Девојки со тетоважи

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Тетоважи се за морнари, војници и затвореници.


:pos:Истиов муабет ми го направи 60 и кусур годишна професорка на факс пред да ме бутне на испит - пошто имам тетоважа.:LOL:
 
Јас на пример имам истетовирано кучешка шепа, а внатре е првата буква од името на моето куче.
Ја направив зашто тоа куче ми го подобри животот многу, во тешки времиња ме натера да се смеам, и научив многу работи покрај него (на пример што е тоа грижа, што е тоа одговорност, што е тоа посветеност).
Ја направив зашто ако оди се по природен редослед, тој ќе умре пред мене. А јас не знам поинаку да живеам. Можеби сакав да се оддолжам само на услугата која без да знае ми ја направи.

Дали е тетоважата фејк?
Браво Пуме респект за ова. Сигурно премногу го сакаш твојот миленик штом неговите иницијали покрај во срцето ти се врежани и на кожата . (y) Иначе на кое место е тетоважата ако не е тајна? :)

Он: Немам стереотипи и предрасуди кон луѓето со тетоважи, врска нема дека така се жигосуваат затвореници или војници. Пола од моето друштво имаат тетоважи, а можам да гарантирам дека затвор со очи не виделе како изгледа. За војска уште послабо, мојата генерација не го фати задолжителното служење војска. Сакам девојки со не многу големи тетоважи, онака оригинални и дискретни тетовирања на кожата. Оние девојки што се истетовирани како таписерија ми се некако бљак. Не ги осудувам, не сум против, ама ич не ми се привлечни .
 
прво ..... малку избегавте од темата. а тоа дали е ок или не за девојка со тетоважа. друга работа е дали е тоа сигнал за сексуална слобода, дали е здраво и со какви игли се прави.
значи да продолжам на темава.......... во моментов и тука (мкд) а и надвор сеуште има предрасуди за тетоважи (некои од нив и веќе се изјаснија). така да поради тие причини сеуше е препорачливо да се ставаат тетоважи на места на кои може таа да биде сокриена со облека (лично искуство). а лично мое мислење е ДА, сум ЗА тетовирани и девојки и момци. уметност која не трпи грешки кај уметникот. нема тука можност за поправен испит.
а за менталната состојба на носителот на тетоважа ќе кажам од искуство дека се луѓе со OPEN MIND, луѓе кои ги надминуваат границите на секојдневието, особено во креативноста.
П.С. да не биде дека само подржувам со зборови, ........ ПОЛН СУМ СО ТЕТОВАЖИ :LOL:
 
Бев на Пчиња.
Таму некаде после мостот се искачував... едно лично девојче постојано ме меркаше изгледа знаеше дека сум пун пари како брод.

Одев позади нејзе и приметив нешто, имаше кал на глуждот посакав да ја забришам иако не ја познавав.
Таман раката да ја ставам на нејзината нога видов дека тоа е само тетоважа самовила или ѕвончица беше.
Ми се сврте девојката устата ја претвори во насмевка и љубезно ме праша:
Дали знаеш каков оган гори во тетовираните девојки?

Јас бев целиот во прашалници???

Потоа се разбуди жива вода?
 
Аман бе, во денешно време муабет "тетоважи само за морнари и кондураџии" :facepalm:

Шарајте се луѓе....ако за одредено време престанат да ви се допаѓаат, постои отстранување на истите. :ROFLMAO:

Он: Од мое лично (какво-такво) искуство, нема некоја разлика од тетовирани и не тетовирани девојки.
 
Читав дека се повеќе склони кон впуштање во сексуални активности.

Според последните истржувања, девојките ставале тетоважи како афродизијак.

Многу гледање порно не е на арно ...
 
Браво Пуме респект за ова. Сигурно премногу го сакаш твојот миленик штом неговите иницијали покрај во срцето ти се врежани и на кожата . (y) Иначе на кое место е тетоважата ако не е тајна? :)

Он: Немам стереотипи и предрасуди кон луѓето со тетоважи, врска нема дека така се жигосуваат затвореници или војници. Пола од моето друштво имаат тетоважи, а можам да гарантирам дека затвор со очи не виделе како изгледа. За војска уште послабо, мојата генерација не го фати задолжителното служење војска. Сакам девојки со не многу големи тетоважи, онака оригинални и дискретни тетовирања на кожата. Оние девојки што се истетовирани како таписерија ми се некако бљак. Не ги осудувам, не сум против, ама ич не ми се привлечни .

На внатрешната страна на зглобот на десната рака :)
 
Абе ајде, женско со тетоважа повеќе склона на секс. Во Прилеп има дадички без тетоважи па се повеќе склони.
21 први век е...разбуди се одамна падна комунизмот.
Пушти го. Нека спие.
 
Мразам тетоважа на женски раце, било каде од дланка до рамо. Мразам девојки кои имаат истетовирано повеќе од 15% од телото, изгледа прљаво.
Мразам тетовирани луѓе кои врска немаат што тетовираат и бутаат различни стилови, му текнало јапонски змеј на плеќка, па ставил крст и анѓел на рака, па ставил текст на гради со некој си гангстерски фонт, па застава на некој фудбалски клуб, па ставил некоја готик слика на лист... ни он не е свесен а нема ни да биде свесен колку е упропастен. :)
 
Мразам тетоважа на женски раце, било каде од дланка до рамо. Мразам девојки кои имаат истетовирано повеќе од 15% од делото, изгледа прљаво.
Мразам тетовирани луѓе кои врска немаат што тетовираат и бутаат различни стилови, му текнало јапонски змеј на плеќка, па ставил крст и анѓел на рака, па ставил текст на гради со некој си гангстерски фонт, па застава на некој фудбалски клуб, па ставил некоја готик слика на лист... ни он не е свесен а нема ни да биде свесен колку е упропастен. :)
А замисли ставил Давидова Ѕвезда и Кукаст Крст едно до друго на гради?:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom