Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите, имам еден проблем при што со кој подолго време се соочувам и неможам да се оздравам искрено смачено ми е. Чувствувам во себе дека немам сила во моето тело, ми се тресе целото телото како да не сум јаден една недела иако си јадам нормално, во моменти и паничам за некои работи а исто така и многу заборавам. Сум бил кај матичната докторка сум и го кажал проблемов, имам направено тестирања при што матичната ми вели дека се е во ред со мене, но јас навистина не се чувствувам така, чувствувам дека не сум во ред нешто.... :(

Ај дојди си на темава, имаш доста за читање, па после ќе си правиме муабет и ќе си се тешиме. :)
Убаво ти кажаа, земи си б6 витамин.
 
Почни со б комплекс како за старт, тие од крка по 3x на ден. И провери ги хормоните - целосна крвна слика.
Ќе пробам со тие, инаку имам рецепта од матичната за едни Форвита апчиња за смирување, а имам и направено крвна слика баш сега завчера правев на бит пазар..
 
Дај скринови преку пп од резултатите.
 
Некој кој разбира да го протолкува ЕКГ-то? Докторот рече дека немало проблеми, ама прашав брачеда која е на медицина и рече дека имало СТ-елевација(шо и да е тоа). Иначе фреквенција 88 во мин.
20170318_184450.jpg
20170318_184515.jpg 20170318_184526.jpg 20170318_184417.jpg
 
Некој кој разбира да го протолкува ЕКГ-то? Докторот рече дека немало проблеми, ама прашав брачеда која е на медицина и рече дека имало СТ-елевација(шо и да е тоа). Иначе фреквенција 88 во мин.
... вакви информации немој да бараш по форуми или други социјални мрежи и ти кажа дека докторот рекол дека немало проблеми( а тој е најкопетентен да даде мислење), но тоа не значи дека треба да останеш на тоа мислење од тој доктор, оти не знам како да кажам некогаш не гледаат тоа што се гледа...
овде може само да добиеш подршка, идеја или предлог/совет што понатаму, кажуваш фрекфенција, а не кажуваш пациентот колку годишен можеби тоа било и причината докторот ,,да не ги гледа промените,, односно да помисли дека е нормално( ако има астма можеби е очекувана исхемија на срцето), како и да е МОРАШ да побараш друго мислење од друг доктор(не знам дали си бил/а кај кардиолог или ова ти е ЕКГ од матичен лекар?, но според канални ЕКГ апарат -го гледам по екг хартијата највероватно не ти е од субспецијалистичка ординација)...
доколку сте отишле поради преглед, гушење, болки во стомакот, стегање или нешто слично докторот ако ,,не видел ништо,, тој требаше да предложи дополнително екг оти за 24 ч ќе има дополнителни екг промени, односно не требаше да каже баш така ,,дека немало проблеми,, оти брачеда твоја виде дека има мала депресија на СТ сегментот односно на некои места и С и Р поизразен пик,
sl70_2.jpg

значи можна исхемија на срце, а може од хипокалиемија, хипокалцемија и хипомагнезиемија, како и да е Екг укажува на промени можеби (пациентот бил оптоварен па се појавиле вакви промени)...
и би предложила дополнително Екг кај друг доктор- Веднаш !!!
 
@Castled , Магнезиум и калиум. Зголеми внес. Ако тоа не помогне таурин.
 
... полека со твои препораки за овој пост, кај ова ЕКГ има акутни абнормалности од друга причина јас само благо го искажав да не се дигне паника...
 
Ќе има откако прво нема да се исклучи најверојатната можност, кога истата ќе се исклучи тогаш ќе збориме за други работи. А он нека си иде на снимање во меѓу време, не сугерирав ништо друго.
 
Пломбирав умник, краен заб, ми го пломбираше една што врска нема од животот, замена, на онаа најдобрата, што еве три години сум таму,ама таа е на боледување. Приватно,пред се. Арно ама, еве два дена, ми стави анестезија, ми го избоцка устето и модрици имам на муцката од внатре. И сега, немам болки, ама кога си ја отворам устата, ме боли страшно, првиот ден од пломбираното, не сум можела да ставам леб во уста, од што не можев да си ја отворам.

Маката сега ми е, зошто кога ја отворам устата блага болка имам на предните заби единицата и двојката... Неопишливо чувство?! Можно ли е нешто да утнала, да повредила од внатре нешто?! Што ми е? а утре ќе се јавам, дека денеска мислам не работеа, ама некако почнува паника да ме фаќа... И мислам дека ќе ми се случи нешто во секое време... Мислам дека ќе умрам.

Знам дека е се во главата, свесна сум за мојата ситуација и слично, кажете ми само за забов. И болката всушност.
 
Можеш целосно да ја отвориш устата?
Најверојатно станува збор за тризмус, можно е при ставањето на анестезијата да повредила мускул внатре.
 
Не сум можела, ама сега така ја отварам, целосно, ама ја имам таа блага болка на предните заби.
 
... вакви информации немој да бараш по форуми или други социјални мрежи и ти кажа дека докторот рекол дека немало проблеми( а тој е најкопетентен да даде мислење), но тоа не значи дека треба да останеш на тоа мислење од тој доктор, оти не знам како да кажам некогаш не гледаат тоа што се гледа...
овде може само да добиеш подршка, идеја или предлог/совет што понатаму, кажуваш фрекфенција, а не кажуваш пациентот колку годишен можеби тоа било и причината докторот ,,да не ги гледа промените,, односно да помисли дека е нормално( ако има астма можеби е очекувана исхемија на срцето), како и да е МОРАШ да побараш друго мислење од друг доктор(не знам дали си бил/а кај кардиолог или ова ти е ЕКГ од матичен лекар?, но според канални ЕКГ апарат -го гледам по екг хартијата највероватно не ти е од субспецијалистичка ординација)...
доколку сте отишле поради преглед, гушење, болки во стомакот, стегање или нешто слично докторот ако ,,не видел ништо,, тој требаше да предложи дополнително екг оти за 24 ч ќе има дополнителни екг промени, односно не требаше да каже баш така ,,дека немало проблеми,, оти брачеда твоја виде дека има мала депресија на СТ сегментот односно на некои места и С и Р поизразен пик,
sl70_2.jpg

значи можна исхемија на срце, а може од хипокалиемија, хипокалцемија и хипомагнезиемија, како и да е Екг укажува на промени можеби (пациентот бил оптоварен па се појавиле вакви промени)...
и би предложила дополнително Екг кај друг доктор- Веднаш !!!
Не, брачеда ми посочи дека има СТ елевација, а не депресија. Иначе докторот седна и внимателно ми објаснуваше дека на ЕКГ-то се било нормално, делче по делче ми кажуваше во кој одвод како требало да биде секој талас. Рече дека сум имал добра прогресија во В1 до В6 одводите, дека немало хипертрофија зошто ниски биле пиковите, некако рече осовина(или оска, нз шо е тоа) била нормална, и не паметам друго шо рече..
 
Kako da zaklucam deka mokracata mi e penliva ili ne ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom