Детско катче

  • Креатор на темата Креатор на темата gooner4life
  • Време на започнување Време на започнување

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Ми дојде идеава слушајки една песничка која ја слушав како мал и беше од една многу тогаш позната и интересна емисија.
Така да сакав да чујам , секоја песна ... серија.... шоу ... па дири и цетан нека биде ама тоа да е нешто што ви оставило најголем и најдобар впечаток и ве тера да се вратите назад во времето кога и да било тоа...да го постирате тука.
Може на пример :
Дајте музика и од тоа некоја епизода , и еве песната сега јас ќе ја ставам а вие можете да продолжите со темава
ПС: Мислам дека е во точна тема...:toe: се мислев тука или општи муабети... ама во Чек Дис Аут зашто многу сакам да видам како реагирате на ваквите ствари...дали сеуште живее детето во вас :smir:
 
И јас гледав сабајлето “Дајте музика“, една од најлегендарните серии од продукцијата на МТВ за деца. Тоа беше серија која кога бев мал, немаше дете што немаше гледано барем една епизода од “Дајте музика“. Едноставно, голем број на деца растеа со таа серија..
Инаку имам снимено неколку епизоди од таа серија на видео касета, но сега ме мрзи да одам во подрум и да ги барам.

Го памтам малце и рефренот, мислам вака беше некако...

Дајте музика, дајте музика
овде не сме на час.
Може да вреска кој колку сака
колку го држи глас.:helou:
 
Го памтам малце и рефренот, мислам вака беше некако...

Дајте музика, дајте музика
овде не сме на час.
Може да вреска кој колку сака
колку го држи глас.:helou:
[/quote]

Така беше на времето:pos2:, а сега го усовршивме:

Дајте алкохол, дајте алкохол
старите не се со нас.
Може да пие кој колку сака,
колку го држи газ.

Ова е смислено во пијана состојба:pipi:
 
монга свака част за преработкава.... а ја у исто така неарно стање... на 1557564 небо

иде возот од коњари
па удари баба меца хахахахах
 
Уште си мислам дека сум дете..
... па кога ќе ми текне на Дувна Ветре Развигорче или Никола Никола...
серија? Умни Глави и таа од една лектира шо беше ја заборајв во моментот не ми текнува како беше насловот со Улица нешо беше знам
шоу? Здраво Генијалци..

ех све би дала да ги има пак на ТВ, не ми е филинг на интернет да ги гледам...
 
Го памтам малце и рефренот, мислам вака беше некако...

Дајте музика, дајте музика
овде не сме на час.
Може да вреска кој колку сака
колку го држи глас.:helou:


Така беше на времето:pos2:, а сега го усовршивме:

Дајте алкохол, дајте алкохол
старите не се со нас.
Може да пие кој колку сака,
колку го држи газ.


Ова е смислено во пијана состојба:pipi:
[/QUOTE]


закон :pos2:
 
Умни Глави и таа од една лектира шо беше ја заборајв во моментот не ми текнува како беше насловот со Улица нешо беше знам

„Големи и мали“ - Бошко Смаќоски, мислам дека на неа мислиш, глумеше Жаре како Диме такси.

Мене омилени ми беа Бушава азбука, Ѕвон (уште додека беше асална кога бевме мали, а не со овие лигавите водителки што ги има сега), Дајте музика, имаше исто така и една серија со Мето Јовановски, ако не се лажам „Осамениот“ се викаше, многу ја гледав таа и плачев на крај кога се вратија децата дома, а на едно од нив баба му веќе беше почината.

Детството ми беше прекрасно и кога ќе се сетам на таквите моменти посебно на сериите што веќе никогаш нема да се повторат со новите генерации се навраќам назад и сум задоволна од тие спомени.
 
Хахха, дајте музика владе!!! ГИ ИАМ НА КАСЕТА :icon_cool
 
ехе одвај го чекав да почне дајте музика, исто и бушава азбука, со бушавата азбуката ги научив и некои букви :pipi: умни глави го обожавав бидејќи детето се викаше како мене Дарко сигурно се сеќавате. од песните најмногу ја паметам тоше тоше празна главо :pos2:ја имам на касета и најинтересна ми беше :pos2:
 
Хахаа, и јас сабајлево гледав Дајте музика :) И умни глави го гледав, и бушава азбука .. и онаа .. со тркалото емисија .. волшебно тркало??
Колку послободни деца, весели, среќни :)

еве неколку песни ..













:helou:

 
Тогаш се пееше во живо и песните беа погодени баш како за деца, а не сега текстовите им се за нешта што дури и не знаат што значат.

Исто ми текна сега и на онаа „Наше маало“ што беше креирана со цел да не се делат децата од различни етнички заедници. Сите се дружеа и не се правеа никакви поделби.

 
Што ви требаше темава, ми се плаче сега :)
Обожавав кога на ТВ ќе ги пуштеа Наше маало, Бушава азбука, Умни глави, Дајте музика, Здраво генијалци...
Посебно Наше маало ми беше најомилена од сите.Може од негде да се симнат некои епизоди?
 
Дајте ја пеСната

Кој си носи чадорче...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom