Резервациите се само пресметковна категорија со која банката однапред книжи загуби за кои постои можност во иднина да се случат. Само по себе не значи дека тоа по дефиниција се лоши заеми, туку резервациите се издвојуваат дека се задолжителни со закон и со регулативата на НБРМ (освен за т.н. безризични ХВ).
Кога банката даде 1 милион евра на некоја компанија која според ризичноста е сместена во група која бара 20% резервации веднаш книжи 200к загуби иако всушност не изгубила ни евро. Дури и кога компанијата корисник на заемот пропадне банката враќа дел од стечајната маса, па и оттука загубата не е еднаква на дадениот кредит.
Понекогаш банките намерно ги пумпаат резервациите со цел да го одложат оданочувањето на добивката ако сметаат дека во иднина ќе имаат финансиски бенефит.
Оттука гледањето на синтетизирани показатели како добивка или загуба без нешто што се нарекува анализа на финансиски извештаи и што е побитно преземање на акции и донеување одлуки врз таа основа според мене е нон сенс.
п.с. Комерцијална веќе повеќе години наназад пријавува квартални загуби, па одеднаш добивка од неколку милиони. Сето тоа е интерна политика.[DOUBLEPOST=1407889997][/DOUBLEPOST]
Кој резултат ќе го има монетизацијата кога долгот во најголем дел (над 90%) е во евра или со девизна клаузула?
Никој!!!