DETONIC

TE-EN

кибицер
Член од
18 септември 2009
Мислења
45
Поени од реакции
3
дали некој има користено Detonic за хипертензија,читам низ цел балкан добро е изрекламиран,добар и организиран маркетинг имаат,што ми влева впечаток на недоверба.Дали некој може да се пофали или пожали од овој природен лек????
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.960
Поени од реакции
2.670
Мене таквиот маркетинг воопшто не ми влева доверба. Револуционерен лек, купи го на попуст, најдоцна до утре. Го препорачува доктор кој не можеш на интернет да го најдеш и, нормално, има наши презадоволни оздравени граѓани
 
Член од
28 август 2009
Мислења
832
Поени од реакции
958
Јас ги продавам овие производи (т.е ги работам како affiliate), во предходна тема имав и пишано (не зa Detonic но за други производи од тој бизнис во друга категорија).

Работам со некој 6/7 производи, и искрено, ниту еден не сум пробал (ни ми требало а и не сум имал интерес). Маркетингот е таков каков што е, таква политика имаат, Руси се газди и они си ги смислуваат кампањите. Сите производи се лиценцирани и документирани од јавно здравје (пројдени се на листа за продажба - тестирани).

На прашањето дали помагаат и дали функционираат, можам да кажам да, бидејќи луѓе стварно ги купуваат. Не дека сакам да те набедам туку стварно е така. Според мене, сите овие производи ако не се добри, ако не фукнционираат, нема да се купуваат, што значи дека имаат некој ефект. Не се револуционерни и дека преку ноќ ќе направат промени, али сепак имаат нешто што помага. Тоа е мој заклучок. Ако си заинтересиран, можам да те поврзам да нарачаш од тука директ па види си сам дали ќе ти помогне.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.648
Поени од реакции
16.816
Дозите на екстракти на 5 грама прав/доза, се премали за да има значен ефект. Waste of time and money
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
927
Поени од реакции
1.104
Абе никој да не си прави бајрам со умот, ако стварно имаш хипертензија се оди на доктор и се знае што се превзема. Кој тоник, кој прашоци, кој глупости...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
17.648
Поени од реакции
16.816
Абе никој да не си прави бајрам со умот, ако стварно имаш хипертензија се оди на доктор и се знае што се превзема. Кој тоник, кој прашоци, кој глупости...
Или ја менуваш диетата.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
7.273
Поени од реакции
11.370
...Јас ги продавам овие производи од тој бизнис ... Руси се газди и они си ги смислуваат кампањите. ...Сите производи се лиценцирани и документирани од јавно здравје (пројдени се на листа за продажба - тестирани).можам да кажам да, бидејќи луѓе стварно ги купуваат. Не дека сакам да те набедам туку стварно е така. Според мене, сите овие производи ако не се добри, ако не фукнционираат, нема да се купуваат, што значи дека имаат некој ефект. Не се револуционерни и дека преку ноќ ќе направат промени, али сепак имаат нешто што помага. Тоа е мој заклучок. Ако си заинтересиран, можам да те поврзам да нарачаш од тука директ па види си сам дали ќе ти помогне.
... секогаш укажувам дека најопасни се токму овие производи од „тој бизнис“ што како сите додатоци на исхрана, суплименти нема ниту клинички потврдени тестирања, се третирани како додаток на исхрана, а можат да бидат многу опасни по здравје, зашто несакани дејства се покажува после самата примена и тоа ќе биде „искуството“ на користење на истите или ќе се продолжи со продажба или ќе се тргне од пазарот ако се покаже како штетен,
...овие додатоци на исхрана, по долга примена можат да дадат ефект или несакано дејство како лековите, а не се, ниту поминуваат таква контрола како лековите, туку едноставно преку Агенција за храна и ветеринарство се добива дозвола, решение или регистрација како сакате наречете го, за такви препарати, а Институт за Јавно здравје само лабораториски испитува дали воопшто „нешто има внатре“ според напишаната декларација и толку, делувањето никој не го знае, додека не се проба,
... овие препарати нема период на клиничко испитување зашто не се во групата со лекови, а тоа што се продава, не само „Руси се газди“ нема врска тоа во цел свет така функционираат додатоците за исхрана, суплиментите, па и кај нас, а делувањето може да биде постапно, а може да биде и „гола вода“, а ефектот всушност да биде само како плацебо ефект, „му делува на тој, мора и мене..и гледај навистина ми делува“, а нема врска и многу е опасно кога луѓе заведени од „природниот третман“ ја занемаруваат редовната терапија посебно ете за висок крвен притисок што може да ескалира со животно загрозувачки последици,

...лично сум за примена на додатоци за храна и суплименти, но само кај тие што има потреба како блага дополна, но никако како замена на редовната терапија, а и неферскиот однос на фирмите и дистрибутерите уште повеќе допринесува за неверување во такви производи, ако делува и веруваат во твојот суплимент треба да бидат поштени и да се рекламирај како треба, професионално, а не со лажење, не е толку за парите што се даваат колку за можноста да направат проблем и во онака нарушено здравје,
дали некој има користено Detonic за хипертензија,читам низ цел балкан добро е изрекламиран,добар и организиран маркетинг имаат,што ми влева впечаток на недоверба.Дали некој може да се пофали или пожали од овој природен лек????
... и да се надоврзам на погорниот мој коментар, сликовито за дел што кажувам за непрофесионално комерцијализирање на вакви додатоци за храна, суплименти еве пример:

ice_screenshot_20200929-213739.png
... еве реклама за Детоник за цистит што се врти , дали е ист препарат за многу болести не проверив, фотографијата горе десно би требало да е на некој доктор или барем некој што го препорачува овој препарат „ Николас Вебер“ , арно ама

ice_screenshot_20200929-214134.png

тој не е „Николас Вебер“, туку Дејвид Рајт :toe:

ice_screenshot_20200929-214446.png

...зедов по слободен избор коментар на страницава за препаратот од некоја си „Елена“ која го фали препаратот, арно ама

ice_screenshot_20200929-214506.png

„Елена“ не е Елена, туку си е Марина Аверина, која си седи во вода, ама не значи дека има цистит,

..и пак ќе кажам, воопшто не професионално вакво лажење за производи кои би требало да ни делува за подобрување на здравјето, човек и да сака да проба ваква антиреклама нема да му дозволи, нормално ако малку се заинтересира што пие, како пие од каде иде,
...а не само како робот, „фрли во уста“ затоа што некому му делувало?
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2009
Мислења
832
Поени од реакции
958
Глеј, не ги бранам и немој така да ме разбереш. Можеби си стручно лице незнам, па даде некоја твоја анализа, али производиве (дали овие дали други небитно) се продаваат уназад 15 години во Македонија. И не само Македонија, туку цела Европа, во држави и како Германија, Австрија, Франција, Италија, Швајцарија...

Пројдени се сите „испитувања“ што треба да бидат, за да бидат пласирани на такви пазари. Во наводници зошто немаат сериозни додатоци кои би требало да бидат на незнам каква маса за испитување.

Ако сме реални, неможе ништо штетно или контра ефект да има, верувај ми. Да е тој јак препарат и да лечи све и свашта (како што е пишано) друга песна ќе беше. Лабави производи, со некој лесни додатоци кои со сигурност немаат ништо сериозно.

Единствено за што се криви е за тоа како ги рекламираат производите. Претеруваат, али тоа носи продажба, едноставно е.

Еве, види кај све се продава. Ако според тебе не прошол никакви истражувања, нема теорија да се продава во држави како што се овие подолу.

Screenshot_2.jpg
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
1.871
„Елена“ не е Елена, туку си е Марина Аверина, која си седи во вода, ама не значи дека има цистит,
Хахах ја "стрефила" непријатна болест :pos: Абе права комедија ми се и рекламите и коментарите, во оваа тема малку продискутиравме за начинот на кој ги продаваат производиве.
Ама тоа им е маркетингот што највеќе пали.
 
На врв Bottom