А шо, ако не се од истото друштво, не е лесна, а ако се, лесна е? Ок. :tv:
Сеедно, таквите по непишано правило завршуваат со глупи (да, дури и меѓу вас има такви :Z), неизживеани, "не сум видел женско" - мажи. Поинаков сплет на околности не сум видела, барем до сега.
Ама претпоставувам не им` е битно што тој утре на улица ќе сретне еден што спиел со жена му, утре друг, следната недела трет... Таа пет пари не дава за етикетите. Еј. Блазе си им` бе. Не е мала работа да си над тоа што ќе речат другите.
тоа беше во случај кога ти нудат дрога а ти си премногу слаб за да кажеш Не...
си ги помешала работиве...:back:
Ништо не помешала.
Ќе биде некогаш девојка фраерка со х дечковци? Никогаш. Ама работа на жена е да се чувствува дискриминирано, не? Зашто јас курва, ти мангуп - приказната. Нема, таа секогаш ќе биде сметана за лесна, а ќе бара да е еднаква со него. Освен ако не и` е гајле за малограѓанштината.
Како и да е, на страна муабетот од погоре, маж и жена
не треба да се исти. А едните упорно тупат на таа тема. Можеби треба малку да се угледате и на нив, само во почетната фаза. Понатамошно инсистирање ве враќа на почетокот, што ве прави приглупи. Што не пробате да ја надмудрите биологијата, овој пат на поинаков начин? Не сте животни.
"Не" се кажувало само дрога ако ти нудат. Ма немој. Ирелевантно е дали ти е таа пријателка, другарка, познаничка, бивша, од друштвото, на другар бивша, дали ти се допаѓа, дали ја сакаш или што и да е. Извини, дечко што не е способен да одбие некоја, без разлика каква е, има уште многу леб за јадење. Прашај кој сакаш, истото ќе ти го каже, под услов да не е хормонално неурамнотежен и зелен.
Ал don`t worry, be happy. И таквите пораснуваат еден ден. Или не.
А ти мисли си и понатаму дека си тешка фраерчина ако не знаеш да речеш "не".
