Девизно или денарско орочено штедење?

  • Креатор на темата Креатор на темата ViM
  • Време на започнување Време на започнување
колку е годишна инфлација во мк?

Змејко не викам дека е океј да се штеди во депозити, туку во смисла дека океј ми изгледа менувачницата.

Интересно но, никој не спомна некоја алтернатива за инвестиции со минимален ризик како депозитите и би биле попродуктивни од тоа.
Граѓански записи мислам дека и тие не се интересни повеќе, ниту пак македонската берза ми изгледа некоја рентабилна одлука, посебно кога се знае дека дивидентите не им се баш најдобри за тоа што ќе го вложиш, а голем број од нив веќе и покажуваат неликвидност како Телеком на пример.

Баш ме интересира мислење каде би ја инвестирал заштедата македонски граѓанин, а за тоа не би требало да има некои посебни познавања од берзански активности, ниту пак би му требало да посвети неколку часови дневно во следење на информации или било што.
 
ma bed
tuka vika 7.75 za nad 600000 denari
http://www.moznosti.com.mk/content/dokumenti/Општи услови денарски депозити_орочени.pdf
--- надополнето: 22 август 2013 во 18:55 ---
investiranje vo makedonija? za sto? da razrabotis ideja i da dojde nekoj kjelav bez vrat i da ti kaze aj da staneme 'partneri'? ili use poloso da ti kaze decko fala za biznisot? ili da napravis biznis i da plakjas danoci za oni da se setaat niz italija za 1.5 milion evra?
naaaaah,ja ne gi beram parite na drvo,pa taka lesno da se otkazam od niv a.k.a. investiram tuka.
 
Змејко не викам дека е океј да се штеди во депозити, туку во смисла дека океј ми изгледа менувачницата.

Интересно но, никој не спомна некоја алтернатива за инвестиции со минимален ризик како депозитите и би биле попродуктивни од тоа.
Граѓански записи мислам дека и тие не се интересни повеќе, ниту пак македонската берза ми изгледа некоја рентабилна одлука, посебно кога се знае дека дивидентите не им се баш најдобри за тоа што ќе го вложиш, а голем број од нив веќе и покажуваат неликвидност како Телеком на пример.

Баш ме интересира мислење каде би ја инвестирал заштедата македонски граѓанин, а за тоа не би требало да има некои посебни познавања од берзански активности, ниту пак би му требало да посвети неколку часови дневно во следење на информации или било што.
Во Македонија, никаде. Ова со 7.5% не е лошо, ама не знам инфлацијата колку ќе ги изеде за 3 години. Плус ризик е да ги плеснеш сите пари на едно место (а тие викаат големи влогови), зошто осигурувањето е тапа, и утре ако се сјебе нешто ќе ти дадат тепих за отштета.

Ако не можеш да ги изнесеш парите надвор, можеби најдобра инвестиција е Косово, а ако не знаеш што, недвижнини е сигурна. Пола полуација им е под 24 години, ќе ги решат проблемите со Србија наскоро, и ќе скокне економијата нагло. Али се тоа ако имаш 10 години за чекање и ако ти се прави дил со браќата.
 
Комерцијална од 1 Август ги намали штедните влогови
Оваа година ова е 3 пат како ги намалуваат
 
Каде се моментално највисоки каматните стапки за орочено штедење на 1 година во евра?
 
Ова е ‘‘масло‘‘ на Владата. Ги намалуваат каматите на државните хартии и на благајничките записи, нормално и банките да ги намалат каматите на депозитите... се со цел да се извадат парите од Банките и се прелеат во јавниот сектор, да се отвараат фирми, мали бизниси да се намали невработеноста!...штедачите (или голем дел од нив) или значи да ги инвестираат парите во јавниот сектор или да ги инвестираат на берзата и со тоа да ја раздвижат. Нели познато е дека што од Афганистан што од Ирак, Италија (сезонците) или од нашата дијаспора се влеваат преку 1,5 млд Евра, кои воглавно (оние покрупните) завршуваат во купување недвижнина или како депозити (поситните за храна и преживување на некои роднини браќа сестри родители). Башка парите од домицилните штедачи....
Но не се свесни каква штета можат да направат!? Кога ќе се изедначат инфлацијата која сега се движи 2-3-4% и каматите на депозитите....таа стратегија може да се предизвика еден ‘‘домино ефект‘‘ па се да отиде у Хондурас! Зошто во тој случај некој би штедел? Тогаш луѓето демотивирани од ниските камати можат да почнат да ги повлекуваат парите од банките и да ги чуваат под перница, некои да купуваат недвижнини (што пак им оди во корист на арамиине од Владата, нели градежништвото носело најголем развој!?...) или да ги носат во соседна Бугарија каде има во странски банки (Американски јапонски) кои нудат подобри или исти камати на депозити Евра, отколку кај нас во Денари... па откако ќе се објави дека од банките се одлеале толку и толку стотици милиони, а тие и предходно загрозени од нефункционални (пласмани) кредити и од рецесијата (непобарување на кредити од стопанството кое е на колена) па се соочат со ликвидноста.... па останатите граѓани или најголемиот дел од нив (гледајки што се случува) навалат во стампедо да си ги подигаат парите од Банките (за да се спаси она што може да се спаси), при што она што се случи на Кипар или кај нас во 90-тите со ТАТ, Лавци, Алфа С.... ќе биде само ‘‘мачкина кашлица‘‘ бидејки може целиот систем да падне, па да се постават котли со грав - јавни кујни во секоја населба да би се прехраниле десетици, можеби стотина иљади граѓани кои ќе останат без приход, бидејки ако падне банкарскиот систем, најголемата парична олигархија во државава (само парите на штедачите изнесуват преку 3 милијарди) и главен финансиер на Владата (те јавната администрација и пензиите).... тогаш како ќе се поделат платите на 200,000 административци? Како ќе се поделат пензии на толку и толку пензионери?.... Па само на некој неупатен и наивен може да не му е јасно дека оваа ‘‘крш‘‘ економија неможе да ја издржи оваа ламја од јавна администрација без да позајмува од банките... на лаик и непознавач или партиски затуцан може да му биде нејасно како тоа стопанството (еден ипол работник на еден пензионер) може да го финансира пензискиот систем!? Но повторно се тука највеќе на помош банките, со позајмување на Владата да ги покрие тие обврски... да исто така и енормното задолжување, но сега кога падна рејтингот на државава, ММФ и ЕУ институциите кога не даваат (или тешко и наменски даваат), можеме да земеме кредити за таа намена само од Кајмански острови и слични егзоти со камата која убива!
Затоа намалување на камати на записи (вклучително и каматите на депозити) кога ти се па скоро единствен извор да преживее може да биде сечење на гранката на која што седиш! Но за жал изгледа и единствена опција!?
 
Др Жмиго,држи се тоа ама најопасно е што државата се повеќе и повеќе лапа од штедните влогови.

Според последните податоци на Министерството за финансии, Владата на домашните кредитори по основ на државни хартии од вредност должи скоро 1 милијарада евра.
Иако државата ги намали каматите што ги нуди за хартиите од вредност, интересот за нивно купување не забави, што се толкува како последица на сеуште присутните ризици во економијата. Имено, банките, кои се и најголемите домашни кредитори, за да ги елиминираат ризиците, наместо за кредитирање, слободните пари и натаму ги пласираат “пасивно“, во трезорот на Владата, за што им се исплаќа камата.
http://faktor.mk/archives/80046
Ризиците се одредуваат од страна на НРБМ и се изразуваат преку пондери,во проценти.За хипотекарен кредит пондерот на ризик е 50% а за кредитирање на државата 0%....
Тоа,грубо кажано,значи дека банката законски може сите прибрани депозити да ги пласира во државни обврзници,па сеа ти види...
 
Др Жмиго,држи се тоа ама најопасно е што државата се повеќе и повеќе лапа од штедните влогови.

http://faktor.mk/archives/80046
Ризиците се одредуваат од страна на НРБМ и се изразуваат преку пондери,во проценти.За хипотекарен кредит пондерот на ризик е 50% а за кредитирање на државата 0%....
Тоа,грубо кажано,значи дека банката законски може сите прибрани депозити да ги пласира во државни обврзници,па сеа ти види...

Но кој би бил мотивот да го сторат тоа банките? Па скоро сите банки се приватни, башка странски!... Дури и во Комерцијална има малцински дел странски капитал. Ако Владата не ги вратила предходно земените кредити од банкиве, или не ги исплаќа старите државни обврзници, зошто банките би купиле нови? Зошто свесно би го губеле обртниот капитал (штедните влогови) свесно би влегувале во губиток???
Надвор од темата можеби, ама еден податок кој ме изненади.... Тутунска бележи раст, а одамна ја отпишуваа! http://www.plusinfo.mk/vest/111865/Tutunska-banka-zabelezha-rast-na-dobivkata-
 
Ако дојде до тоа,недај боже,нормално дека нема да купуваат.Проблемот е што во таков случај веројатноста воопшто да немаат со што да купуваат е многу голема.
Тоа што банките се приватни и странски не игра некоја голема улога,не го губат они обртниот капитал,го пласираат,го вртат,е сега ако државата рикне,јбг друже Жмиго,не се они криви,ќе си ги бараш парите од државата :icon_lol:
 
Е да, тоа дека се приватни и странски, нормално нималку не значи ниту овде (ни во соседството, па и пошироко) дека се должни тие да обештетуваат во случај на банкрот или повлекување, тоа го прави фондот те државата, а уште помалку се должни тие (странските банки) на обештетување ако рикне државата!... Ако пропадне таа, тешко дека ќе има од кого да си ги бараме парите!...
Спомнав банките дека се странски, во контекст дека владава нема влијание во нивната политика на работење и пласирање на кредити, пари... ниту пак може некако да делува со ‘‘демократските методи‘‘ (како тоа го прави со нашите компании) во вид на постојани инспекции, глоби, превземања од некои багабонти и слични инквизиторски методи и притисоци на послушност и приморување во име на патриотизам за да ‘‘инвест ин Мацедонија‘‘ (те во администрацијата наша и пензискиот фонд)... Но сепак тие, со сиот ризик, на нестабилна економија, се решаваат да купуваат државни хартии од вредност.... до кога ќе видиме. Ама сега засега тоа го прават! Дали со депозитите на штедачите или со свои средства сепак купуваат. Кој е мотивот? Да и помогнат на Владата, за мир у куќа? Да пропаднат и заминат од тука? Зошто би доаѓале тогаш?
 
@Dr Zmigo,мотивот зависи од која позиција гледаш на таа работа.
Сопственик на банка и директор на банка која е акционерско друштво без доминантен сопственик, нема на ист начин да размислуваат.Исто така,ако веќе бараме мотив треба да расчистиме дека банките не работат со свој пари,не е таков концептот.
Во право си за "демократските методи" ама во случајот со банките нема потреба од тоа,регулативата е таква што поттикнува вложување во државни хартии од вредност.Пишав погоре за пондерите на ризик,тоа е доволно добар мотив сам по себе ама има и уште една работа,уште поважна, а тоа е што вложувањето во државни обврзници ја исклучува одговорноста.

Еве еден убав текст од директорот на Бундесбанката на оваа тема:
http://www.ft.com/cms/s/0/81a505a4-278c-11e3-8feb-00144feab7de.html#axzz2jDqUlXVd
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom