Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Проверувавме скриен шеќер кај сопругата викендов, која патем е трудница, и нели се мери три пати тоа, и резултатите начелно искочија во ред, дури и девојчето што и земаше крв кажа дека се е во ред, после третото мерење шеќерот и беше 9,5, а прифатливата референтна вредност беше <10.

Денес бевме на преглед и гинекологот и рече дека за трудници до 8 е прифатливо и дека 9,5 е високо и дека треба да држи диета како за дијабетичар периодов што следи.

Прашањето ми е, некој совет во врска со исхраната, знам дека треба тесто, благо и производи со шеќер да избегнува, ама онака совети за видови храна што е попристапна за нашево поднебје. Или општо ако имате некој друг совет добредојден е.
1. Почесто, а помалку да јаде. Пример три главни оброци, и две ужинки.
2. Да избегава бел леб, кифли, бели пецива, газирани пијалаци и овошни сокови. Овошјето содржи природен шеќер, да не се претерува многу, но може и треба умерено да каснува понекогаш (пример јаболко)
3. Може да јаде протеини (пилешко, телешко, мисиркино), јајца, зеленчук варен или печен, млечни производи може, но исто да не се претерува и со тоа.
4. Пржена и солена храна да избегнува.
5. Физичка активност.
 
после третото мерење шеќерот и беше 9,5, а прифатливата референтна вредност беше <10.

Денес бевме на преглед и гинекологот и рече дека за трудници до 8 е прифатливо и дека 9,5 е високо и дека треба да држи диета како за дијабетичар периодов што следи.
...која вредност имала на прво мерење после еден час, која вредност имала на второ мерење или после 2ч, а трето мерење како си напишал било 9.5 ?

...и дали воопшто некој и кажал припрема за ОГТТ тест претходно,

...гестациски дијабет или труднички гестациски дијабет која е привремена состојба на покачен шеќер кај трудницата и после раѓање покачениот шеќер доаѓа на нормала, така да немојте така ,,дијабетичар" делува негативно на психата на трудницата.
 
5
9,3
7,2

Напраи се како што треба, гладна и жедна 10тина часа пред тестот. Ја пишав диета за дијабетичари зашо така и рекоа докторите, почни со исхрана како за почетен дијабетичар, тоа што пишаа и другиве погоре, теста, благо и глупости.
 
На фемина форумот имаш еден куп совети мислења, разни искуства од трудници кои имаат покачен шеќер поради бременоста.
Совет- женати да се регистрира на форумот ако не е или ти....а и не мора, земи ти пролистај и прочитај, а и на форумот за бебиња рингераја има убави совети.
На жалост на овој форум нема кој да ти даде совети за таа проблематика.

Ај со среќа...:)
@Stefan-kobe , во право е @pozdrav eden topol , фемина е рајот за трудници, буквално сите информации ги имаш на тацна, се што ти треба. Јас не сум се регистрирал никогаш, ама сопругата за двете деца - се од таму. А, ако не грешам, можеш да читаш и без регистрација, па така...
 
Дечки ЦРП 10ка.
урина и СЀ друго на КС бомбона освен шеќерот 5,6.
Ќе иде утре на доктор мајка ми ама извадена сум од памет.
10 е дупло од дозволеното
 
ама извадена сум од памет.
Нема потреба од ова.

ЦРП е некое воспаление, може и 30 да е а да не е страшно.
Какви проблеми има мајка ти? Релаксирај се, ќе ѝ се избори организмот со воспалението.
 
Нема потреба од ова.

ЦРП е некое воспаление, може и 30 да е а да не е страшно.
Какви проблеми има мајка ти? Релаксирај се, ќе ѝ се избори организмот со воспалението.
Господ еден, ништо не осеќа. Само кај бубрезите ѝ било нешо ко тупо.
се чуваме многу. Ја пазарам, ја чистам, ја носам тешко. Здраво се храниме. Риба еднаш неделно обавезно.
Пешачат. Секој викенд чистам, пазам на хигиена ептен. На одмор кај шо бевме исто премив сѐ. Едни ми се, себеси не се пазам толку. Не сакам ништо да фали.
Со луѓе освен со двете тетки немале со друг вака.
 
Мацка полека. Нема прична за тревожење. Нема да ти умрат на раце ебате паник тастерот ебате.

Ако сакаш да разговараме, повели во приватна порака или на тема психологија. Не те оставам да се изгубиш скроз. Кој ќе го банира костиќ а?
 
Не се губам. Ама за моите се секирам.
Ги мрзи да идат после по доктори, а 60+ се.

Не се давам, банираме до краја!! Нема застој.
 
Дечки ЦРП 10ка.
урина и СЀ друго на КС бомбона освен шеќерот 5,6.
Ќе иде утре на доктор мајка ми ама извадена сум од памет.
10 е дупло од дозволеното
...показател на воспалителен процес во телото (CRP, седиментација и фибриноген), колку е седиментацијата?

... з
големено ниво на CRP од 10 mg/L укажува на воспаление, а тапа сенка на бубрегот укажува на проблем со бубрезите, веројатно поврзан со инфекција, воспаление или маса, што бара понатамошна медицинска евалуација и дополнителни тестови за да се утврди точната причина, бидејќи овие знаци се неспецифични и може да потекнуваат од различни состојби да не го шириме.

...штом има сенка тупа, може мрднало камче, песокче или бактериска инфекција на пример со бактеријата Ешерихија коли, па една уринокултура да се види зашто зголемен биомаркер CRP 10 mg/L реактивниот протеин не би било лошо.

...паниката не ти е наместо, жената е супер, тоа се тековни работи што секој ги има денес, па и шеќерот во крвта е супер според возраста е топ, стресниот фактор не е пожелен и нема потреба да така реагирате, загриженоста за силна бактериска инфекција е на ЦРП над 50 mg/L.

...Увин гранули растворени во вода да се испие по една чаша на ден едно 5 дена ќе биде во ред, ако се докаже со уринокултура дека нема бактериска инфекција, ако се докаже дека ја има, тука се соодветните антибиотици кои ќе ја средат бактеријата.
 
Дечки ЦРП 10ка.
урина и СЀ друго на КС бомбона освен шеќерот 5,6.
Ќе иде утре на доктор мајка ми ама извадена сум од памет.
10 е дупло од дозволеното
IMG_4992.jpeg

Еве ти 10ка со кромид, кај мене. Неколку години еднаш-два пати месечно добивав болки у гради, тешки болки со стегње. Бев на снимање бел дроб -ништо, физиотерапевт-ништо, за гастрит-ништо, пуштивме ЦРП-двојно зголемено. Ми се воспалил еден мускул. Веќе се загревам подолго на теретана, се истегнувам пред да вежбам гради и немам проблем. Зборот ми е - ако црп е висок не укажува на сериозен проблем, просто воспалување на одреден мускул.
 
Дечки ЦРП 10ка.
урина и СЀ друго на КС бомбона освен шеќерот 5,6.
Ќе иде утре на доктор мајка ми ама извадена сум од памет.
10 е дупло од дозволеното
Најверојатно одмината настинка, 10ка CRP ти е ко мачкина кашлица.

Ништо посебно.
 
Само кај бубрезите ѝ било нешо ко тупо.
...да не се повторам за истиот пост иако не добив одговор (највероватно игнор) за вредност на седиментација, мајката мора да направи уринокултура и евентуално ехо на бубрезите, ЦРПто не е од пролазна кашлица!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom