Девојка ми сака да го абортира бебето

  • Креатор на темата Креатор на темата Shizik
  • Време на започнување Време на започнување
...нека го абортира. Подобро отколку да му го упропасти животот.

Нека го абортира или нека не го абортира, нема да биде ни прва ни последна. Којзнае секојдневно колку непланирано затруднети жени во светот мораат да ја носат оваа одлука - после која нивниот живот никогаш нема да биде ист.

Меѓутоа, да кажуваш дека е подобро да го абортира отколку да му го упропасти животот?
Голема глупост.
 
Зошто глупост? Воопшто не е, кога јас би можела да бирам да речеме да се родам, да живеам мизерен живот со недозреани родители, да се полнам со фрустрации секојдневно, да бидам затворен тип или не дај Боже некој деликвент (од такви несериозни и незрели семејства обично такви деца излегуваат, или се затворени во себе или стануваат деликвенти трето нема, ова го тврдам) или воопшто да не се родам, па што ќе ми е животот? Зошто да му ги берат гревовите на тоа дете? Ами не е само напрај го - роди го. Како прво на оваа денешница е многу голем трошок да се има дете и туку така непланирано со само еден вработен е многу тешко тоа да се издржува (зборувам вака зашто девојката со 18 години сигурно уште е средно). Тоа бебе/дете ќе има потреби понатаму во животот, а и крај краева не е тоа најважно, во случајов е уште едно дете (мајката) која си има свои приоритети во животот кои и се поважни од тоа да стане мајка баш на таа возраст. И сега конкретно во случајов од оние што се против абортусот излегува дека важен е само животот на тој фетус, и ништо друго, а не е важен животот и приоритетите на мајката. Ако сме борци за некои права дај да мериме со здрав кантар, барем ќе измериме правилно, или пак не е битно таа што чувствува и како се чувствува? Зарем нејзиниот живот треба да е запечатен затоа што се ебела со дечко и и тој свршил во неа, па таа ни крива ни должна треба да се збогува со своите амбиции и цели во животот?
 
^
Прашалниците за оправданоста на абортусот нема да ги одговарам затоа што не се изјаснив против.

Многу бев јасен. Ти забележувам дека многу лесно абортирањето го ставаш како некој вид на спас и награда за некој, те цитирам : мачен, мизерен, фрустрирачки, деликвантски... живот.

Ти неможеш никако ниту малку да знаеш каков би бил животот на тоа човечко суштество. Може ќе биде успешена, среќна и исполнета личност. Нема никаква гаранција дека мора да ги преживува нештата кои ги набројуваш.
 
Абе ајде. Немој ти се молам.
Дадениот пример, не мора да е мој личен пример.
А ти не си полицаец - исто што и јас, така што, ништо не можеш ,,да искористиш против мене,,. Не можам да те разубедам за работи кои не ги знаеш, живееш во илузија за 72 девици Принц. Тебе да те разубедувам е исто како да разубедувам 3 годишно дете дека Дедо Мраз не постои.

Како што кажав, ти ќе имаш секс за приплод.
Епа, тоа го има само во твојот живот и твојот храм од тело.

Во животот на просечните, обични, и смртни луѓе, сексот е нормална работа. И најчесто невниманието на мажите е причина за несакана бременост.

Ти можеш што сакаш да кажеш... едноставно, реалноста не ти оди во прилог.

Посебно, зошто онаму каде што е забранет абортусот.... се случуваат мн погрозоморни работи.
--- надополнето: Nov 2, 2011 11:08 PM ---

Ахам, пример, еве сакам да абортирам, ама дечко ми не сака. И сега седнуваме и разговараме... И добро, на крајот што треба да биде?
Неговото или моето? Или по дифолт ,,неговото,,?!
Или ти и Чоузен, само фантазирате за жени, ама не се присутни во вашите животи....

Ask yourselves why.
само малце сакам да се надоврзам, тука негде низ рефератов прочитав си пишала дека сексот е нормална работа, ДА точно, НО испушти нешто, зависи кога, каде и каков е сексот.
 
А ти па што се мислиш дека си посебен па ние сме добиле малце права?! Што си ти повеќе од мене? Со такво сфаќање ко што имаш ја жалам таа што ти е или ќе ти биде жена.

Проблемот не е во тоа кој има поголеми права. Проблемот е во тоа што жената во бременост ги има СИТЕ права. Е сега, до пред Х години се знае какво негативно мислење се имаше за жената. Никој за ништо не ја прашуваше до пред некои години (да не вадам статистика, ме мрзи во 3:48 сабајле). После се обидоа во демократија да и вратат демек за цело време што била потиснувана, па и дадоа ПРЕМНОГУ права. Дупла штета направија. Значи првин никој за ништо не ја прашуваше, а после (во одреден сегмент барем) беше премногу и единствено она прашувана.
Фактички ние (човештвото... не зборувам само за Македонија, сите легислативи во демократскиот свет се горе-долу слични) од обид да решиме еден проблем, направивме друг. Е сега, како што некогаш жените се изборија да го сменат првичниот нивен статус, мажите за уште пократко време ќе си го повратат стариот статус. Но, јас не сакам да се врати стариот/традиционалниот статус на жената, само се потрудив да го претставам и другото светло, за на сите да ни е убаво, бидејќи историјата има покажано и милијарда пати потврдено дека ништо не е вечно. Значи денес вие може да ми се фалите тука јавно у стилу моја бременост - моја одлука, но тоа верувајте дека ќе се смени, гарантирам со незнам што, све што имам и ќе имам. Тогаш што ќе правите? Наместо да ја искористите можноста што ја имате да помогнете да се воспостави некој систем од кој сите ќе бидат задоволни, па сходно на тоа нема да има потреба да се менува (системите кои функционираат не се менуваат) вие го правите сосем спротивното.
Значи јас, како машкото чии сперматозоиди (без коишто таа немаше да остане трудна) се наоѓаат во матката на мојата партнерка и како еднаков виновник во крајниот резултат, сакам да бидам прашан (и послушан) и за мојот став околу тој "проблем". Единствена ситуација во која ќе се согласам да не бидам прашан е ако некоја женска од Свирипичино отишла во банка за сперма и зела примерок за општа намена од донор, па си убутала сперма во вагина и останала трудна. После 2 недели слободно може да го абортира, ако тоа го сака. Многу пати по ред да го повтара тоа ако и е фетиш да убива безпомошен човек. Тој што ја донирал спермата едноставно ја отпишал таа негова сперма и не му е гајле што ќе биде со неа. Мене за мојата ми е гајле. Бидејќи една жена не може да остане трудна без машко соучество, и машкиот соучесник треба и мора да биде прашан и чуен за неговиот став околу таа бременост.
Малку подолго објаснување.
--- надополнето: Nov 3, 2011 3:01 AM ---
Да де, ти најдепресивен си.... Оти жените очигледно ти се непозната категорија.... не е секој кадарен, јебига.
Не се однесува директно на мене, но бидејќи мислењето е јавно (ако сакаш нешто приватно да остане меѓу вас си имате приватни пораки) сакам да искоментирам.
Чисто како карактер, ако мојот избор е помеѓу имање на однос со некоја рандом особа која со којзнае колку бездомници се има изебено пред мене, и оној другиот, жените да ми се непозната категорија, во секој случај и без трошка размислување зимам сатар и си го сечам на 2 пати (голем е јебига, не можам на еднаш).
 
Зошто глупост? Воопшто не е, кога јас би можела да бирам да речеме да се родам, да живеам мизерен живот со недозреани родители, да се полнам со фрустрации секојдневно, да бидам затворен тип или не дај Боже некој деликвент (од такви несериозни и незрели семејства обично такви деца излегуваат, или се затворени во себе или стануваат деликвенти трето нема, ова го тврдам) или воопшто да не се родам, па што ќе ми е животот? Зошто да му ги берат гревовите на тоа дете? Ами не е само напрај го - роди го. Како прво на оваа денешница е многу голем трошок да се има дете и туку така непланирано со само еден вработен е многу тешко тоа да се издржува (зборувам вака зашто девојката со 18 години сигурно уште е средно). Тоа бебе/дете ќе има потреби понатаму во животот, а и крај краева не е тоа најважно, во случајов е уште едно дете (мајката) која си има свои приоритети во животот кои и се поважни од тоа да стане мајка баш на таа возраст. И сега конкретно во случајов од оние што се против абортусот излегува дека важен е само животот на тој фетус, и ништо друго, а не е важен животот и приоритетите на мајката. Ако сме борци за некои права дај да мериме со здрав кантар, барем ќе измериме правилно, или пак не е битно таа што чувствува и како се чувствува? Зарем нејзиниот живот треба да е запечатен затоа што се ебела со дечко и и тој свршил во неа, па таа ни крива ни должна треба да се збогува со своите амбиции и цели во животот?

Грешиш,грешиш многу грешиш! Прва работа со ова може навреди одреден процент на членови на форумов кои биле родени кога нивните родители имале по 19-20 години.

Кажи ми ти Везилке како тврдиш? Си испитувала,си истражувала нешто?
 
Набрзина колку што пролистав сите се фативте за тоа дали да се роди бебето или девојката да абортира, а не за тоа што би се случувало понатаму доколку му се исполни желбата на "тате" и му се роди бебе. Во случајов девојкава има 18 години и ако не е од "домаќинскиот тип"(очигледно не е чим сака да се школува али ај хипотетички), таа сигурно нема намера да гледа деца во блиска иднина. Е сеа и "тате" ако е од типот на клошари што познавам од моја околина што има 25 години а се понаша ко да има 35, фатил цура од 20тина, и мисли дека со тоа што ќе ја вери/ожени/забремени дека таа ќе му седи мирна дома и ќе гледа куќа и деца, тука гадно се заебал! Од такви случаи кај што машко се труди женското што повеќе да заглупи и да уназади и да и потисне некои за него несфатливи работи, како што се амбиции во животот, и машкото МОРА да заработува многу повеќе пари зошто иначе би било срамота, тури им пепелот на такви луѓе, очигледно е дека се соочуваат со пречки во развојот :icon_lol:. А бе таа што не и седи мадро газот, не веридба, не свадба, не дете, никој не ја менува, а не па машко ;) Затоа, или бирај со кого ќе бидеш и мисли што (ќе) правиш, или ќе го јадеш калабастерот, порано или покасно :pos:
 
Зошто глупост? Воопшто не е, кога јас би можела да бирам да речеме да се родам, да живеам мизерен живот со недозреани родители, да се полнам со фрустрации секојдневно, да бидам затворен тип или не дај Боже некој деликвент (од такви несериозни и незрели семејства обично такви деца излегуваат, или се затворени во себе или стануваат деликвенти трето нема, ова го тврдам)

Везилке, Везилке,
Ќе можеш ли те молам да ми објасниш како тоа тврдиш нешто што не го знаеш, за да можеш да тврдиш треба да знаеш,, а во случајов гледам драга моја дека немаш појма
Јас имав 20, а сопругот 24 , а тоа со ништо не не правеше недозреани родители, мојот син денес нема мизерен живот, и не е полн со фрустрации, ниту пак е затворен тип,
И јас ја имав истава ситуација и јас се најдов на крстопат дали образованието и мојата кариера и времето кога ке созреам да бидам мајка наспроти одгледувањето дете
Денес, јас имам своја кариера, сопругот има своја, и двајцата завршивме факултет, и двајцата водиме нормален социјален живот, а на моето дете не му недостига ништо.
Ако забремениш пред време, и тоа непланирано, тоа воопшто не значи дека тоа дете ќе води мизерен живот како што тука ми тврдиш, знаеш и самата дека има луѓе во брак, кои имаат 35+, со кариери, каде што работата им е поважна од своето дете, па нивните деца имаат мизерен живот, материјалната страна не значи и емоционална сигурност, кариерата, интелектуалноста не се никаква гаранција драга дека од таква средина нема да се роди некој деликвент.
Жените кои амбицијата ги води кон комплетна надмоќ, само јас имам право да одлучувам, сега не сум спремна да раѓам, а била спремна да прима туѓ пенис во себе, таа не ни треба да раѓа воопшто, затоа што нејзината амбиција секогаш ке биде пред нејзиното дете
 
Дарк ова со амбицииве ме потсеќа на Шабан Трстена коа го прашале со какви амбиции дојдовте на натрпеварот и бидејќи Шабан не би бил Шабан и и одговорил: Со авион.
Малку оф топик муабетот но по се изгледа дека имаме сите овде далеку поразлични приоритети во животот, ред е да се дебатира , но имајќи во предвид дека се бара совет од сите нас не треба да забегуваме со одговорите да ги укривуваме, и двајцата се свесни и до некаде одговорни за стореното, треба да седнат и да си расчистат, како и да е после ова во нивната врска никогаш нема да биде како што било, доколку девојчето абортира типов знам дека ќе ја остави или ако не тоа ќе и префрла при секоја кавга или даден момент, за да си доблесен треба да ислушаш и туѓа желба или видување дали ќе ја прифатиш и што ќе сториш понатака тоа е знак како сето тоа ке се одзрази врз тебе како емоционален ефект од одговорите јбга многу сме комплицирани ние жените, господ да те чува од женска беља, и се повистинит ми искача овој исказ.
 
Луси, јас тоа и го кажав за конкретниов случај, само со отворен разговор, "кој сме, на што сме, што ќе правиме, што понатаму", дека без разлика каков ќе биде крајниот резултат, без разлика дали таа ке абортира или ке се премисли, дека и двајцата имаат права да одлучат понатаму,
Не се согласувам со изјавите од типот 'само јас имам право да одлучувам, или дека од "такви" семејства се раѓаат деца деликвенти што имаат мизерен живот.
Таквите ставови и размислувања за мене лично се мизерни, целава приказна ми е многу блиска затоа што јас поминав низ истото и знам како изгледа и низ што поминуваа сега таа девојка, но ако сепак таа одлучи на 18 години да го задржи тоа бебе, тоа во никој случај немораа да значи и крај на светот, баш напротив
А што се однесува до тоа колку се комплицирани жените;)
"Ако и дадеш на жена 10 совети, таа ќе го послуша 11-от - СВОЈОТ"- што е малку себично морам да признаам иако сум женско:pipi:
 
^
Прашалниците за оправданоста на абортусот нема да ги одговарам затоа што не се изјаснив против.

Многу бев јасен. Ти забележувам дека многу лесно абортирањето го ставаш како некој вид на спас и награда за некој, те цитирам : мачен, мизерен, фрустрирачки, деликвантски... живот.

Ти неможеш никако ниту малку да знаеш каков би бил животот на тоа човечко суштество. Може ќе биде успешена, среќна и исполнета личност. Нема никаква гаранција дека мора да ги преживува нештата кои ги набројуваш.
Да де, пошто неговиот живот гарант ќе биде прекрасен, феноменален, опуштено убав, полн со предизвици коишто ќе имаат среќен крај без да се труди да го најде среќниот крај, ќе му тече само мед и млеко, ќе биде богат, со константна ерекеција без разлика колку пати по ред оргазмирал, ќе биде висок со сини очи и атлетско тело, со стомачни иако по цел ден јаде чипс и седи на компјутер... а да, и гарант ќе биде политички активен ама никој нема да го претепа до смрт пред ЕВН. Нормален тек на нештата во сечиј живот...
 
Поддршка за идните татковци! Не ми е јасно како може само мајката да биде прашана дали го сака бебето, а таткото кој го ебе. Мора заеднички да се донесе решение. Абортусот според мене не е опција.
Јас на нејзино место, би родила. Стравот од неможност да имам деца подоцна би ме извадил од памет.
Имам 26 години, многу сум повозрасна од неа, и јас се плашам ако останам бремена дали ќе бидам способна за да го чувам бебето. Меѓутоа, секоја жена го има тој страв. Подоцна излегува дека скоро сите се способни. Моите школски кои се омажија на 18 имаат сегаљ деца на училиште, среќни се, имаат работа, дел се запишаа на факс, не го завршија за 4, туку за 5 години. Имаат кариера, а единствената разлика меѓу нив и мене е тоа што имаат дете кои ги прави дополнително среќни. Ноките по кафичите, се идентични, со тоа што тие една година правеле пауза од кафичи, бидејќи имале подобра работа од пијанчење со незначајни луѓе.
Мајка ми на мои години имала 3 деца. И совршено семејство. Родила на 19, не продолжила со школување, оти не сакала. Не чувствувала потреба. Мислам дека треба повеќе кураж да и дадеш на девојката, да размисли уште еднаш.
 
Комплетно се согласувам (y)
 
Бадијала поарчени 17 страни, за некој кој и го нема веќе на темава и вие очи ќе си извадите за небитни прашања.
Воопшто не е битно од морален и хуман аспект дали е оправдан абортусот и дали остава или не остава последици по здравјето на девојката. За тие аспекти нема да зборувам. Тоа е друга тема.
Никој не се задржа на суштинското во темава. Бидејќи немаме доволно податоци, ќе се осврнам на три можни сценарија.

1. Бременоста е непланирана од двете страни
2. Шизиков (шизик како не, жими мајка) намерно го направил тоа, со намера да ја стави пред свршен чин без нејзина дозвола.
3. Парот е во веридба или во план за брак, за кое што разговарале.

Вака поставени можностите, ситуацијата е многу јасна.
Во случајот 1. Машкото има право да разговара, но одлуката е сепак нејзина и точка
Во случајот 2. Машкото нема што да разговара, и одлуката е Апсолутно нејзина. И не он да ја убива како што вели, туку нека се убие самиот. Најголем сељак е за мене.
Во случајот 3. Ако таа сепак се одучи на абортус, тука има простор за разговор, но ако се премислува во врска со тоа пак е нејзина одлука
 
Везилке, Везилке,
Ќе можеш ли те молам да ми објасниш како тоа тврдиш нешто што не го знаеш, за да можеш да тврдиш треба да знаеш,, а во случајов гледам драга моја дека немаш појма
Јас имав 20, а сопругот 24 , а тоа со ништо не не правеше недозреани родители, мојот син денес нема мизерен живот, и не е полн со фрустрации, ниту пак е затворен тип,
И јас ја имав истава ситуација и јас се најдов на крстопат дали образованието и мојата кариера и времето кога ке созреам да бидам мајка наспроти одгледувањето дете
Денес, јас имам своја кариера, сопругот има своја, и двајцата завршивме факултет, и двајцата водиме нормален социјален живот, а на моето дете не му недостига ништо.
Ако забремениш пред време, и тоа непланирано, тоа воопшто не значи дека тоа дете ќе води мизерен живот како што тука ми тврдиш, знаеш и самата дека има луѓе во брак, кои имаат 35+, со кариери, каде што работата им е поважна од своето дете, па нивните деца имаат мизерен живот, материјалната страна не значи и емоционална сигурност, кариерата, интелектуалноста не се никаква гаранција драга дека од таква средина нема да се роди некој деликвент.
Жените кои амбицијата ги води кон комплетна надмоќ, само јас имам право да одлучувам, сега не сум спремна да раѓам, а била спремна да прима туѓ пенис во себе, таа не ни треба да раѓа воопшто, затоа што нејзината амбиција секогаш ке биде пред нејзиното дете
Како тврдам? Така што сум доживеала да бидам плод од двајца недозреани родители и последиците јас да ги чувствувам. Ете така. Да, исклучоци постојат, но во повеќето случаи се такви деца, кои подоцна ги чувствуваат последиците.
Имаш две варијанти како што реков. Едната е да биде затворено, да не дружи со никој, да чувствува потешкотии при комуницирање несигурно во себе (како што сум јас), и другата варијанта е да стане деликвент .
Во твојата ситуација двајцата сте го сакале бебето, овде не е така.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom