Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Не мораш да чекаш во државните лаборатории, оди во приватна. Најобична диференцијална крвна слика е 250 денари, не се исплатат нервозите. Иако, ова може да е и невролошки. Поразговарај посериозно со матичната, ако не те сфаќа сериозно - смени ја. Ако си од Скопје ако сакаш можам во приватна порака да ти испратам контакт од една одлична матична.
Аааа не, од матичната сум презадоволна. Тогаш 300 други работи и кажав, не стигнав до нозете и правилно постапи, веднаш ми го најде причинителнот за другите работи. Неколку пати ми се случило така, само и кажувам тоа тоа и тоа и веднаш ми кажува што ми е и плус ме праќа на испитувања :) Камо сите да беа како нејзе :)
Утре пред работа ќе ја посетам, ако е втора смена - пак после работа. Како и да е, ме загрижи ситуацијата вечерва, не е пријатно чувството.
 
Луѓе, веќе извесен период( цела недела) урината ми мириса на нешто што досега не мирисало ... не знам како да ја опишам миризмата. Можеби да не е затоа што поради оправдани причини останував до покасно навечер извесен период и навечер и јадев, како и тоа што почнав да јадам мед последниов период често ?!
Си велам дијабетес да не е... :/ Некој од вас имал слично искуство ?
 
Спомнуваш "ранички", топлина и алергија во твоите постови, така што не гледам како проблемот е од венско потекло, повеќе треба да се разгледа дали е од инфективно или алергиско. За почеток, добро е да посетиш дерматовенеролог, да разгледаш слики од интернет и да ги споредиш со изгледот на твоите кожни проблеми, и да направиш крвна слика на која најбитно ќе ти биде каква е седиментацијата и леукоцитите.
Разгледај ги линковите : http://www.patient.co.uk/doctor/erythema-nodosum-pro и http://mz.gov.mk/wp-content/uploads/2013/01/6525-lajm-borelioza.pdf
 
Бев утрово на лекар, за раничките ми рече дека ми се последица на депилација, и се некако си мислам дека е во право :) Рече да пробам да приметам, ако не ќе ми даде упат за дерматолог. Утре ќе одам крвна слика да испитам, рече да видиме резултатите од тоа па ако треба ќе даде уште некој упат :)[DOUBLEPOST=1413912309][/DOUBLEPOST]Се што прочитав, се што видов по нет, се што имам читано и од претходно и од сега, се ме асоцира на дијабетес. Ќе видиме што ќе кажат резултатите.
 
Последно уредено:
Вчера прилично се нацуцав а и тоа со некој лоши косовски коњаци.....сеа неможам глава да кренам од сабајле што и да ставам во уста повраќам.

Чаре некое ? :sick:
 
Trkni do apteka zemi medicinski jaglen da te iscisti I probiotici plus gevrek dvopek da ispie toa alkoholot vo zeludnik.
 
Протарашкав најдов медицински јаглен дома...вика од 4 до 7 таблети после јадење, кое пусто јадење ја од вода повраќам :)
 
Носот ми тече веќе еден месец одкога се настинав. Уште кога почна да ми тече внатре горе во десната ноздра ми се појави мала пукнатина/раничка која ме болеше, сега не ме боли, но сеуште ја има. Бидејќи носот сеуште ми тече, деновиве осеќав исто мала болка во десната ноздра, нешто подоле под првата раничка. Сабајле кога се видов ми се појавила уште една поголема, но крвава пукнатина/раничка која навистина ме боли.

Кажете ми што да ставам за да заздрават?
 
Бев утрово на лекар, за раничките ми рече дека ми се последица на депилација, и се некако си мислам дека е во право :) Рече да пробам да приметам, ако не ќе ми даде упат за дерматолог. Утре ќе одам крвна слика да испитам, рече да видиме резултатите од тоа па ако треба ќе даде уште некој упат :)[DOUBLEPOST=1413912309][/DOUBLEPOST]Се што прочитав, се што видов по нет, се што имам читано и од претходно и од сега, се ме асоцира на дијабетес. Ќе видиме што ќе кажат резултатите.

Направи крвна слика? Што излезе?

Нема шанси да е дијабет. Тоа би значело дека со години треба да го имаш за да се развијат рани ( кои се најчесто на стапалата), а со години да не приметиш други симптоми на дијабет малку потешко.
 
Бев, крвна слика бомбона. Ми рече да сме почекале некој ден, сега нагло се менувала климата па да сме виделе дали ќе продолжи така.
Единствено тригрицеридите и вкупниот холестерол ми се под референтните вредности.
Ја прашав зошто, ми вика не јадеш. Како не јадам и викам, дури премногу јадам. Вечерта пред крвна слика да испитувам може пола пакетче од XXL чипс да изедов.
Еееее, па не е здраво тоа ми вика...

За раничките, ми рече дека најверојатно се од депилација, дека штом немам промени на стапалата не се поврзани со тоа што ми жарат. (тука мислам дека е во право, ќе го баталам депилаторот некое време, ќе сменам да видам како ќе реагира кожата).

За 2-3 дена ќе отидам пак, знам дека нема да помине туку така...
Вчера седам во кочан ладна соба, се тресам цела плус боса. Нозете на допир ладни а од внатре ми вријат.

Туку, околу она триглицеридите и холестеролот, некој ми спомна полови хормони. Како би било тоа, која би била логиката? Намалени женските полови хормони па се намалува холестеролот, или? Или пак нема врска... Да знам што да барам следен за 2-3 дена кога идам, сама да предложам нешто. Ако не се лекуваш сам никој нема да те лекува :)

Друго што ми текнува, зошто би биле толку ниски, зголемена активност на тироидната жлезда, ама да е тоа па слаба ќе бев :)
 
Луѓе Фервекс у кесенце не беше забранет ? МАтичниот денес за симтоми на прехлада кашлица и нос ми бапна една инекција, антибиотик и ми препиша некој кесенца Лау мау Хот нешто се викаа кој ги немаше у Зегин па ми даде аптекарката Фервекс, вика исто ти е.. и зедов а одпосле ми текна дека ги забрануваа.... Веке испив 2 но чисто да знам за у иднина....
 
Simptomov e tipicen za tromboza najdobro Ke ti bide da pojdis na infektivno ama na privatno moj sovet
Нема врска

Луѓе, веќе извесен период( цела недела) урината ми мириса на нешто што досега не мирисало ... не знам како да ја опишам миризмата. Можеби да не е затоа што поради оправдани причини останував до покасно навечер извесен период и навечер и јадев, како и тоа што почнав да јадам мед последниов период често ?!
Си велам дијабетес да не е... :/ Некој од вас имал слично искуство ?
Можно е да се работи за уринарна инфекција или да си јадел презачинета храна.

Вчера прилично се нацуцав а и тоа со некој лоши косовски коњаци.....сеа неможам глава да кренам од сабајле што и да ставам во уста повраќам.

Чаре некое ? :sick:
Јогурт, расолница, аналгин

Trkni do apteka zemi medicinski jaglen da te iscisti I probiotici plus gevrek dvopek da ispie toa alkoholot vo zeludnik.

Активен јаглен се зема до 2 часа после приемањето на храната/течностите. Ако се зема покасно нема да има никаков ефект.
Бев, крвна слика бомбона. Ми рече да сме почекале некој ден, сега нагло се менувала климата па да сме виделе дали ќе продолжи така.
Единствено тригрицеридите и вкупниот холестерол ми се под референтните вредности.
Ја прашав зошто, ми вика не јадеш. Како не јадам и викам, дури премногу јадам. Вечерта пред крвна слика да испитувам може пола пакетче од XXL чипс да изедов.
Еееее, па не е здраво тоа ми вика...

За раничките, ми рече дека најверојатно се од депилација, дека штом немам промени на стапалата не се поврзани со тоа што ми жарат. (тука мислам дека е во право, ќе го баталам депилаторот некое време, ќе сменам да видам како ќе реагира кожата).

За 2-3 дена ќе отидам пак, знам дека нема да помине туку така...
Вчера седам во кочан ладна соба, се тресам цела плус боса. Нозете на допир ладни а од внатре ми вријат.

Туку, околу она триглицеридите и холестеролот, некој ми спомна полови хормони. Како би било тоа, која би била логиката? Намалени женските полови хормони па се намалува холестеролот, или? Или пак нема врска... Да знам што да барам следен за 2-3 дена кога идам, сама да предложам нешто. Ако не се лекуваш сам никој нема да те лекува :)

Друго што ми текнува, зошто би биле толку ниски, зголемена активност на тироидната жлезда, ама да е тоа па слаба ќе бев :)
Ти ги читам постовите чедо, не ти требаат испитувања туку хоби или евентуално психолог/психијатар.

Луѓе Фервекс у кесенце не беше забранет ? МАтичниот денес за симтоми на прехлада кашлица и нос ми бапна една инекција, антибиотик и ми препиша некој кесенца Лау мау Хот нешто се викаа кој ги немаше у Зегин па ми даде аптекарката Фервекс, вика исто ти е.. и зедов а одпосле ми текна дека ги забрануваа.... Веке испив 2 но чисто да знам за у иднина....
Без гајле, ништо нема да ти се случи. Бактерии во Фервексот може да се развијат само со темпото на развој на албанската индустрија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom