Посебно многу ја сакам песнава како комплет затоа што, како и впрочем многу други турбофолк песни, е класичен метал. Од спотот, ноќта, полната месечина, даркерскиот Мортиша Адамс вајб на девојката, Јашар во долг црн капут и бледо мртвечко лице како да е дел од парискиот театар на вампири од Интервју со Вампирот, па каминот со оган, часовникот, книгите, свеќите, црното вино се до насловот на песната и текстот се е мистериозно, окултистичко и готичарско. Преведи ја на англиски и стави го Питер Стил во дует со Јашар и ги имаш Type O Negative.
Едно 300 класи над Долго Чекав од Брејк каде што сакале да го постигнат истиот ефект.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.