Детско катче

  • Креатор на темата Креатор на темата gooner4life
  • Време на започнување Време на започнување
Ххх..Добра тема,патем како беше онаа песната:Поздрав ти праќа белчо црниот од забавиште најнемирниот....:vozbud:
 
Најбољи песни од детството: Кој си носи чадорче,Јас не сум голем фраер,Никола никола,Онаа од наше малоо има и други ако се сетам ќе дополнам.
 
Ми се погоди темава, пред пола саат глеав Дајте музика, пак го даваат на МТВ 1 пред да почне Ѕвон. Исто пак даваат и Здраво генијалци.
 
А што бидна со малата Сарче :toe: навистина би сакал да знам нешто за тоа девојче баш ми беше онака мило :)
 
Дајте ја пеСната

Кој си носи чадорче...

:helou:

Иначе, можеби го фатив последниот воз додека МТВ правеше нешто кога бев помал.
Знам дека доста ми беа интересни „Големи и мали“ и „Опстанок“, како и најверојатно најдобрата детска серија кај нас „Наше маало“.
„Умни глави“ ми беше ОК, „Бушава азбука“ исто така, а ако не приметувате, во последно време МТВ репризира се живо и диво од нивната архива (уште тоа нека го дадат и можат да испуштат душа :icon_roll), еве баш пред некој ден „Дајте музика“ гледав.

Знам како мал многу се плашев од одјавната шпица на „Здраво генијалци“, не знам што точно, ама имаше нешто што ги голташе буквите кај што ги пишуваше реализаторите. :ija:
 
Бог да те благослови дете
 
Што ви требаше темава, ми се плаче сега :)
Обожавав кога на ТВ ќе ги пуштеа Наше маало, Бушава азбука, Умни глави, Дајте музика, Здраво генијалци...
Посебно Наше маало ми беше најомилена од сите.Може од негде да се симнат некои епизоди?

Пошо мене истото ми е причина , многу ми фалат овие емисии а највеќе се нервирам што пред некој ден другар гледал Дајте Музика а неможам никаде на нет да најдам јас :tapp:
Иначе епизоди можеш слободно од Јутуб да симнуваш преку Јутубдаунлоадерот ... ќе си го снимиш програмот и ќе си симнуваш има доста Бушава Азбука , Наше Маало и тн епизоди :smir:

Еве на пример една комплетна епизода од светот на бајките :helou:
 
ехе одвај го чекав да почне дајте музика, исто и бушава азбука, со бушавата азбуката ги научив и некои букви :pipi: умни глави го обожавав бидејќи детето се викаше како мене Дарко сигурно се сеќавате. од песните најмногу ја паметам тоше тоше празна главо :pos2:ја имам на касета и најинтересна ми беше :pos2:

го заборавив бе и здраво генијалци:pipi:
 
Ај ако може некој да ја стави песната огледалце , огледалце и фламенго (со спотовите )
 
Песнава е перверзии тешки
 
Ај ако може некој да ја стави песната огледалце , огледалце и фламенго (со спотовите )

еве ова за Огледалце најдов :smir:

Дали се сеќавате на оваа серија? толку беше ретардирана а од која година е несакам ни да знам ... у црно бело ... се матно :pos2:
 
Може песната

Капка по капка црвена крв
Крводарител да бидам прв
Тоа е гордот тоа е чест
Хуман човечки гест

Од тие капки се жари жар
Тие на светот се наскап дар
.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom