Везилке, Везилке,
Ќе можеш ли те молам да ми објасниш како тоа тврдиш нешто што не го знаеш, за да можеш да тврдиш треба да знаеш,, а во случајов гледам драга моја дека немаш појма
Јас имав 20, а сопругот 24 , а тоа со ништо не не правеше недозреани родители, мојот син денес нема мизерен живот, и не е полн со фрустрации, ниту пак е затворен тип,
И јас ја имав истава ситуација и јас се најдов на крстопат дали образованието и мојата кариера и времето кога ке созреам да бидам мајка наспроти одгледувањето дете
Денес, јас имам своја кариера, сопругот има своја, и двајцата завршивме факултет, и двајцата водиме нормален социјален живот, а на моето дете не му недостига ништо.
Ако забремениш пред време, и тоа непланирано, тоа воопшто не значи дека тоа дете ќе води мизерен живот како што тука ми тврдиш, знаеш и самата дека има луѓе во брак, кои имаат 35+, со кариери, каде што работата им е поважна од своето дете, па нивните деца имаат мизерен живот, материјалната страна не значи и емоционална сигурност, кариерата, интелектуалноста не се никаква гаранција драга дека од таква средина нема да се роди некој деликвент.
Жените кои амбицијата ги води кон комплетна надмоќ, само јас имам право да одлучувам, сега не сум спремна да раѓам, а била спремна да прима туѓ пенис во себе, таа не ни треба да раѓа воопшто, затоа што нејзината амбиција секогаш ке биде пред нејзиното дете