Derby Della Madoninna / Милан - Интер / 07. 10. ’12 / 20:45h

Кој ќе победи на првото Миланско дерби сезонава (нерешено неаме као опција)?

  • Милан

    Гласови: 54 41,5%
  • Интер

    Гласови: 76 58,5%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
Ајде коа ме спомнаа, ред е да ја отворам темава, иако мислам дека ќе бидам превише пристрасен во најавата затоа што стварно мислам дека овие 5 дена и 2 утакмици во нив ќе бидат пресвртница на сезоната за Милан. :) Ги гледам најавите за другите дерби утакмици, превише се замараат со статистика..

Кога се работи за вакви натпревари секаква статистика паѓа во вода и никому не значи ништо. Кога се игра Милан-Интер не е битно во каква форма биле тимовите на изминатите 5 или 6 натпревари затоа што дербито ги рестартира сите. Тука не решаваат бројот на постигнати и примени голови. За дербито никаков показател не се натпреварите на Милан со Сампдорија и на Интер со Сиена. Не одлучува ниту моменталната форма во која се наоѓаат двата тима. Тука одлучувачка е желбата за победа, моменталниот импулс, стимулот, навивачите и менталната спремност на тимовите. Тоа што новодојдените играчи и во Милан и во Интер со нетрпение очекуваат да заиграат на Сан Сиро против градскиот ривал, доволно кажува за магијата која ја носи овој двобој.





Од резултатски аспект, првово дерби оваа сезона носи многу малку затоа што се уште е почеток на сезоната, но од психолошка гледна точка може да значи неизмерно многу. Милан може конечно да излезе од кризата и да ја крене својата самодоверба, да си покаже и себеси и на навивачите дека може многу повеќе од тоа што досега го покажа. Интер може да продолжи со солидните резултати и сериозно да се закани и покаже како еден од кандидатите за освојување на Скудетото. Двата тима можат да покажат дека и покрај тоа што немаат шеици за сопственик, знаат да се справуваат со новонастанатата ситуација, дека се способни да ја задржат својата класа и да покажат дека се доволно храбри да се потпрат на своите подмладени, нови тимови.

Оваа сезона почна со многу негативна енергија околу Милано, а сега е ред на Милан и на Интер да излезат и покажат дека сеуште се тука, во врвот на светскиот фудбал (добро сеа, Милан во врвот, Интер нешто подолу :D) и дека умеат да го свртат вниманието на фудбалската јавност кон Милано и да го оправдаат реномето на Derby della Madoninna со солидни изданија во недела.

Штета што ќе го нема големиот Сулеј Мунтари со неговите одмазднички обиди. Сепак желба за одмазда нема да недостига имајќи ја предвид ситуацијата со Касано и Пацини.

Двата тима се појавуваат на Сан Сиро после тешко остварените први победи на свој терен оваа сезона. Дербито ќе биде и стимул за докажување пред своите навивачи и оддолжување за тоа што сезонава малку беа измачувани. :)Милан доаѓа после подобрување на својата игра против Парма и победата во Санкт Петерсбург против Зенит. Интер после победата против Фиорентина и речиси тренинг натпреварот против Нефтчи во Азербејџан каде Страмачиони одмараше играчи за дербито за кое изјави дека во него Милан е фаворит. Дали таа изјава значи признавање слабост или само префрање на притисок со фаворитска улога, останува да видиме. :)
Ќе биде тоа интересен натпревар.. Фразата “нека победи подобриот“ е превише отрцана и нема да ја искористам, никогаш ништо не значела.
П.С. Не знам што се деси со фонтовите и зошто е вака шарен текстот, ама ако смета, некој од админите нека го среди тоа.​
П.П.С Се молат тие така посериозните членови да не бидат Бодлиња и да ми обајснуваат истории и приказни околу поединости во текстот, затоа што ова е само обична најава и затоа што поширокоумните членови ќе сфатат дека на некои места ги имам намерно вметнато истите тие поединости. :)
За да биде нели, чиста околината во Штип.​
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Поправи ме ако грешам, ама годинава ова стварно ко дерби ќе се смета?

т.е ајде, градска атракција е :D
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.032
Според мене Интер е благ фаворит пошто Милан сезонава не можи да сврзи две добри утакмици,плус колку шо е добар нападот на Интер (ко ќе им е денот) толку е слаба одбраната на Милан. Ама од друга страна па ако изгуби Милан можат уште од сега да се простат од излез во Европа па ваљда дополнително ќе вложат труд да извадат добар резултат,а и пред своја публика играат и тоа знај да биди фактор во вакви дерби утакмици
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Од двете трагедии јас одам на златна средина....нерешено!
 

Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
Јас милам нема теоретски шанси да заврши нерешено морада има победник ако треба и милан ке тепа само победник да има нерешено нема тероија која би навела на нерешено
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.673
Поени од реакции
2.725
Претпоставуав дека ќе се појават ова слободните стрелци кои придонесуваат за развој на хуморизмот и шегаџиството во Репблика Македонија. :icon_lol: Ама ако, без такви све би било црно око нас, не? :)

Нерешено нормално дека може да заврши, ама го неам стаено како опција затоа што гласањето за нерешено е пацерска работа и уопште не е интересно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Па ова веќе неможе да се нарече дерби. Според мене Интер би победил. Милан некако не се во форма оваа година.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
2.638
Поени од реакции
1.233
Од двете трагедии јас одам на златна средина....нерешено!
Ќе си ја глеаш ти твоојата трагедија во недела во 7 и 50 не се секирај за италијанците .

Нормално че ги потепаме . Мерак ќе ми се напраи Фантантонио да даде голче а Пацо кој го ебе . Среќмо на двете екипи и нека победи Интер (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom