...Јас ги продавам овие производи од тој бизнис ... Руси се газди и они си ги смислуваат кампањите. ...Сите производи се лиценцирани и документирани од јавно здравје (пројдени се на листа за продажба - тестирани).можам да кажам да, бидејќи луѓе стварно ги купуваат. Не дека сакам да те набедам туку стварно е така. Според мене, сите овие производи ако не се добри, ако не фукнционираат, нема да се купуваат, што значи дека имаат некој ефект. Не се револуционерни и дека преку ноќ ќе направат промени, али сепак имаат нешто што помага. Тоа е мој заклучок. Ако си заинтересиран, можам да те поврзам да нарачаш од тука директ па види си сам дали ќе ти помогне.
... секогаш укажувам дека најопасни се токму овие производи од „тој бизнис“ што како сите додатоци на исхрана, суплименти нема ниту клинички потврдени тестирања, се третирани како додаток на исхрана, а можат да бидат многу опасни по здравје, зашто несакани дејства се покажува после самата примена и тоа ќе биде „искуството“ на користење на истите или ќе се продолжи со продажба или ќе се тргне од пазарот ако се покаже како штетен,
...овие додатоци на исхрана, по долга примена можат да дадат ефект или несакано дејство како лековите, а не се, ниту поминуваат таква контрола како лековите, туку едноставно преку Агенција за храна и ветеринарство се добива дозвола, решение или регистрација како сакате наречете го, за такви препарати, а Институт за Јавно здравје само лабораториски испитува дали воопшто „нешто има внатре“ според напишаната декларација и толку, делувањето никој не го знае, додека не се проба,
... овие препарати нема период на клиничко испитување зашто не се во групата со лекови, а тоа што се продава, не само „Руси се газди“ нема врска тоа во цел свет така функционираат додатоците за исхрана, суплиментите, па и кај нас, а делувањето може да биде постапно, а може да биде и „гола вода“, а ефектот всушност да биде само како плацебо ефект, „му делува на тој, мора и мене..и гледај навистина ми делува“, а нема врска и многу е опасно кога луѓе заведени од „природниот третман“ ја занемаруваат редовната терапија посебно ете за висок крвен притисок што може да ескалира со животно загрозувачки последици,
...лично сум за примена на додатоци за храна и суплименти, но само кај тие што има потреба како блага дополна, но никако како замена на редовната терапија, а и неферскиот однос на фирмите и дистрибутерите уште повеќе допринесува за неверување во такви производи, ако делува и веруваат во твојот суплимент треба да бидат поштени и да се рекламирај како треба, професионално, а не со лажење, не е толку за парите што се даваат колку за можноста да направат проблем и во онака нарушено здравје,
дали некој има користено Detonic за хипертензија,читам низ цел балкан добро е изрекламиран,добар и организиран маркетинг имаат,што ми влева впечаток на недоверба.Дали некој може да се пофали или пожали од овој природен лек????
... и да се надоврзам на погорниот мој коментар, сликовито за дел што кажувам за непрофесионално комерцијализирање на вакви додатоци за храна, суплименти еве пример:
... еве реклама за Детоник за цистит што се врти , дали е ист препарат за многу болести не проверив, фотографијата горе десно би требало да е на некој доктор или барем некој што го препорачува овој препарат „ Николас Вебер“ , арно ама
тој не е „Николас Вебер“, туку Дејвид Рајт
...зедов по слободен избор коментар на страницава за препаратот од некоја си „Елена“ која го фали препаратот, арно ама
„Елена“ не е Елена, туку си е Марина Аверина, која си седи во вода, ама не значи дека има цистит,
Проголосуј за мисс Тверь Марина Аверина из города Тверь.
misvk.com
..и пак ќе кажам, воопшто не професионално вакво лажење за производи кои би требало да ни делува за подобрување на здравјето, човек и да сака да проба ваква антиреклама нема да му дозволи, нормално ако малку се заинтересира што пие, како пие од каде иде,
...а не само како робот, „фрли во уста“ затоа што некому му делувало?