Дали можеш да добиеш инфекција ако се избањаш во езеро на првиот ден од менструацијата, а да незнаеш дека имаш. Бидејќи на пример мене не ми е редовна т.е не ми е стабилизирана (имам 15 години и прв пат добив на 14) и затоа прашувам, стварно незнаев дека сум имала затоа мене ми иде на 2-3 месеци, а не секој месец, а овој месец ете ми стигна на време (мислам на месец, а инаку ако збориме за денови порано ми дојде) и сега многу ми е страв. Помош? :S
 
Не би требало, мене три лета по ред ми иде точно деновите кога ќе сум негде на одмор ( промена на клима или што ти ја знам ) , и се имам капено тогаш. До сега не сум имала проблеми. Ама секој различно, не мојш да знаеш.
Мада на друг не би препорачала, сепак тие денови треба да се обрне внимание на хигиената, особено во летни денови :)
 
Сеа може ќе биде малку повеќе дирекно прашањево, ако несакаш немораш да ми одговориш, ама важно ми е. :( Дали во текот на капењето носеше тампон (бидејќи јас не носев, а инаку 2 пати се избањав). Сеа некако чудна ми е менструацијата, незнам можеби е и од страв, ај да не опишувам тука сеа, ама има поинаков изглед и мирис, од тоа ми е најмногу страв. Дури и да има некаква инфекција, како се лечи таа? :(
 
Претпоставувам , уште ти трае менструацијата. Почекај, и да има некоја инфекција, треба да помине време додека се јават некои симптоми. Ако забележиш чешање, печење, промена на боја и мирис на вагиналниот исцедок , болки во долниот дел на стомакот, ќе се јавиш на лекар, а до тогаш не му мисли ;)
Инаку инфекции се лечат со антибиотици.
Јас да, користев тампон секогаш, ама тоа не е никаква заштита од инфекции, напротив треба многу да се внимава при нивно користење и често да се менуваат , бидејќи се ствараат услови за размножување на бактерии.
 
Едно прашање мислам најприкладна е темава за тоа..

Шумлививе таблети стварно имаат витамини или се тоа е само маркетиншки трик за продажба на производот, да знам дали воопшто да трошам пари па и да се мачам да ги пијам. И да по колку на ден шумливи таблети е нормално да се пијат ?
 
искрено не знам зашумливите,има некои ги препорачуваат,други ги кудат многу - кој ќе докажи не знам

ако си при пари пробај со нешто вакво Wellman (англиски се,мислам дека нема промаш) побарај по аптеките треба да се околу 600 денари паковањето,даваат добри резултати

инаку најдобри и незаменливи ти се витамините од свежо овошје и зеленчук несомнено......имам голтано по 1000 мг Ц витамин дневно,нема таков ефект како исцеден лимон во чаша вода
 
Shto treba da znaci ako na eden covek mu se ukocuva celo telo?? I mu se zdrvuvaat zabite ?
 
Здраво.Нов сум на форумот и сакам да прашам за еден проблем кој ме мачи веќе 4-5 дена.Имам 15 години и имам болки на левата страна од стомакот кои траат по цел ден.Болката е локализирана од под левото ребро па се до кај папокот а знае и да ме боли и левиот тестис.Болките веќе ми стануваат досадни и ако потраат уште неколку дена ќе отидам на доктор.Исто така сакам да напоменам дека одвреме навреме ме боли и средниот дел од стомакот.Дали болката може да се јавува поради истегнат мускул(тренирам секој ден по 2-3 сати), дали може да се јавува поради проблем со тестисите или пак дали можи да ме боли поради тоа што пиев вода од шишенце во кој пред тоа имаше мирис(пиев вода од шишенцето односно си прскав од шишенцето во устата 3-4 дена а болката се јави 2 дена после последното прскање од шишенцето).Чекам за одговор.
Фала ви однапред!
 
Си пробал уролог да посетиш? Да видиш да не ти е нешто со бешиката...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom